Што е дигитален маркетинг?

Doznajte za pridobivkite od Digitalniot Marketing, Дознајјте за придобивките од Дигиталниот Маркетинг

Дигиталниот маркетинг ги опфаќа сите маркетинг чекори за кои се користи електронски уред или интернет. Бизнисите користат дигитални канали како што се социјалните медиуми, е-меил, нивните веб-страници итн, за да се поврзат со постојните и потенцијалните клиенти.

Како го дефинирате дигиталниот маркетинг?

Дигиталниот маркетинг се дефинира со употребата на бројни дигитални тактики, стратегии, алатки и канали за да се поврзете со клиентите каде што поминуваат најголем дел од своето време – онлајн. Постојат илјадници тактики и сратегии кои спаѓаат под капата на Дигиталниот Маркетинг и можат навистина да ви помогнат вам и на вашите клиенти… За секаков тип на бизнис има стратегија која може да го направи многу поуспешен.

SEO оптимизација

SEO ( Search Engine Optimization ) е  оптимизирање на одредена веб страница која доколку процесот се одвива успешно таа ќе биде “рангирана” повисоко на страниците со резултати на Гугл, со што се зголемува висината на органскиот сообраќај на вашиот веб-сајт. Ова претставува процес сочинет од огромен број на чекори, тактики, стратегии и постојано треба да се пратат новите трендови и ажурирања на алгоритмите од страна на Гугл.

Маркетинг содржина

Овој термин означува креирање и промоција на содржината со цел да се генерира поголема свест за одреден бренд, раст на сообраќај, акумулирање на лојални клиенти, привлекување на нови клиенти итн… Каналите кои играат важна улога во вашата маркетинг стратегија за содржина вклучуваат:

– Блог статии
– Е-книги
– Инфографици
– Онлајн брошури

Маркетинг на социјални медиуми

Оваа практика го промовира вашиот бренд и вашата содржина на  социјалните медиуми за да ја зголеми свеста за брендот, да оствари продажба и да привлече сообраќај кон вашата фејзбук и веб страница. Социјални медиуми кои можете да ги користите за промовирање на содржина:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Instagram
Snapchat
Pinterest
Google+

Pay-per-Click (Плати-од-Клик)

Ова е вид на рекламирање за привлекување на поголем сообраќај кон вашата веб страница. Според овој тип на рекламирање вие всушност плаќате само тогаш кога некој ќе кликне на вашата реклама, на овој начин не се трошат залудно пари и рекламите се поефективни. Еден од најчестите типови на “Pay-per-Click” е Google AdWords. Ова е навистина огромна и комплексна платформа и не е воопшто лесна за учење, но се што се сака, се се може…Само со доволно труд. Други канали каде што можете да се рекламирате на овој метод се:

– Фејзбук  (Платени реклами)
– Твитер (Промовирани твитови)
– Линкедин (Спонзорирани пораки)

Афилиеит маркетинг

Ова е вид на рекламирање каде што вие рекламирате производ на некоја друга компанија на вашата веб страница. Од секоја направена продажба вие земате процент согласно договореното. Неколку канали за овој вид на рекламирање:

– Хостирање на видео реклами преку програмата “YouTube Partner Program”
– Објавување на линкот на вашите социјални медиуми.
– Објавување на линкот на вашата веб страница.

Секоја поголема компанија нуди афилиеит програма каде што дозволуваат да ги продавате нивните продукти или услуги, а за возврат ви даваат одреден процент за остварената продажба. Ова е навистина честа појава во денешницата. Многу луѓе работат со оваа програма и некои од нив солидно заработуваат.

Традиционален маркетинг

Традиционалното рекламирање се однесува првенствено на содржините кои се појавуваат на платформите заедно со други неплатени содржини. Спонзорираните статии на BuzzFeed се добар пример за ваков тип на рекламирање. Многу луѓе сметаат дека рекламирањето на социјалните медиуми е основен начин на рекламирање. На пример, рекламирање на Фејсбук и Инстаграм.

Маркетинг автоматизација

Маркетинг автоматизација се однесува на софтверите кои служат за автоматизирање на основни маркетинг чекори. Се автоматизираат оние процеси кои постојано се повторуваат, во овој случај софтверите не заменуваат нас за ние да не ги повторуваме овие чекори постојано и постојано… Примери за маркетинг автоматизација:

– Е-меил весници
– Закажување на постови на социјални мрежи.
– Обновување на контакт листи.
– Следење на кампањи и генерирање извештаи

Е-меил маркетинг

Компаниите користат е-маркетинг како начин за комуникација со нивната публика. Е-меил маркетингот често се користи за промовирање на содржини, производи, услуги, како и насочување на луѓето кон веб-страницата на компанијата. Видови на Е-маркетинг кои можете да ги креирате.

– Претплаќање на Е-весници
– Последователни пораки до посетителите кои превземале некој податок од вашата веб страница
– Е-меил за да им посакате добредојде на клиентите
– Посебни празнични промоции до членовите кои ви се лојални
– Корисни совети за да ги негувате вашите постојани клиенти

Функција на Дигитален Маркетер

Дигиталните маркетери се одговорни за подобрување на свеста на брендот и генерирање на клиенти преку сите дигитални канали. Овие канали ги вклучуваат социјалните медиуми, веб-страницата на компанијата, рангот на резултатите од пребарувањето, е-меил, различни видови на рекламирање и блог на компанијата.

Дигиталните маркетери обично се фокусираат на различни индикатори за мерење на перформанси (KPI). За секој дигитален канал има различни индикатори кои Дигиталените маркетери треба да знаат да ги следат и анализираат. Врз основа на измерените резултати тие веднаш треба да знаат како да ги подобрат резултатите за нареден пат. Дигиталните маркетери исто така се задолжени за носење на сообраќај на веб страницата на компанијата и нивна должност е да направат стратегија за да ги убедат потенцијалните клиенти да ги купат производите или услугите на компанијата.

