Графички дизајн – 15 најдобри алатки

Еволуцијата на технологијата го допре речиси секој аспект од животот на луѓето. Тоа го смени начинот на кој работиме на буквално секоја задача што ја имаме. И Графичкиот дизајн не е исклучок. Делата на уметниците кои се направени со перо, молив, мастило, четки и бои сега може идентично да се реплицираат со помош на овие 15 алатки кои ќе ги наброиме во продолжение.

Во прашање се навистина моќни алатки кои во основа се користат за креирање, уредување и управување со компјутерската графика.

Многу од овие алатки можат да се употребат во графичкиот дизајн, некои од нив можат да се користат во индустрискиот дизајн како софтвери за 3D моделирање и компјутерска графика, некои наоѓаат примена и во архитектура и инженеринг, во креирање на анимирана графика, која може да се употребува во филмови, цртани филмови, реклами итн…

15 најдобри софтвери во Графичкиот дизајн

1. Adobe Photoshop CC

Софтвер за уредување, едитирање и креирање на професионални фотографии и слики во областа на Графичкиот дизајн. Adobe Photoshop CC е насочен кон професионалните графички дизајнери, уметници и фотографи. Тој им овозможува на професионалците да дизајнираат цели веб-страници, постери, каталози, брошури, банери, икони, мобилни апликации и многу други работи користејќи вградени алатки кои се лесни за употреба. Навистина ќе се зачудите кога ќе дознаете што се може да се направи со овој софтвер. За фотографите, Фотошоп има алатки кои помагаат околу корегирање, подобрување и ретуширање на сликите, правејќи буквално извонредни уметнички дела од фотографиите.

Користејќи го софтверот, можете да креирате и подобрувате илустрации, 3D уметнички дела и слики. Другите клучни функции на овој софтвер се креирање на реалистични сенки, светслосни ефекти, корегирање и додавање на ефекти на одредени фотографии, ретуширање на професионални фотографии,  итн…Доколку навистина знаете како да го користите Adobe Photoshop CC, верувајте ни дека немате граница за она што би можеле да направите со него.

Adobe Photoshop CC е дел од повеќе планови, но најевтино можете да го купите за цена од 29,90 $ / месечно.

2. Adobe Illustrator CC

Ова е совршено решение кога станува збор за векторска графика. Adobe Illustrator CC е совршен за професионални графички дизајнери и уметници. Тој има широк спектар на алатки кои можат да помогнат при креирање на неверојатни карактери и фигури, професионални логоа, каталози, брошури, визит карти, банери, флаери, постери и се останато што е наменето за печатење. Ова е софтвер кој користи напредни математички функции и алгоритми при креирање на векторска графика, овозможувајќи им на корисниците да искреираат професионални дизајни, топографија, скици и илустрации кои се целосно подготвени за печатење и за секаква употреба.

Овој софтвер овозможува брзо креирање на различни дизајни, со помош на вградените алатки кои се релативно лесни за користење. Неговата интеграција со “Adobe Creative Cloud” го прави споделувањето на проектите помеѓу поединци навистина лесно. Кога станува збор за Илустратор, имајте во обзир дека ова е навистина професионален софтвер кој го користат илјадници дизајнери ширум светот.

Adobe Illustrator CC е дел од повеќе планови, но најевтино можете да го купите за цена од 29,99 $ / месечно.

3. Adobe InDesign CC

Совршено решение за креирање на списанија, брошури, каталози, книги, весници итн…Adobe InDesign CC се користи претежно во создавање и објавување на документи и за печатените и за дигиталните медиуми. Тоа е десктоп софтвер за издавање кој може да се користи за дизајнирање постери, брошури, канцелариски материјали, флаери, годишни извештаи и списанија, како и за многу други проекти кои ги немаме набројано. Можете исто така да креирате книги, интерактивни PDF-документи и дигитални списанија користејќи го овој софтвер.

Adobe InDesign CC има опции кои можат да ви помогнат околу соработка со писатели и уредници, а на овој начин можете да ги креирате проектите значително побрзо и попрофесионално. Има можност за споделување текст, бои, графики, форми итн, преку библиотеките на Adobe Creative Cloud.

