Веб Дизајн – Изработка на Веб Страници / Веб сајтови

Sovremeni Veb Stranici, Современи Веб Страници

Професионална и модерна, SEO оптимизирана веб-страница е докажано дека ќе ја зголеми вашата заработувачка.

Вашиот веб-сајт е веројатно вашата најважна маркетинг алатка која загарантирано ќе го зајакне вашиот бизнис и ќе го подигне на едно наредно ниво. Размислете на овој начин:

  • 93% од онлајн соработките започнуваат преку пребарување.
  • 63% од клиентите првенствено ја пребаруваат веб-страницата на вашата компанија, пред да започнат да соработуваат со вас на било кој начин.
  • 48% од луѓето велат дека дизајнот и брзината на веб-страница се број еден фактор кога станува збор за кредибилитетот на одреден бизнис.

Во денешниот, современ и деловен свет, секоја компанија има потреба од квалитетна Веб Страница – таа всушност претставува ваш виртуелен продажен претставник кој работи 24 часа на ден, седум дена во неделата. Доколку вашата веб-страница не е респонзивна за на мобилни уреди, изгледа застарено, не ги претвора посетителите во клиенти, или едноставно не ви се допаѓа, потребен ви е професионален Веб-Сајт  кој ќе ги претвори сите ваши посетители во клиенти.

 

Креираме Веб страници за сечиј вкус

Ние Веб страниците ги градиме од нула. Не користиме готови темплејти или теми. Ги креираме целосно според вашиот вкус. Имаме решение за сите типови на бизнис, од микро бизниси па се до огромни компании.

 

Мобилни респонзивни Веб страници

Околу 90% од корисниците на интернет, пребаруваат на мобилен уред. Дали вашата веб страница е респонзивна на мобилни уреди, таблети итн? Ние дизајнираме Веб страници кои се целосно респонзивни за на мобилни уреди и вашите клиенти ќе бидат задоволни бидејќи од каде и да ја прегледаат вашата веб страница, таа ќе изгледа одлично.

 

Нема скриени трошоци или пак клаузули за сопственост

Некои компании од оваа област всушност ве залажуваат да подпишете договор за одржување на вашата Веб страница. Доколку после некое време, сакате да престанат со одржување на веб страницата, според договорот или можат да ја задржат вашата веб страница, или ќе ви побараат дополнителни средства за да си ја одкупите вашата веб страница. Кај нас, вашата веб страница е во 100% ваша сопственост.

 

SEO оптимизација – Бидете пред вашите конкуренти

Вашиот веб-сајт треба да биде видлив – Кога ќе кажеме видлив, мислиме за веб пребарувачите како Google. Над 90% од онлајн соработките започнуваат преку пребарување, така што вашата веб-страница треба да биде SEO оптимизирана според најновите тактики и стратегии.

Кога корисниците ќе пребараат некој клучен збор кој го содржи вашата веб страница, вие ќе се појавите во првите 3 места на резултатите од пребарувањето. Кога станува збор за SEO оптимзација, морате да разберете дека ова е една од клучните работи преку кој вашиот бизнис ќе генерира клиенти, постојано и постојано.

 

Sekakvi tipovi na Veb Stranici, Секакви типови на Веб Страници

 

Безбедна Веб Страница

Вашата веб-страница мора да биде безбедна. Доколку на вашата веб страница треба да се внесат лични и осетливи податоци, тогаш вашата веб страница мора да поседува валиден SSL сертификат и дополнителни безбедносни заштити. Доколку вашата веб страница е правилно заштитена, тогаш Google ќе го забележи тоа и ќе ви помогне подобро да се рангирате на резултатите од пребарувањето.

 

Брзина

Вашата Веб Страница потребно е да биде брза – Вашите посетители имаат трпение да чекаат одприлика 4 секунди за да се вчита страницата. Доколку чекањето трае повеќе од тоа, 40% од нив ќе си заминат и ќе отидат на друга веб-страница. Нашите веб страници се одлично оптимизирани и ги складираме на “Lite Speed” сервери кои се неверојатно брзи.

 

Зошто компаниите се презадоволни од нашите Веб Дизајн услуги?

На пазарот има навистина многу компании кога станува збор за Веб Дизајн, па зошто би не одбрале нас? Ние ја разбираме суштинската потреба од квалитетна Веб Страница. Ние знаеме успешно да искомбинираме повеќе работи и на тој начин ние всушност нудиме целосен пакет.

Една успешна веб страница потребно е да има неверојатен модерен изглед, одлична брзина, супер SEO оптимизација, респонзивен дизајн и различни функционалности кои ќе работат беспрекорно.  Нашата компанија всушност нуди и дополнителни услуги кои го дополнуваат пакетот:

 

– Компатибилност на Веб Страницата со сите типови на веб пребарувачи

– Интеграција со социјални мрежи

– Услуги во областа на Дигитален Маркетинг

– Целосен пакет за SEO оптимизација

– Графички дизајн услуги (Погледнете целосна листа со сите услуги)

– Мултимедија (Креирање на секакви промотивни видеа)

– Поврзување на Веб страницата со Google Analytics и Google Search Console

– Одржување на Веб страници

И повеќе!

