Функцијата на дигиталните маркетери

Digitalen marketer, analiza, alatki i implementacija na strategii, Дигитален маркетер, анализа и имплементации на стратегии

Оваа улога подразбира да се распространи одреден бренд надвор во дигиталниот простор на начин на кој би се зголемила продажбата на компанијата која се рекламира.

Доколку сте аналитични, го разбирате бизнисот како функционира и имате навистина голема желба за понатамошно учење, тогаш најверојатно треба да прочитате повеќе околу Дигиталниот Маркетинг. Можеби ова е совршената работа за вас. Но пред да се впуштите во оваа област, можеби прво треба да ги слушнеме што имаат да кажат оние кои веќе се на оваа работна позиција.

Што точно работи еден Дигитален маркетинг менаџер?

Дигитален маркетинг менаџер е одговорен за развој, имплементација и управување со маркетинг кампањи кои промовираат одредена компанија и нејзините производи или услуги. Дигиталниот маркетер игра голема улога во подобрувањето на свеста на брендот во дигиталниот простор, како и носење на клиенти на веб страницата на компанијата, креирање на продажни инки итн…

Дигиталниот маркетинг менаџер, исто така ги идентификува и оценува новите дигитални технологии и користи алатки за мерење на сообраќајот на веб страниците за подобро оптимизирање на маркетинг кампањите кои ги креира, развива е-меил маркетинг стратегии, маркетинг на социјални медиуми, рекламирање со банери и рекламирање на резултати на пребарување.

“Ова лице е одговорно за носење на релевантни клиенти со цел да се подобри довербата на брендот, за на крајот да резултира со купување.

Кои вештини се потребни?

Потребни се огромни лидерски вештини. “Оваа работа бара да знаете како да влијаете на другите и да носите позитивни резултати преку соработка со клиенти”, вели Сандра Ранд, директор на маркетинг одделот на OrionCKB, “Мора да бидете способни константно да бидете во соработка со вашите колеги и да бидете во постојан контакт со сите нивоа на организацијата во која работите за понатамошна изработка на квалитетна стратегија која ќе донесе поголем профит на истата.

Исто така е навистина важно да поседувате квалитетни вештини за пишување, да знаете ефикасно да ја пренесете пораката на вашиот бренд и да знаете квалитетно да ги читате анализите од алатките кои ги користите.

Прилагодливоста на постојаното менување на дигиталниот простор и способноста да се размислува како потрошувач се исто така од суштинско значење за оваа позиција. Дигиталниот маркетер не треба да се плаши да испробува нови стратегии, тактики…Тој треба константно да тестира и да ги користи шансите кои му се пружаат.

Што ми е потребно за да бидам во предност на оваа позиција?

Никогаш не треба да бидете целосно задоволени и не треба да се заситите од моментално постигнатиот успех. Никогаш не треба да престанете да го тестирате начинот на размислување на целната публика бидејќи голем дел од работата на дигиталните маркетери е постојано тестирање на стратегиите кои ги спроведуваат.

Каков тип на образование ми е потребно за Дигитален Маркетинг?

Не постои правило за тоа колку човек треба да биде образован пред да навлезе во одредена област. Истиот успех може да го достигне човек кој има завршено факултет или пак дополнителни курсеви, како и човек кој има голема волја и сето тоа го има совладано на интернет.

Не разбирајте ме погрешно, навистина би било убаво кога би имале диплома во оваа област, но тоа не е правило дека морате да успеете. Убаво би било кога би имале диплома која можете да ја покажете на некоја од социјалните мрежи на кои се рекламирате или пак на вашата веб страница. Тоа е доказ за вашето знаење и веднаш дава друг впечаток за вас.

Да резимираме

Дигиталниот маркетинг е многу просперитетна професија преку која можете навистина многу да заработите. Секако тоа не е толку едноставно, треба да се посветите премногу, да ги проучите сите моментално најдобри алатки, трендови, стратегии, тактики, трикови, платформи итн…Подолу можете да ги погледнете четворицата најдобри маркетери на денешницата од кои можете многу да научите за дигиталниот маркетинг.

  1. Tai Lopez
  2. Dan Henry
  3. Nicolas Kusmich
  4. Neil Patel
Scroll to Top