Начините на оптимизација постојано се менуваат, и може навистина да биде тешко да се држи чекор со најновите случувања. Но, ако сакате вашата веб страница да има голем сообраќај, едноставно морате да бидете во постојан тек со најновите SEO трендови и случувања.
Добро оптимизирани веб сајтови добиваат се повеќе и повеќе сообраќај со текот на времето, а тоа значи дека генерираат значително повеќе продажби. Без оптимизација веб пребарувачите нема да можат да ја пронајдат вашата веб страница и може да се каже дека целиот труд кој го имате вложено може да не ви се исплати.
Во оваа статија ќе ви ги одкриеме основните фактори кои се клучни за рангирање повисоко на Google.
Кои се најважните фактори за рангирање високо на Google?
- Безбедна и достапна веб-страница
- Брзина на страница (вклучувајќи брзина и на мобилната верзија на вашата веб страница)
- Респонзивна веб страница
- Старост на домен, URL и авторитет
- Оптимизирана содржина
- Техничка оптимизација
- Социјални мрежи
Пред да навлеземе во детали за секој фактор за рангирање засебно, да ги разгледаме основите за тоа како рангирањетов всушност функционира.
“Како да се рангирате повисоко на Google?”
Многу од луѓето се прашуваат како рангирањето функционира, па пред да навлеземе подетално за факторите за рангирање на пребарувачите, ајде да започнеме со одговарање на некои од основните прашања што повеќето луѓе ги имаат околу SEO оптимизирањето.
Како што можеби веќе знаете, со оптимизирање на вашата веб страница вие всушност се залагате за тоа повисоко да ја рангирате вашата веб страница на резултатите од пребарувањето. Кога луѓето пребаруваат одредени фрази или пак клучни зборови и доколку вашата веб страница содржи некој клучен збор кој претходно бил пребаран, вашата веб страница ќе се појави во првите 3 места помеѓу резлутатите од пребарувањето. Доколку се случи тоа, 95% од времето вашата веб страница ќе биде прва отворена од страна на корисниците.
Не очајувајте доколку не успеете да се рангирате први на Google за одредени клучни зборови. Доколку се наоѓате во првите 3 места, вие сте успеале во вашата мисија. Шансите дека пребарувачите ќе ја отворат вашата веб страница се преку 90%.
Што точно бара Google од вашата веб страница?
Генерално целта на Google e да ги организира сите информации за да бидат достапни и корисни за неговите корисници. Кога ќе пребарате одреден производ, услуга итн, треба да ви се појават најрелевантните податоци кои ви се потребни во моментот.
Клучна работа за рангирање на вашата веб страница високо е нејзиниот квалитет. Потребно е да имате навистина квалитетна веб страница според повеќе критериуми.
- Да биде јасна намената на вашата веб страница
- Потребно е изгледот на вашата веб страница да влева доверба кај луѓето. Не треба да изгледа застарено или пак да биде затрупана со банери и реклами.
- Потребно е да имате квалитетна содржина
- Потребно е да имате блог
Врз основа на овие критериуми за рангирање, Google ги прикажува најрелевантните, висококвалитетни резултати поврзани со она што луѓето го пребаруваат во моментот. Најсоодветни резултати се прикажани меѓу првите, а останатите се прикажани подолу на страницата.
1. Безбедна и достапна веб-страница
Вашата веб страница потребно е да поседува валиден SSL сертификат (HTTPS ПРОТОКОЛ) бидејќи Google тоа го гледа како еден од клучните фактори кога се работи за рангирање помеѓу првите места. Вашата веб страница потребно е да биде на стабилен сервер / хостинг каде што нема да има никакви проблеми со конекција, брзина итн..
Вашата веб страница треба да биде целосно достапна за Google за да може да ја прочита преку неговите ботови, кои треба влезат на вашата веб страница, да ја скенираат целосно и да ја рангираат според резултатите кои ги имаат добиено.
2. Брзина на Веб Страница (вклучувајќи брзина на мобилна страница)
Брзината на веб страницата е наведена како еден од клучните фактори кога се работи за повисок ранг. Google се грижи за своите корисници и сака нивното искуство на вашата веб страница да биде непречено, а брзото вчитување на веб страницата ќе ги направи корисниците задоволни.
Google објави вест за промена на алгоритмите за пребарување минатата година. На резултатите од пребарувањето ќе се рангираат веб страници кои имаат одлична брзина на мобилната верзија од нивната веб страница. Доколку вашиот веб-сајт не се вчитува брзо, тогаш би можеле да поминете казнето од страна на чичко Google.
Можете да ја користите алатката за тестирање на брзината на мобилни уреди. Кликнете на алатката “Test my Site”.
3. Респонзивни Веб Страници
Додека сме кај мобилните уреди, респонзивноста на веб страницата игра клучен фактор кога станува збор за рангирање на вашата веб страница. Поголем дел од луѓето ги користат своите мобилни телефони за пребарување на интернет, а тоа е една од главните причини поради кои Google ги најави промените во своите алгоритми.
Најпрвин вашата веб страница се индексира во мобилен формат, што значи дека автоматски проверува дали вашата веб страница е респонзивна на мобилен уред. Доколку вашиот веб-сајт не е оптимизиран за на мобилни уреди, ризикувате да не бидете успешно рангирани.
Google секогаш на прво место ги става своите корисници. Доколку корисниците се задоволни од вашата веб страница, ќе бидете наградени поради тоа, со тоа што ќе бидете рангирани повисоко на резултатите од пребарување.
4. SEO Оптимизирана содржина
Содржината е убедливо најважен фактор кога станува збор за SEO. Содржината никогаш не смее да биде крадена или дупликат со текст пронајден на интернет. Google тоа лесно го препознава. Доколку корисниците кои влегле на вашата веб страница се задоволни од содржината која ја прочитале, тие ќе разгледаат и други содржини, секции, слики итн… На тој начин посетеноста на вашата веб страница ќе започне да расте.
5. Социјални мрежи
Кога луѓето ја споделуваат вашата содржина на социјалните мрежи, тоа е уште еден знак дека вашата содржина вреди. Студијата на когнитивен SEO со преку 23 милиони споделувања најде дефинитивна врска помеѓу социјалните споделувања и рангирањето на Google. Повторно, колку повеќе споделувања имате на вашата содржина на социјалните медиуми, толку повеќе Google разбира дека вашата содржина вреди, дека корисниците се задоволни и вие ќе бидете наградени за тоа, со повисок ранг. За тоа е потребно да имате Facebook страница и преку нејзе да ја споделувате содржината од вашата веб страница.