Дигиталниот маркетинг се спроведува низ многу маркетинг улоги. Во малите компании еден генералист би можел да спроведува голем број на  дигитални маркетинг тактики и стратегии во исто време. Во поголемите компании постојат специјалисти за повеќе гранки во дигиталниот маркетинг. На тој начин секој си се фокусира во својата област и поефективно се извршува целовкупната работата.

Неколку специјалисти:

SEO менаџер

На кратко, како SEO менаџер имате должност да ја рангирате вашата компанија на највисокото место на пребарувачите. Користејќи различни пристапи и методи за оптимизација, оваа личност треба директно да работи со креаторите на содржини за да се осигура дека содржината што ја креираат ги исполнува критериумите кои се потребни за највисок ранг на веб пребарувачите.

Специјалист за маркетинг содржина

Специјалисти во оваа област се оние кои знаат да пишуваат одлична содржина притоа истата да биде SEO оптимизирана. Квалитетна содржина која е оптимизирана и на мудар и суптилен начин ги нуди услугите на компанијата може навистина многу да ја зголеми продажбата. Овие професионалци често соработуваат со други оделенија во компанијата за да искреирааат квалитетни статии за услугите и производите на компанијата.

Менаџер на социјални медиуми

Улогата на менаџер на социјални медиуми е лесно да се разбере читајќи го само името. Социјалните мрежи кои тие ги раководат зависи од областа на компанијата. Пред сè, менаџерите на социјалните медиуми креираат распоред за објавување на содржината која ја креираат специјалистите за маркетинг содржина, потоа ја оптимизираат за да изгледа одлично за на социјалните мрежи кои ги раководат. Менаџерот на социјалните медиуми е во постојана соработка со Специјалистот за маркетинг содржина за да искреираат стратегија околу објавувањето на содржините на социјалните медиуми.

Придобивки од дигиталниот маркетинг

За разлика од офлајн маркетингот, дигиталниот маркетинг им овозможува на маркетерите да ги гледаат постигнатите резултати во реално време. Доколку некогаш сте работеле во весник, ќе знаете колку е тешко да се процени колку луѓе всушност ја превртеле страницата каде што се наоѓа вашата реклама, а пак сигурно нема да знаете колку време се задржале токму на таа страница.  Не можете со сигурност да знаете дали таа реклама е одговорна за остварените продажби тој месец.

Од друга страна, преку дигиталниот маркетинг можете точно да ги измерите придобивките, заработката и трошоците во кампањата која ја водите.

Сообраќај на веб страница

Преку дигиталниот маркетинг можете да го видите точниот број на луѓе кои ја прегледале почетната страница на вашиот веб-сајт во реално време или во даден временски период. Се што треба да направите е правилно да го сетирате Google Analytics. Можете да измерите: Bounce rate, Sessions, Page views, Time on page, Page load time, Average session duration итн… Можете да видите каков уред користеле и од кој регион доаѓаат вашите посетители.

Овие интелегентни алатки ви помагаат да разберете кои од нив ви носат најдобри резултати и на кои треба да потрошите повеќе време во иднина. На пример, доколку само 10% од сообраќајот ви доаѓа од органско пребарување тогаш ќе знаете дека треба да ја подобрите вашата SEO стратегија.

Колку време е потребно за да видиме резултати од нашата содржина?

Со дигиталниот маркетинг можете да ги видите резултатите многу побрзо заразлика од офлајн маркетингот.  Сепак на крајот се се сведува на вашата стратегија и успешноста на истата.

Доколку потрошите време и ресурси за да привлечете потенцијални клиенти, за да ги анализирате нивните потреби, а потоа да креирате содржина врз основа на нивните потреби, тогаш најверојатно ќе видите огромни резултати во првите 6 месеци.

Ако платеното рекламирање е дел од вашата дигитална стратегија, тогаш резултатите се уште побрзи – но ние препорачувамее да се фокусирате на градење на вашиот органски досег преку креирање на квалитетна и оптимизирана содржина и креирање на оптимизирани објави на вашите социјални медиуми. Овој тип на стратегија е најдобар и најодржлив.

Дали ми е потребен голем буџет за дигитален маркетинг?

И да и не. Се зависи од стратегијата која сакате да ја имплементирате. Има огромен број на бесплатни и на платени алатки кои би можеле да ги употребувате. Со техники како онлајн рекламирање и купување е-меил листи, несомнено ќе ви се зголемат вашите трошоци.

Доколку се фокусирате на техники како SEO оптимизација, социјални медиуми и креирање квалитетни содржини на веќе постоечка веб-страница, добрата вест е дека немате потреба од голем буџет. Со овој тип на маркетинг вие всушност внимателно креирате маркетинг содржина за вашата целна група, а верувајте ни дека клиентите знаат да препознаат квалитетен извор на информации и услуги.

На пример, преку PPC стратегија со користење на Google AdWords, ќе се борите со другите компании во вашата област околу првите 3 места на Гугл. Во зависност од конкурентноста на клучните зборови кои ви се потребни, овој вид на рекламирање може да биде евтин или екстремно скап. Затоа е секогаш добра идеа да се фокусирате на квалитетна SEO стратегија која ќе ве чини значително помалку заразлика од платениот маркетинг.

Да резимираме

Доколку се одлучите да се обидете во оваа област, да го зајакнете вашиот бизнис преку платен маркетинг или SEO стратегија, ви препорачуваме да ги погледнете и останатите  содржини на нашиот блог, каде што ќе можете да најдете еден тон податоци за тоа како да го подобрите вашиот бизнис.

Scroll to Top