Можете да гo купите Adobe InDesign CC како една апликација или дел од Adobe Creative Cloud. Неговата основна цена е 29,99 $ / месечно.

4. CorelDraw

Популарна платформа на графичките дизајнери. CorelDraw е богат софтвер кој ви помага да искреирате прекрасни слики, дизајни, графика од секаков вид, графички елементи за веб страници итн… Има огромен број на функционалности кои можат да ви помогнат да произлезете со прекрасно изработени слики и графики.

CorelDraw Graphic Suite 2021 е наменет за зајакнување на креативноста со користењето на сите алатки кои се наоѓаат во овој пакет. Овој пакет вклучува: CorelDraw 2021, Corel Font Manager 2021, CorelCONNECT 2021, CorelPHOTO PAINT 2021, Corel Website Creator, Corel PowerTrace 2021 и Corel CAPTURE 2021. Како што прочитавте, CorelDraw Graphic Suite нуди навистина голем број на алатки, но ќе бидеме искрени со вас, доколку се решите да ја купите било која алатка од овој пакет, или пак да го купите цел пакет, навистина би било паметно да ги споредите пакетите и алатките на Corel Draw и Adobe Creative Cloud. Ние како компанија секогаш ја завземаме страната на Adobe, но тоа не значи дека алатките на Corel нема да ги исполнат вашите очекувања.

Целосната верзија на CorelDraw чини $499.00 со гаранција за поврат на средства во рок од 30 дена доколку се предомислите. Годишниот план наменет за компании чини 16,50 $ месечно.

5. Adobe Dreamweaver

Adobe Dreamweaver е комплетно решение за визуелен развој на софтвер за веб страници и мобилни апликации. Оваа алатка е една од нашите фаворити на оваа листа. Ви овозможува да креирате, објавувате и управувате со веб-страниците, содржината и веб апликациите преку една контролна табла. Dreamweaver има широк спектар на функции кои можете да ги користите за да направите привлечни и респонзивни веб-страници. Овие веб-страници може да се гледаат од кој било уред и преку кој било прелистувач.

Користејќи ја оваа алатка, дизајнерите на веб-страниците можат лесно и веднаш да ги претстават своите искреирани дела или пак графички елементи на интернет, бидејќи апликацијата доаѓа со веќе припремени темплејти. Покрај тоа, може да им помогне на програмерите за брзо уредување и надградби.

Софтверот е достапен во неколку планови, почетната цена е 19,99 $ месечно.

6. GIMP

Ова е софтвер кој служи за креирање, уредување и едитирање на фотографии и слики. Овој софтвер е целосно бесплатен и е со отворен код. GIMP има огромен број на функции кои можат да направат навистина уметнички дела од обични фотографии. Се што треба да направите е да го научите овој софтвер и да ја ослободите вашата имагинација за креирање на неверојатни дела. Некои од неговите најдобри функции се, намалување на шум на сликата, алатки за зајакнување на сликата, огромен избор на различни четки итн…

Платформата подржува инсталирање на дополнителни плагини и оваа можност е навистина корисна. Нејзиниот кориснички интерфејс е многу едноставен и е лесен за користење, при што нема потреба од никаква претходна обука. Овој софтвер има огромен спектар на опции и функционалности и навистина можете да направите прекрасни дела со него, но сепак не очекувајте премногу… Сепак ова е бесплатен софтвер и не можете да го споредите со алатка како што е Adobe Photoshop.

7. Blender

Блендер е бесплатен 3Д-графички софтвер кој се користи за создавање на анимирани филмови, фигури, 3Д фигури за печатење, визуелни ефекти и видео игри. Блендер има “Path-tracer engine” кој им овозможува на корисниците навистина одлични и реалистични резултати од рендерирање на проектите. Овој софтвер е развиен со помош на научници, студенти, уметници, аниматори, гејмери и други заинтересирани поединци кој се на некој начин поврзани со графиката.

