Модерно МЕНИ за вашиот локал

Naracajte moderni menija za vasiot lokal, Нарачајте модерни менија за вашиот локал

Уникатен и модерен дизајн на менијата со исхрана и со пијалоци се одличен начин да го задржите вниманието на вашите клиенти.

Ресторани, пабови и други слични типови на локали се одлично место за луѓето да го поминуваат своето време со семејството и пријателите. Уникатен дизајн на менијата за исхрана и за пијалоци се одличен начин да го задржите вниманието на потрошувачите.

Една од главните компоненти на локалите се менијата. Добриот или лошиот дизајн на мени ќе го остави првиот впечаток кај клиентите, а сите знаеме дека првиот впечаток е навистина важен. Затоа треба да се потрудиме да имаме впечатлив дизајн кој ќе го задржи вниманието на клиентите и ќе зрачи со ексклузивност, префинетост и сериозност. Со помош на креативен дизајн локалот може да примами повеќе клиенти во блиска иднина.

Треба да се обрне внимание на повеќе детали при креирањето на менито. Дизајнот треба да биде уникатен и да биде составен од убаво искомпонирани бои и правилна распореденост на елементи. Освен тоа, дизајнот треба да биде во согласност со тематиката на локалот.

Еве неколку совети за создавање на уникатен дизајн на менија


1. Запознајте
ја вашата конкуренција

Пред да се одлучите да искреирате дизајн за вашето мени, запознајте се со конкуренцијата околу вас и со сето она што тие го нудат. Треба да ги споредите нивните менија и да дознаете кои уникатни карактеристики тие ги имаат. Главната цел е да се создаде дизајн кој ќе изгледа различно од оној на вашите конкуренти.

Немојте да се обидувате да ги имитирате дизајните на менијата на вашите конкуренти. Ова ќе остави лош впечаток кај посетителите кои можеби тоа ќе го приметат.

2. Ставете го вашето лого смело на врвот

Логото на вашиот ресторан мора да се појави веднаш на врвот на вашето мени. Идеално би било да биде позиционирано на средина или во горниот лев ќош. Логото е симбол кој визуелно ја претставува сериозноста на вашиот локал. Професионално лого кое е модерно зборува позитивно за вашиот бизнис и услугите на вашиот локал, а визуелно не привлечно лого посетителите можат да го поистоветат со сиромашен дизајн и може сериозно да му наштети на вашиот бизнис. Затоа е навистина важно да имате привлечно и модерно лого кое ќе го зграпчи вниманието на посетителите.

Доколку ви е потребен дизајн на лого кој ќе остане запаметен од страна на посетителите, контактирајте не тука: Лого дизајн)

3. Искреирајте импресивен распоред

Откако добро ги запознавте вашите конкуренти, сега е време да направите подобар дизајн на мени од нивното. Секако тоа не би можеле сами и би ви било потребно помош од страна на графички дизајнер околу техничкиот дел, но корисно е да ги знаете сите овие информации кога се работи за ваква клучна работа бидејќи не се сите дизајнери квалитетни, па можеби ќе треба малку поконктретно и подетално да им објасните што всушност ви е потребно.

Изгледот на менито треба јасно да им каже на клиентите за услугите и специјалитетите кои ги нуди ресторанот. Дизајнот може да биде едноставен, но доколку е се на право место и изгледа привлечно тогаш ќе се изненадите од реакциите на вашите потрошувачи.

4. Внимателно избирајте бои и фонтови

Голем дел од успехот на дизајнот на вашето мени зависи од тоа кои бои и фонтови ќе ги употребите. Овие два елементи треба да ја одразуваат главната тема на вашиот локал. На пример, ресторан со мексикански теми обично има живописни бои како што се виолетова, црвена и зелена боја. Значи, користете бои кои ја дефинираат тематиката на вашиот локал.

Слично на тоа, фонтовите исто така ја рефлектираат типот на услугата што ја нудите. Спортски бар може да има фонт кој одразува лабава средина. Значи, грижете се за вашите бои и фонтови, а тоа ќе им се допадне на вашите клиенти.

Ако водите локал со специфична тематика, тогаш користете бои кои се веќе имплементирани во вашиот бренд, лого, идентитет. Кога луѓето ќе влезат во вашиот локал и ќе погледнат во менито, веднаш да можат да се поврзат со темата.

5. Поделете ги менијата во уредни секции

Треба да напоменеме дека прехранбените производи треба да бидат претставени на пријателски, јасен и топол начин. Ова значи дека клиентот веднаш треба да знае каде се наоѓа делот за главно јадење, делот за салати, за чорби итн…Доколку клиентот има потешкотии да го пронајде она што му е важно во менито, тогаш доста големи се шансите следен пат да не се врати повторно.  Користете секции, задебелени наслови и граници за да ги нагласите вашите специјалитети и услуги. Можете да употребувате и трикови… Побарајте од графичкиот дизајнер кој ќе ви ги изработува менијата да стави ѕвездички до некои јадења, како препорака од готвачот.

