12 начини како да зголемите сообраќај на вашата веб-страница

Imajte sovremena veb stranica, Имајте современа веб страница

Не е доволно само да поседувате веб страница. Треба да развиете квалитетна стратегија која ќе ви донесе поголем сообраќај кон вашиот веб-сајт, а сите знаеме поголем сообраќај што значи…Поголем број на потенцијални клиенти.  Дали знаете дека вашата веб-страница е вашиот најдобар работник кој работи 24/7 и го преставува вашиот бизнис во најдобро можно светло?

Зошто сакате поголем сообраќај на вашата веб страница? Постојат многу причини… Сакате да го рекламирате вашиот бренд?  повеќе клиенти?  да ја зголемите онлајн продажбата?  да се создаде лојална база на клиенти? ДА! Сите овие работи му се потребни на вашиот бизнис доколку сакате да го подигнете на повисоко ниво.

Вашата веб-страница е место каде што луѓето доаѓаат со цел да добијат одредени информации за услугите и производите што ги нудите, и важно е да добијат концизни и релевантни информации. Што да направите доколку имате нова веб-страница но, немате доволно посети? Во оваа статија разговараме за 10 совети кои ќе ви помогнат да го зголемите сообраќајот на вашата веб страница.

1. Креирајте “ON PAGE SEO”

Вашиот веб-сајт не може да преживее без оптимизација во оваа дигитална ера. Тоа повеќе не е опција. Треба да ангажирате навистина квалитетна компанија која ќе може да ви помогне да се оптимизира вашата веб-страница преку разни стратегии за органско рангирање. Тука спаѓа оптимизација на содржината на страната, иновативни мета описи, креирање на сајт мапа на страната и многу други додатни трикови.

Парите кои сте ги вложиле во компанијата за подобрување рангот на Гугл, верувајте ќе ви се вратат за кратко време, во форма на нови клиенти, посети на страната итн….  Пред се, Гугл сака оптимизирани веб-страници. На овој начин им помагате на Гугл роботите да ја прочитаат вашата страна и да ја рангираат повисоко на страната со резултати. Доколку се одлучите дека ви е потребна помош околу понатамошна оптимизација на вашата веб страница, контактирајте не.

2. Користете современи почетни страници

Корисниците сакаат содржината што ја бараат да ја најдат лесно и притоа се да биде концизно и разблирливо. Потребно е да имате одделни страници за секоја ваша услуга. Овие одделни страници ќе им помогнат на корисниците да добијат релевантни информации токму за она што го бараат. Освен тоа, одделните страници зачително го зголемуваат бројот на конверзии и ги подобруваат платените кампањи доколку ја рекламирате вашата веб страница.

3. Градете природни беклинкови:

Градењето на природните линкови е многу важно за подобрување на рангот на вашиот сајт. Сепак, важно е да се напомене дека овие линкови треба да доаѓаат од квалитетни извори, а не од ниско-квалитетни сајтови. Гугл е премногу напреден и верувајте дека не можете да го преварите.

Гугл користи неверојатно напредни алгоритми и веднаш ќе знае доколку некој проба лажно да го рангира својот веб-сајт со помош на некваалитетни беклинкови. Совет од мене, НИКОГАШ ама баш НИКОГАШ не пробувајте да ги заобиколите правилата на Гугл…Ќе ве дознае и ќе го пенализира вашиот сајт, а со тоа ќе го повреди рангот и рејтингот на вашата веб страница. Проверете ја довербата на веб страната пред да се решите да ја линкувате со вашата. Погледнете ја оваа бесплатна алатка за проверка на веб страници. Check Moz

4. Маркетинг содржина, видеа и инфографици

Повеќето од корисниците бараат соодветни информации, а доколку ги имате информациите што ги бараат, половина битка веќе ви е добиена. Создавањето и дистрибуцијата на содржини се многу важни за сообраќајот на веб-страницата. Осигурајте се дека содржината е оригинална, исполнета со заразни наслови и богата содржина.

Во 2020та година, видеата и инфографиците се најдобра тактика на која што би требало да се потпрете. Тие се популарни и корисниците ги сакаат. Направете повеќе релевантни видеа и инфографици за да генерирате поголем сообраќај кон вашиот веб-сајт.

5. Отворен блог

Отворениот блог е стратегија со која дозволувате креаторите на различни содржини да ги објавуваат нивните содржини на вашата веб-страница. Тоа е начин да се допре до широката маса на луѓе преку споделување на содржината. Исто така, испраќа јасна порака до корисниците дека и вие ги споделувате релевантните интереси околу работите во кои тие се засегнати.

