Што е Веб Дизајн?

Doznajte kakva veb stranica vi e potrebna, Дознајте каква веб страница ви е потребна

Во денешно време веб страниците не се луксуз туку се потреба која не смеете да си дозволите да ја пропуштите доколку водите бизнис или пак имате компанија. На годишно ниво на Гугл се пребарува 1.2 трилиони пати, тоа се 1.2 трилиони пропуштени шанси за вас, секако доколку немате веб страница…Замислете само колку корисници кои ги бараат услугите кои вие ги нудите ги пропуштате бидејќи немате веб страница…Со добра веб страница која изгледа модерно и би била одлично оптимизирана тогаш огромен дел од овие корисници ќе ви бидат на дофат. Не чекајте и нарачајте веб страница која можеби ќе ве чини 400-1000 €, но разберете дека тоа е инвестиција која ќе ви се врати повеќекратно и ќе ви го промени бизнисот засекогаш.

Што е Веб Дизајн?

Дизајнот е процес на собирање на креативни и иновативни идеи кои на естетски начин се имплементираат, водени од одредени принципи и за одредена цел. Веб-дизајнот е сличен процес само во оваа ситуација тоа се прави на малку подруг начин. Со креирање на електронска веб страница се презентираат одредени содржини со цел да бидат достапни за нашите целни клиенти. Секој што сака да пристапи до одредена веб страница потребни му се интернет конекција и веб пребарувач.

Има стотици начини за креирање на веб страница. Може да се направи со помош на кодирање, (HTML , CSS, JavaScript, Python, MySQL…), или пак со помош на готови платформи, како што се (WordPress, Joomla, Drupal, Wix, Magento…). Не секој е способен да искодира веб страница, но затоа полесен процес е да се користистат платформи како погоре набројаните. Убедливно најдобра и најпопуларна од сите е WordPress, бидејќи нуди можност за креирање на огромен број различни типови на веб страници и има едноставен CMS (content management system) систем за менаџирање.

За креирање на веб страница, потребно е да се има неколку работи во предвид. Каков домен ќе се користи (www.primer.mk) и каков хостинг (Сервер / локација каде што ќе биде сместена веб страницата). Потоа треба да се избере платформа. Ние целосно ја препорачуваме “Wordpress”

Елементи на веб дизајн

Веб дизајнот е составен од слични клучни визуелни елементи како и обичниот дизајн:

Распоред

Ова е начин на кој се поставени визуелните елементи, рекламите текстовите и содржината на веб страницата. Во интернет-светот, клучна цел е да им се овозможи на корисниците лесно да ги пронајдат податоците и содржината кои им се потребни. Ова значи дека кога се креира веб страница треба навистина да се ставите од страната на корисникот, за да видите дали лесно би се снашле во распоредот кој сте го искреирале.

Боја

Изборот на бои зависи од вашата цел и целните клиенти. Тоа би можело да биде едноставен црно-бел дизајн, или дизајн кој е составен од повеќе бои. Кога избирате бои треба да бидат пријателски исперцепирани од страна на корисниците, да се усогласат со вашиот бренд и да корисите веб-безбедни бои.

Графика

Во графика спаѓаат логоа, фотографии, икони, видеа и се што го подобрува визуелниот идентитет на една веб страница. За да биде пријатно исперцепирана од страна на корисниците, графиката треба да се вметне соодветно. Треба да биде усогласена со боите и содржините на веб страницата, но притоа треба да внимавате да не ја затрупате веб страницата бидејќи нема да изгледа во ред и ќе се вчитува бавно.

Фотографиите кои се внесуваат треба претходно да бидат оптимизирани и не треба да бидат поголеми од 150 – 200kb, доколку сакаме веб страницата да се вчитува брзо.

Фонтови

Употребата на разновидни фонтови може да го подобри дизајнот на веб страницата. Повеќето веб прелистувачи можат да читаат само одреден број на фонтови, познати како “веб-безбедни фонтови”. На “Google Fonts” можат да се пронајдат сите фонтови кои се прифатени од страна на сите веб прелистувачи, меѓу кои има навистина супер фонтови кои се бесплатни и се дозволени за користење. Кликнете за фонтовите тука

Содржина

Содржината и дизајнот можат да функционираат во совршена симбиоза за да ја подобрат пораката која треба да се пренесе преку веб страницата. Текстовите треба секогаш да бидат релевантни и корисни за читателот, за да бидат разбрани одлично. Содржините треба да бидат добро оптимизирани за да можат корисниците лесно да ги пронајдат при пребарување. Содржината треба да исполнува одредени критериуми. Треба да биде одредена должина, треба да содржи одреден број на клучни зборови итн…

Навигација

Архитектурата, менијата и другите алатки за навигација во веб дизајнот треба да бидат креирани согласно со тоа како корисниците пребаруваат и прелистуваат на веб страниците. Целта е на корисниците да им се олесни целиот процес на користење и пребарување и да можат секогаш лесно да ја пронајдат содржината или услугата која ја бараат.

Креирање на пријателски интерфејс за корисниците

Веб страницата треба да изгледа привлечно и модерно, но секогаш треба да се размисли како тоа ќе влијае на корисниците. Секој тип на бизнис си има своја тематика која треба да се долови преку дизајнот на веб страницата.

Мултимедија

Релевантните видео и аудио содржини во дизајнот можат да им помогнат на корисниците полесно и побрзо да ги разберат информациите. На овој начин корисниците можат да се задржат повеќе време на веб страницата.

SEO оптимизација

Веб страницата треба да биде квалитетно SEO оптимизирана за на повеќе веб пребарувачи, како што се: Google, Bing, Yandex итн… На овој начин може да се зголеми бројот на посети на веб страницата. SEO оптимизација е комплексен процес кој опфаќа огромен број на чекори. Затоа е најпаметно доколку ви е потребна веб страница, а немате никакво знаење во таа област,  да ангажирате професионална компанија која навистина знае како да искреира веб страница која ќе ја зголеми вашата продажба.

Технологија

Напредокот во технологијата им дава на дизајнерите можност за да додадат анимации, и да изградат интерактивен дизајн кој е интересен за користење, динамичен и професионален.

Интерактивен дизајн

Зголемување на активното учество на корисниците, додавајќи полиња за коментирање и креирање на квизови преку кои може да се дознае мислењето на корисниците за одредена тема. Можете да ги конвертирате посетителите во клиенти преку меил форми и преку е-весници.

Арт Дизајн Студио е компанија која може да го подигне вашиот бизнис на наредно ниво. Креираме веб страници кои имаат неверојатен изглед, одлична брзина, респонзивни се на сите уреди, и се одлично SEO оптимизирани. Контактирајте не и нарачајте веб страница која ќе ви го промени животот.

Scroll to Top