Не заборавајте, доколку ви е потребна помош, совет или пак имате некое конкретно прашање, секогаш сме тука за вас.

Избегнувајте додавање на повеќе од две колони во менијата. Со додавање на повеќе колони, менито може да ви изгледа како мини-весник. Не додавајте премногу слики во позадина, бидејќи ќе го затрупаат ограничениот простор и ќе ги направат менијата тешки за читање.

6. Обрнете внимание на описите

Напишете убаво срочен пасус кој го објаснува јадењето. Можете дури и да елаборирате кога ги опишувате главните карактеристики и вкусот на одредено јадење. Дајте му етничко име доколку јадењето го има. На пример, опишете го вашето пилешко месо како пилешко прелиено со прекрасен прелив од зачинети домати. Ваков тип на опис носи возбудлива помисла во умот на клиентите.

Можете дури и да додадете некои детали за потеклото на јадењето и локалната историја. Но, имајте во предвид дека описот не смее да биде предолг. Само настојувајте да ја зголемите љубопитноста на вашите клиенти за јадењата кои ги нудите.

7. Направете ги главните јадења и услуги видливи

Дизајнот на вашето мени треба да ги потенцира вашите главни јадења и услуги на посебен начин. Ова е вашиот сопствен начин да ги промовирате вашите најпродавани јадења. Најдобар начин да ги убедите луѓето за да го посетат вашиот ресторан е преку промоција на јадењата и услугите кои ги нудите.

Потенцирајте ги вашите најбарани и најпродавани јадења во менито во посебен дел, кој ќе биде лесно читлив. Секоја категорија од вашето мени треба да има потенцирани производи, така што клиентите ќе можат веднаш да ги забележат.

8. Употребувајте симболи

Досега се покажа дека употребата на симболи како графички додаток е добра идеа кога станува збор за привлекување на вниманието на посетителите. Доколку симболите паметно се употребуваат, можат да ја зголемат естетската вредност на менијата. На пример, можете да оцените некое јадење од менито според квалитет и популарност со користење на ѕвездички. можете да користите симболи за да им помогнете на клиентите да разберат дали некое јадење е вегетеријанско или не е.  Ова е креативен и интересен начин да се дизајнира мени.

9. Не ги потенцирајте цените

Избегнувајте да ги потенцирате цените на јадењето. Целта на менито е да се истакне она што вие го нудите, а не по која цена. Не пишувајте дека јадењата се евтини. Би било добро доколку го намалите фонтот на цените на производите. Цените во менито треба да бидат или иста големина со описот или пак уште помали.

10. Користете квалитетни слики

Менијата треба да бидат составени исклучиво од квалитетни и избрани слики. Посетителите креираат мислење за производот врз основа на сликите кои ќе ги употребите. Ангажирајте професионален фотограф и напрајте ексклузивни слики од вашите јадења. Не превзимајте слики од туѓи јадења на интернет, ваквите слики се клише и верувајте не креираат добра слика кај посетителите, поготово доколку посетителите ги препознаат сликите кои ги имате преземено од интернет.

Менијата треба да имаат различни слики. Зголемете и потенцирајте ги најдобрите слики. Можете да ги распоредите сликите по секции за да изгледаат уште подобро. Најдобро би било секое јадење да има свој опис и своја сликичка, а на тој начин посетителите би виделе што нарачуваат.

11. Разбијте монотонија

Немојте да го направите вашето мени монотоно. Не сакате клиентот да биде рамнодушен од она што го гледа. Запаметете, квалитетниот дизајн ПРОДАВА. На пример, доколку имате три едноставни колони, тоа не е естетски привлечно. Пресечете ги колоните на половина или пак направете разигран распоред на елементите. Потенцирајте одредени секции преку различни бои, форми, слики итн… Вметнете цртани фигури, симболи кои ќе изгледаат убаво и ќе им помогнат на клиентите да се снајдат подобро. Користете различни бои, различна големина на фонтотови итн…

Овие совети сигурно ќе ви помогнат за да искреирате импресивен дизајн на мени кој загарантирано ќе ви ја зголеми продажбата. Доколку се грижите околку пронаоѓање на графички дизајнери кои знаат да наплаќаат премногу, а и не можете да бидете сигурни во нивниот квалитет, не очајувајте, тука сме ние. Арт Дизајн Студио ќе се погрижи за вашите потреби и ќе ги искреира вашите идеи онака како што ги имате замислено.

Scroll to Top