Навистина е многу важно тука да поставите одредени критериуми и правила. Одредете теми за кои сакате да се пишува, Одобрувајте ги содржините кои се споделуваат (пред да ги одобрите вие ќе оцените дали се поврзани околу темата и дали се напишани на начин кој одговара на критериумите и правилата кои ги имате поставено.)

Исто така, можете и вие да пишувате и објавувате содржини на разни високо квалитетни веб-страници со огромен сообраќај. Ќе добиете беклинк од нив кој значително ќе го зголеми сообраќајот кон вашата веб-страница.

6. Таргетирајте клучни реченици наместо зборови

Клучните зборови не се лоши, но тие не носат огромен сообраќај кон вашиот веб-сајт, бидејќи тие не успеваат да се рангираат високо на веб пребарувачите. Пробајте да таргетирате клучни реченици за одредени услуги или производи и  ќе се уверите дека ќе ви донесат поголем сообраќај кон вашиот веб-сајт, рангирајќи се повисоко на Гугл.

Однесувањето на купувачите и алгоритмите постојано се менуваат, бидете во тек и пробувајте секогаш да сте усогласени со трендот кој доаѓа.

7. Поголем сообраќај преку рекламирање

Ако не успеете органски да добиете поголем сообраќај на вашата веб страница, можете да се обидете и со платени реклами. Предност на платеното рекламирање е тоа што добивате инстант и гарантиран висок ранг на Гугл за одредена област или одреден клучен збор. Можете да се рекламирате на Гугл “Pay-Per-Click” со тоа што би платиле само доколку некој кликне на вашата реклама. Оваа метода може да ви донесе подеднакво сообраќај како и органското рангирање (SEO).

8. Маркетинг на социјални медиуми

Не смеете да го игнорирате маркетингот на социјалните медиуми кога сте во дигитална ера. Социјалните мрежи, вклучувајќи ги Facebook, Twitter, Instagram, Pinterest, LinkedIn и други, се најдобри начини да се создаде препознатливост на брендот кај луѓето. Вие не треба само да бидете присутни на социјалните мрежи, туку треба и да ги споделувате содржините од вашата веб страница, да ги споделувате постојано вашите производи и услуги.

Предноста кај социјалните мрежи е тоа што можете да бидете во комуникација со вашите клиенти, а верувајте тоа ја прави продажбата полесна.

9. Внатрешни линкови

Како и надворешните беклинкови, исто така треба да обрнете внимание и на внатрешните линкови. Секогаш кога пишувате оригинални содржини, обидете се да пронајдете можности да вметнете линк до некоја ваша претходна статија, услуга, производ итн, и верувајте дека ќе ви се подобри сообраќајот на вашата веб страница.

10. Имајте респонзивна веб страница

Доколку вашата веб-страница не е респонзивна, бидете сигурни дека скоро и невозможно е во денешницата да ја рангирате високо на Гугл. Респонзивен веб-сајт е веб страница која функционира и изгледа одлично на уреди како што се: Десктоп компјутери, мобилни телефони, таблети итн…Се повеќе и повеќе корисници користат паметни телефони за да пребараат одредени информации и услуги. Затоа треба да бидете сигурни дека вашата веб страница функционира и изгледа одлично на овие уреди.

11. Имајте брза веб страница

Запомнете, вашиот конкурент има веб-страница која се вчитува екстремно брзо. За да ги одржите вашите корисници лојални кон вас, осигурајте се дека вашата веб-страница се вчитува што е можно побрзо. Оптималното време е 2 –  3 секунди. Проверете го времето на вчитување на вашата веб страница со оваа алатка, и доколку резултатите не се добри, пробајте да ги примените советите кои ви ги дава алатката.

Кликнете на алатката за проверка на брзина. GT Metrix speed test

12 . Комуницирајте со вашите посетители:

Корисниците би сакале да се во директна комуникација со вас и да ги решавате нивните прашања и дилеми. Всушност, доколку го сторите тоа, веројатно ќе се одлучат за купување на некоја ваша услуга или пак продукт. Без разлика дали ќе комуницирате со нив преку вашата веб страница, блог или пак профил на некоја социјална мрежа, корисниците сакаат да чуствуваат дека им обрнувате внимание.

Заклучок

Внимателно креирана дигитална маркетинг стратегија може да го зголеми сообраќајот на вашата веб-страница значително. Интернетот е за размена на информации и ако го правите тоа на убаво осмислен начин, автентично и со квалитетни статии, услуги, производи, сигурно ќе изградите поголема репутација за вашиот бизнис.

Доколку имате потреба од услуги во областа на Веб дизајн, графички дизајн, мултимедија и дигитален маркетинг, контактирајте не веднаш и зајакнете ја репутацијата, продажбата и профитот на вашиот бизнис.

Scroll to Top