Дизајн на Визит карти – Бизнис карти
Арт Дизајн Студио креира визит картички кои се ултра модерни, со впечатлив дизајн кој ќе го одвлече вниманието на вашите постоечки и потенцијални клиенти и ја подобруваат репутацијата на вашиот бизнис.
Кога ќе запознаете некого кој би можел да стане ваш клиент, вашата визит-картичка би можела да биде она што ќе ја доврши работата наместо вас. Доколку вашите потенцијални клиенти ги воодушевите со дизајнот на вашата Визит Картичка, тогаш на нив им останува само да претпостават каква професионалност можат да очекуваат од вас и понатаму. Верувајте исходот од модерни визит картички е крајно позитивен. Затоа нарачајте визит картички кои нема да ги остават вашите клиенти рамнодушни. (Визит картички)
Лого дизајн – Дизајнирање на Лого
Кога дизајнираме Лого, ние работиме рамо до рамо со нашите клиенти. Бидејќи за нас е навистина многу важно финалниот резултат да одговара на описот на клиентот, на нивниот бизнис и на нивниот бренд. Секој клиент добива сопствено персонализирано лого кое рачно цртано. Сепак логото на компанијата е еден од најважните сегменти, за нас е многу важно крајниот резултат да ви се допадне вам и да одговара на идентитетот на вашиот бизнис. Не користиме готови логоа спуштени од интернет. Секој дизајн го добивате во целосно векторски формат кој потоа можете да го употребите за што и да посакате.
За да се стигне до финален успешен дизајн, процесот на изработка поминува низ неколку ревизии. Доколку не ви се допаѓа првичниот резултат, ни ги кажувате деталите кои треба да се променат или додадат. Ниту една друга компанија која изработува дизајни нема да биде толку блиску до вас низ целиот процес на изработка.
Флаер Дизајн – Дизајнирање на Флаери
Флаерите се клучен начин за да ја пренесете вашата порака и морате успешно да го привлечете вниманието на вашата публика. Живееме во време каде што луѓето се премногу зафатени и преокупирани со секојдневни обврски и проблеми, па затоа подсвесно нема да обрнат многу внимание на вашите флаери, освен доколку не им го одвлечете вниманието преку интересен дизајн, навистина интересна порака итн… Тимот на Арт Дизајн Студио најдобро знае кои дизајни најуспешно можат да добрат до вашата таргет публика. Контактирајте не и нарачајте дизајн за Флаери кои ќе допрат до вашата посакувана публика и успешно ќе ја зголемат репутацијата на вашиот бизнис.
Брошура – Дизајнирање на Брошура
Буквално сме опкружени со брошури на секој чекор, така да најважно е да имаме брошура која успешно ќе не издвои од толпата. Арт Дизајн Студио креира дизајни кои се индивидуални и уникатни за сите клиенти. Дизајнирањето на брошура е составено од 2 клучни сегменти, Графички дизајн и текст. И двата сегменти потребно е да се размислат на суштински начин, со цел да се максимизира потенцијалот на брошурата како маркетинг алатка. Од таа причина Арт Дизајн Студио мора секогаш да биде во тек со најновите трендови и на тој начин да им пружи максимална професионалност на своите клиенти.
Брендирање – Целосен Брендинг
Брендирањето ја поврзува вашата компанија со публиката што го “разбира” она што го нудите.
Брендирањето всушност означува извршување на сите погоре набројани работи. Креирање на еден стил според кој ќе функционира компанијата. Потребно е компанијата / бизнисот да има еден сет од бои до кои ќе се води секогаш. Буквално се треба да биде поврзано меѓу себе преку еден заеднички стил/дизајн (брошури, каталози, флаери, визит карти, веб страница, легитимации, банери, постери итн…). Сите овие работи потребно е да имаат една меѓусебна комуникација. Силен бренд може да инспирира лојалност не само кај вработените во компанијата, туку и кај нејзините клиенти. Совршено искреирана стратегија за брендирање на вашиот бизнис може целосно да ја смени сликата кај вашите клиенти за вас. Секако на позитивен начин. Вашите потенцијални клиенти, кога ќе ја забележат професионалноста на вашата компанија, големи се шансите повеќе да не се двоумат за тоа дали да започнат соработка со вас. Знаејќи го тоа, нашето студио за брендирање Арт Дизајн е тука за да ви помогне. Тука сме за да искреираме нов и подобар идентитет за вашиот бизнис кој верувајте дека ќе резултира со поголем број на соработки и склучени договори.