Blender доаѓа со одлични алатки за моделирање, кои можат да се користат за брзо креирање, уредување и трансформирање на модели и фигури. Доколку сте заинтересирани за 3Д графика, ова е софтвер кој навистина треба да го разгледате бидејќи е доста квалитетен и е целосно бесплатен.

8. Inkscape

Ова е графички софтвер кој има огромен број на опции и е со отворен код. Inkscape е познат по својата способност за лесно креирање на векторска графика. Има широк спектар на различни  алатки за уредување и креирање на векторски дизајни кои се многу корисни за графичките дизајнери. Овие алатки можат да се користат за едитирање и креирање на различни графички елементи, како што се форми, патеки, фигури, облици, текстови, градиент ефекти итн… Буквално можете да создавате уметнички дела со овој софтвер.

Ова графичко решение е навистина моќно и убедливо може да им парира на другите софтвери во оваа област. Проектите може да се зачуваат во SVG, EPS, JPG, BMP, PNG, PostScript или TIP формати, кои можат да се експортираат во векторски базирани формати.

Inkspace е бесплатен софтвер, така што не морате да се грижите околу плаќањето.

9. Affinity Photo

Може ли овој софтвер кој е алтернатива на Фотошоп да го собори Adobe од тронот?

Affinity Photo” започна со бранување кај дизајнери уште во истиот момент кога беше лансиран и е најверојатно најсериозниот конкурент на Фотошоп што сме го сретнале досега. Affinity е целосно компатибилен со форматите на Фотошоп.

Овој софтвер целосно ги исполнува барањата на сите графички дизајнери и има буквално еден тон функционалности и алатки со кои можете да креирате уметнички дела. Креаторите на овој софтвер гаранатираат поголема брзина при работа, заразлика од Фотошоп, помалку грешки и рестартирања на програмот и бесконечен број на чекори за враќање при работа. Вистината е дека перформансите кои ги ветуваат се директно поврзани со јачината на компјутерот кој го користите.

Можете да го користите на Windows и Mac. Affinity заразлика од Photoshop се плаќа еднократно и ќе ве чини 49.99 $, а тоа го прави значитело поефтин.

10. Krita

Бесплатно графичко решение со отворен код, Krita е дизајниран за да ги задоволи корисниците од сите области, без разлика дали тие се професионални или аматерски графички дизајнери. Платформата за скицирање и сликање може да се спореди со најпопуларните софтвери од ваков вид. Ова е непроценлива алатка за разни дизајнери кои креираат текстури, илустрации, визуелни ефекти за различни индистрии, па дури и за уметници кои креираат ефекти во филмската индустрија.

Некои од алатките вклучуваат огледало ефекти, мазнење, четки со различен притисок, вклопување и мешање на бои. Може и да се манипулира со слики со висок динамички опсег, што резултира со визуелно зачудувачки фотографии. Krita има огромен број на четки кои можете да ги користите во вашите проекти. Или пак доколку и ова не ги задоволува вашите потреби, можете сами да си искреирате сопствени четки и да си ги зачувате за некои наредни ваши проекти.

Бидејќи ова е софтвер со отворен код, доаѓа бесплатно. Се што треба да направите е да се регистрирате и веднаш ќе можете да го користите овој софтвер.

11. PaintShop Pro

Ова е софтвер за уредување на слики кој е лесен за употреба и има огромен број на функции кои вклучуваат цртање на слики, уредување и корекција. Ова е релативно евтин софтвер во споредба со можностите кои ги нуди. Има навистина голем број на алатки кои можете професионално да ги употребувате.

Одличниот интерфејс и брзите перформанси ви ветуваат одлична продуктивност. Алатките и опциите на платформата се прилагодливи според вашите потреби, овозможувајќи да искреирате средина која најдобро ќе ви одговара при работа.

Софтверот е достапен со почетна цена од 63,99 $.

12. PhotoImpact

Ова е популарен софтвер за уредување на фотографии. PhotoImpact е софтвер кој е наменет за аматери и професионалци и е навистина опремен со најсовремени алатки кои се навистина лесни за употреба и нудат огромни можности. Некои од алатките кои се издвојуваат се, ExpressFix со еден клик и напредно сечење на дадени елементи.

