Што е графички дизајн?

Sto e Graficki dizajn? Што е Графички Дизајн?
Што значи графички дизајн?

Повеќето од луѓето мислат дека знаат што преставува графичкиот дизајн. Билборди, логоа, списанија, видео игри, векторска графика итн… Но што преставува навистина? Тоа е професија, да, но ако копате малку подлабоко тогаш ќе сватите дека е навистина уметност – израз на естетика – за многумина. За оние кои преферираат да ја знаат точната дефиниција за графичкиот дизајн:

Дефиниција за графички дизајн

Графичкиот дизајн е уметност или професија на визуелна комуникација која ги комбинира сликите, зборовите и идеите за пренесување на информации до публиката, особено за да произведе одреден посакуван ефект. Со други зборови, графичкиот дизајн е комуникациски дизајн; Тоа е начин на пренесување идеи преку визуелизација и дизајн.

Но верувајте ни, графичкиот дизајн не е црно-бел концепт. За целосно разбирање на концептот на графички дизајн, важно е да имате солидно разбирање на елементите и принципите кои го сочинуваат дизајнот.

Елементи на графички дизајн

Дизајнерските елементи се основните единици на секој визуелен дизајн кои ја формираат структурата на дизајнот и ги пренесуваат своите визуелни пораки. Елементите на графичкиот дизајн се:

Линија – Најосновниот елемент на дизајнот. Линиите можат да бидат искривени, прави, дебели, тенки, дводимензионални, тридимензионални. – без оглед на тоа! Линијата е  елемент на дизајнот кој е дефиниран како точка што се движи низ просторот.

Форма – Обликот е дводимензионално дефинирана област создадена од линии. Различни видови на форми вклучуваат геометриски, апстрактни и органски форми и сите се основни елементи на дизајнот.

Боја – Бојата е еден елемент кој е особено важен за привлекување на внимание, бидејќи постои психологија која вели дека сите бои будат различни чувства и емоции. Постојат три главни карактеристики на бојата: нијанса (семејство на бојата), вредност (колку е светла или пак темна бојата), и сатурација (чистината на бојата).

Типографија – Типографијата е уметност на уредување на деловите кои што содржат текст. Ова е навистина важно бидејќи може многу да влијае на пораката на дизајнот. Различни фонтови, во комбинација со разновидна големина, бои и растојание, можат да додадат енергија на концептот преку која дизајнерот ќе успее да искомуницира.

Текстура Текстурата во дизајнот се однесува на тоа работите да изгледаат како да можете да ги почуствувате кога би ги допреле на екранот.  На пример, текстурата може да биде груба, мазна, сјајна, мека, тврда, итн. Текстурата е уште еден елемент кој се користи за привлекување на внимание. Може да се додаде на други елементи како што се облици, бои, слики, итн.

Големина – Големината во дизајнот е едноставна. Големината во принцип се користи како показател на важност, а исто така може да се создаде визуелен интерес преку користење на спротивни големини.

Простор Просторот се однесува на областите на дизајнот кои се оставени празни. Овие области вклучуваат било какво растојание помеѓу, околу, под, или над другите елементи на дизајнот. Дизајнерите намерно оставаат  простори во дизајнот за да нагласат одреден сегмент.

Принципи на графичкиот дизајн

Принципите на графичкиот дизајн сугерираат како дизајнерот треба најдобро да ги организира различните визуелни сегменти на дизајнот за да се осигура дека сите елементи се поврзани еден со друг. Принципите на дизајнот се составени од повеќе сегменти:

Баланс Постигнување на визуелен баланс во графичкиот дизајн се постигнува со употреба на симетрија и асиметрија. Ова се постигнува со балансирање на дизајнот преку форми, линии и други елементи кои се распределуваат рамномерно. Па дури и ако двете страни на дизајнот не се исти, тие имаат слични елементи. Балансот е многу важен бидејќи обезбедува структурна стабилност на дизајнот.

Усогласување Усогласувањето се користи за поврзување на целокупниот дизајн. Сите аспекти на дизајнот треба да бидат усогласени со врвот, дното и центарот на дизајнот за да се создаде визуелна врска помеѓу елементите.

Близината Близината создава визуелна врска помеѓу елементите на дизајнот. Тоа го минимизира нередот, го прави дизајнот повеќе разбирлив и обезбедува фокусна точка за гледачите. Не мора да значи дека сличните елементи треба да се постават веднаш едни до други, но треба да бидат визуелно поврзани.

Повторување – Откако ќе изберете како ќе ги користите вашите елементи, повторете ги тие елементи и понатаму во проектот, за да воспоставите конзистентност во текот на целокупниот дизајн. Ова повторување ги поврзува индивидуалните елементи и го зајакнува дизајнот, притоа создава чувство на организирано движење.