PhotoImpact има широк спектар на функции кои ви овозможуваат да искреирате одлична графика за секаков вид на видеа и многу повеќе. Алатките за сликање и цртање се неверојатни и ви даваат можност да ја истражите вашата креативност за да искреирате одлична графика за видео материјали.

PhotoImpact е достапен за цена од 29,99 $.

13. Autodesk 3ds Max

Autodesk 3ds Max е феноменална алатка која заразлика од останатите, може да се каже дека воопшто не е лесна за употреба. Овој софтвер е комплексен и зачудувачки се неговите можности. Ова е софтвер наменет за 3Д моделирање, рендерирање и анимација на ликови, објекти, карактери, средини, фигури итн, кои можат да се вметнат во секаков вид на дизајн. Можат да се вметнат во филмови, анимирани филмови, реклами, апликации, игри, архитектура итн…

Тој е дел од колекцијата на алатки за дизајнирање на Autodesk. Овој софтвер е многу популарен меѓу уметниците и професионалците кои креираат филмски и телевизиски визуелни ефекти, најразлични реалистични игри, итн…Како што напомнавме овој софтвер може да се најде во градежништвото и производствениот сектор каде што можете да креирате 3Д средини, скици, планови, реконструкции, објекти, итн…  Она што е неверојатно, е неговата способност за 3Д рендерирање  што вклучува симулација на поставување на вистинска камера.

Цената на овој софтвер е повисока од останатите на оваа листа и е достапен во различни пакети, почнувајќи од 185 $ месечно.

14. PaintTool SAI

PaintTool SAI е платформа за сликање и за креирање на илустрирани ликови како што се во аниме цртаните филмови. Алатките и функциите се навистина солидни и можат да им парираат на другите софтвери од оваа област. PaintTool SAI има далеку полесен и подобар интерфејс за употреба заразлика од другите. Овој софтвер може да се користи на таблет, мобилен уред и на десктоп компјутер.

Алатките за цртање на платформата ги минимизира дисторзиите на сликата дури и кога се користат слики со ниска резолуција. Има различни современи и напредни алатки кои ви овозможуваат напредно контролирање и користење на обични и напредни палети со боја, промена на нивоата на сатурација на бојата, во зависност од тоа каква сакате да биде крајната слика, напредно одстранување и репарирање на делови од дадена слика и комбинирање на повеќе слики во една.

Systemax PaintTool SAI може да се купи по цена од 47.57$ за единечна лиценца. По купувањето ви пристигнува лиценцата во форма на дигитален сертификат.

15. Fotor

Моќен онлајн едитор на слики, Fotor е наменет за професионални и рекреативни фотографи. Овој софтвер овозможува лесно користење на филтри, ефекти и нуди напредно уредување на слики. Фотор ви овозможува да ја максимизирате вашата креативност и да постигнете одлични резултати без да имате потреба од напредно знаење или пак од вештини во областа на графичкиот дизајн.

Со Fotor, лесно можете да ги подобрите вашите слики со корегирање на осветленоста, контрастот и сатурацијата. Исто така можете да ги сечете вашите слики, да ги изострите, ротирате, замаглите, додадете текст или да ги одстраните црвените дамки од очите од некои слики. Корисниците велат дека софтверот е прилично лесен за употреба.

Основната верзија на овој онлајн софтвер доаѓа бесплатно, додека Fotor Pro доаѓа за 8,99 $ месечно или годишна претплата по цена од 3,33 $ месечно.

Да резимираме

Ова се 15 најдобри алатки кои дизајнерите ширум светот секојдневно ги употребуваат. Не можеме да ви кажеме кои се најдобрите на оваа листа, но можеме да ви кажеме дека наши фаворити се алатките од колекцијата Adobe Creative Cloud. Се надеваме дека ви се допадна оваа листа. Меѓу овие напредни софтвери ќе најдете некои кои нема да ви се допаѓаат, но сигурни сме и дека ќе ги пронајдете алатките кои нема да сакате да ги промените до крај на вашиот живот. 

Scroll to Top