Контраст Употребувањето на контраст се користи за да се нагласат одредени аспекти на дизајнот. Контрастот ви овозможува да ги нагласите разликите помеѓу елементите и да ги потенцирате клучните елементи во вашиот дизајн кои сакате да ги издвоите.

Графички дизајн алатки

Графичкиот дизајн постојано еволуира со масовната дигитализација во светот во кој што живееме. Само поради тоа што овие процеси се менуваа со текот на годините, не значи дека дизајнерите сè уште не се служат со традиционални начини за работа, како што се моливот и хартијата.

Повеќето графички дизајнери користат хибриден процес кој ги вклучува традиционалните и дигиталните технологии. Обично дизајнерите го започнуваат процесот на дизајнирање со скицирање на одредени концепти со молив и лист хартија, па потоа кога ќе дојдат до одреден степен, се префрлуваат на компјутер, таблет или лаптоп и го прецртуваат веќе изработениот дизајн на напредни софтвери (Фотошоп, Илустратор, Корел, Скеч, итн).

Многу дизајнери започнуваат со дизајнирање директно на компјутер со нивниот омилен софтвер кој го користат. Овие дигитални алатки го зајакнаа креативниот процес на дизајнерите со тоа што им овозможија да истражат нови идеи и начини и значително го намалија потребното време за создавање на еден одличен дизајн.

Видови на графички дизајн

Со текот на времето, графичкиот дизајн стана прилично повеќеслоен. Севкупниот концепт е составен од различни сегменти во зависност од областа во која се употребува. Еве некои од најчестите типови на графички дизајн:

Корпоративен дизајн – Kорпоративниот дизајн има директна врска со визуелниот идентитет на една компанија. Сите визуелни елементи кои го сочинуваат идентитетот на брендот, како што се логото, одредени бои и сегменти и тие можат да се поврзат со корпоративниот дизајн. Овој тип на графички дизајн се користи во маркетингот за да се пренесат информации за брендот преку слики, форми и бои.

Маркетинг и рекламен дизајн – Најверојатно еден од најпознатите видови на графички дизајн. Кога повеќето луѓе мислат на графички дизајн, тие најверојатно размислуваат за маркетинг дизајн. Графика за на социјални медиуми, е-списанија, рекламни банери, билборди, брошури, каталози,  е-меил маркетинг темплејти, графика за маркетинг содржина, итн. – Сите овие примери премногу се употребуваат во маркетингот секојдневно.

Дизајн на публикации – Дизајн на публикации традиционално се однесува на печатени медиуми, но како што напоменавме, со постојана дигитализација на нашата генерација полека медиумите се сведоа на дигитално издаваштво. Дизајнерите на ваквиот тип на медиуми треба да бидат во тесна соработка со уредниците и издавачите за да обезбедат распоред, типографија и илустрации. Притоа се треба да биде усогласено со идентитетот на медиумот, за како краен резултат да се постигне одличен впечаток кај читателите. Примери за ваков вид на графички дизајн: книги, весници, е-билтени, списанија, магазини, брошури, итн.

Дизајн на животната средина Овој тип на графички дизајн во најголем дел од случаевите се занемарува, барем во Македонија. Еко-графички дизајн е мудро употребување на визуелни елементи во околната средина за поврзување и подобрување на искуството на луѓето со тие места. Без разлика дали тоа ќе ги информира минувачите или пак ќе биде од естетски карактер. Архитектурата, патните знаци, графити (културни цртежи на одредени места, со претходна дозвола),  ѕидни мурали итн, се примери за дизајн на животната средина.

Дизајн на пакувањето – Кога ќе купите нов производ, најверојатно има некоја форма на пакување или визуелен елемент како етикета, налепница или пакување кое се користи за подготовка на производот за дистрибуција или продажба. Најбитно е дека овие дизајнери треба да ги знаат сите актуелните трендови на пазарот за да обезбедат креативен дизајн кој ќе ја зголеми продажбата.

Движечки дизајн Значењето на овој вид на дизајн можете да го разберете по неговото име. Ова вклучува анимации, видео игри, некои апликации, гифови, анимации на веб страници итн. Ова е сè уште релативно нова област во графичкиот дизајн, бидејќи новите технолошки достигнувања им овозможија на дизајнерите да истражат нови правци.

Веб дизајн – Не може да се каже дека Веб дизајнот е еден вид на графички дизајн, но затоа може да се каже дека графичкиот дизајн е еден елемент на веб-дизајнот, па затоа вреди да се напомене. Веб-дизајнерите мораат да размислат како да искомбинираат различни елементи на дизајнот – како распоред, слики, типографија, облици и секаков вид на графика – Доколку сакаат да создадат модерна и современа веб страница. Но веб дизајнот и графичкиот дизајн се две сосема различни области.

Доколку имате потреба од помош во било која од овие области, секогаш сме тука за вас. Можете да не контактирате тука.

Пред неколку години, кога ќе се споменеше дизајн веднаш се знаеше на што асоцира – графички дизајн. Но со огромниот технолошки прогрес и забрзаната дигитализација оваа идеја малку се промени. Се воведоа различни видови на дизајн кои можат да бидат збунувачки за оние кои се надвор од дизајнерската индустрија. Да зборуваме за два вида на дизајн за кој веројатно имате слушнато, но не знаете со сигурност што значат: UX и UI дизајн.

UX дизајн

Што точно означува UX? UX дизајн (User Experience)  познат како кориснички дизајн, се заснова на подобрувањето на корисничкото искуство со одредени производи, предмети, апликации или пак одредени веб страници. Овој специфичен вид на дизајн се фокусира на структурата и логиката на елементите со кои корисниците комуницираат. UX дизајнерите постојано работат на подобрување на употребливоста на одреден производ, пристапноста и интеракцијата на корисниците со производот, со цел максимизирање на задоволството на корисниците. Ова се прави со вршење на темелни анализи на употребливоста одкако производот ќе излезе во јавност.

 UI дизајн

Што точно означува UI? UI дизајн (User Interface) Дизајн на кориснички изглед, или кориснички интерфејс, се однесува на интерактивните елементи на дизајнот. Овој вид на дизајн бара одлично разбирање на потребите на корисниците, бидејќи се фокусира на предвидување на тоа што корисниците би требало да направат на одредена апликација или пак веб страница, за тие опции да бидат современо имплементирани. Овие елементи вклучуваат работи како менија кои се спуштаат, копчиња, известувања, модерни графички елементи, итн. Во основа UI дизајнот ја проширува дефиницијата на графичкиот дизајн. Дизајните кои имаат било каква интерактивност спаѓаат под UI дизајн, дури и ако се тука вклучени статични слики.

Сега кога ги разјаснивме различните видови на графички дизајн, да разјасниме уште едно навистина важно прашање:

Што е графички дизајнер?

Да поедноставиме, графичките дизајнери се визуелни комуникатори и решавачи на проблеми.

Оваа дефиниција можеме да кажеме дека важи за сите видови на графички дизајн, бидејќи како што напоменавме, постојат огромен број на правци во графичкиот дизајн. Преку оваа дефиниција можеме да разбереме дека графичките дизајнери всушност треба да ја разберат психологијата на нивните целни клиенти, а одкако ќе го направат тоа, тогаш треба да го приспособат нивниот дизајн кон таа целна група. Тогаш можеме да кажеме дека дизајнот ќе успее да го одвлече нивното внимание или пак да искомуницира со нив.

Но да ги поедноставиме работите, доколку изберете да работите како графички дизајнер, вашите работни позиции би биле:

  • Работа во одредени индустрии како консултантски дизајнер
  • Брендирање на компании и агенции
  • Работна позиција како графички дизајнер во било која компанија
  • Работење од дома (Фриленсер графички дизајнер)
Агенциски графички дизајнер

Многу компании ангажираат агенции за графички дизајн за да се справат со нивните потреби. Значи доколку работите како агенциски графички дизајнер, ќе добивате креативен извештај од компаниите за одредени проекти за многу различни брендови. Ваквиот тип на графички дизајнер се очекува да биде вистински експерт за дизајн и да знае да ги преземе сите потребни работи во свои раце. Значи навистина треба да имате искуство и талент за да можете успешно да водите ваков вид на проекти. Често пати, ваквиот вид на графички дизајнери се специјализирани само во одредени области во графичкиот дизајн.

Внатрешен графички дизајнер

Во оваа ситуација вие сте вработен како графички дизајнер во одредена компанија и ваша цел е промоција и брендирање на истата Дали тоа ќе бидат нејзини производи, услуги не е важно. Во оваа ситуација, може да се каже дека сте генералист. Работите буквално се што и е потребно на компанијата. Верувам дека ќе бидете способни да ги задоволите сите креативни работи кои и се потребни на компанијата.

Фриленсер (Слободен) Графички дизајнер

Работењето како слободен графички дизајнер е најверојатно најтешката опција од сите досега набројани. Не само што треба да се справи со сите барања на клиентите, туку исто така они се директно одговорни за пронаоѓањето на нови клиенти, постојано и постојано. Буквално за да успеете на овој начин потребно е да бидете – “One Man Army”. Потребно е да имате солидни познавања и во дигиталниот маркетинг за пронаоѓање на нови клиенти или пак да бидете човек со огромен број на контакти.

Имате потреба од Графички дизајн?

Изработуваме буквално се во областа на графичкиот дизајн. Доколку ви е потребен било каков дигитален дизајн, скица, мокап или пак дизајн за печатење, секогаш сме тука за вас. Погледнете што се изработуваме: Графички дизајн.

Scroll to Top