Добивате Веб страница која ќе биде 100% во ваша сопственост – за разлика од многу други компании кои го држат вашиот веб-сајт како заложник. Ќе бидете изненадени доколку дознаете колку компании во оваа област имаат скриени клаузули во нивните договори.

Кажете ни за вашите бизнис цели, заедно ќе смислиме каква Веб страница најдобро ќе му одговара на вашиот бизнис. Заедно ќе одлучиме за нејзиниот изглед, кои функционалности треба да ги содржи итн… Јавете се на нашиот телефонски број и договорете средба која буквално ќе го промени вашиот бизнис.

Naracajte veb stranica, Нарачајте веб страница

Што е Веб Дизајн?

Doznajte kakva veb stranica vi e potrebna, Дознајте каква веб страница ви е потребна

Во денешно време веб страниците не се луксуз туку се потреба која не смеете да си дозволите да ја пропуштите доколку водите бизнис или пак имате компанија. На годишно ниво на Гугл се пребарува 1.2 трилиони пати, тоа се 1.2 трилиони пропуштени шанси за вас, секако доколку немате веб страница…Замислете само колку корисници кои ги бараат услугите кои вие ги нудите ги пропуштате бидејќи немате веб страница…Со добра веб страница која изгледа модерно и би била одлично оптимизирана тогаш огромен дел од овие корисници ќе ви бидат на дофат. Не чекајте и нарачајте веб страница која можеби ќе ве чини 400-1000 €, но разберете дека тоа е инвестиција која ќе ви се врати повеќекратно и ќе ви го промени бизнисот засекогаш.

 

Што е Веб Дизајн?

Дизајнот е процес на собирање на креативни и иновативни идеи кои на естетски начин се имплементираат, водени од одредени принципи и за одредена цел. Веб-дизајнот е сличен процес само во оваа ситуација тоа се прави на малку подруг начин. Со креирање на електронска веб страница се презентираат одредени содржини со цел да бидат достапни за нашите целни клиенти. Секој што сака да пристапи до одредена веб страница потребни му се интернет конекција и веб пребарувач.

Има стотици начини за креирање на веб страница. Може да се направи со помош на кодирање, (HTML , CSS, JavaScript, Python, MySQL…), или пак со помош на готови платформи, како што се (WordPress, Joomla, Drupal, Wix, Magento…). Не секој е способен да искодира веб страница, но затоа полесен процес е да се користистат платформи како погоре набројаните. Убедливно најдобра и најпопуларна од сите е WordPress, бидејќи нуди можност за креирање на огромен број различни типови на веб страници и има едноставен CMS (content management system) систем за менаџирање.

За креирање на веб страница, потребно е да се има неколку работи во предвид. Каков домен ќе се користи (www.primer.mk) и каков хостинг (Сервер / локација каде што ќе биде сместена веб страницата). Потоа треба да се избере платформа. Ние целосно ја препорачуваме “Wordpress”

 

Елементи на веб дизајн

Веб дизајнот е составен од слични клучни визуелни елементи како и обичниот дизајн:

Распоред

Ова е начин на кој се поставени визуелните елементи, рекламите текстовите и содржината на веб страницата. Во интернет-светот, клучна цел е да им се овозможи на корисниците лесно да ги пронајдат податоците и содржината кои им се потребни. Ова значи дека кога се креира веб страница треба навистина да се ставите од страната на корисникот, за да видите дали лесно би се снашле во распоредот кој сте го искреирале.

Боја

Изборот на бои зависи од вашата цел и целните клиенти. Тоа би можело да биде едноставен црно-бел дизајн, или дизајн кој е составен од повеќе бои. Кога избирате бои треба да бидат пријателски исперцепирани од страна на корисниците, да се усогласат со вашиот бренд и да корисите веб-безбедни бои.

Графика

Во графика спаѓаат логоа, фотографии, икони, видеа и се што го подобрува визуелниот идентитет на една веб страница. За да биде пријатно исперцепирана од страна на корисниците, графиката треба да се вметне соодветно. Треба да биде усогласена со боите и содржините на веб страницата, но притоа треба да внимавате да не ја затрупате веб страницата бидејќи нема да изгледа во ред и ќе се вчитува бавно.

Фотографиите кои се внесуваат треба претходно да бидат оптимизирани и не треба да бидат поголеми од 100kb, доколку сакаме веб страницата да се вчитува брзо.

Sekakvi tipovi na Veb Stranici, Секакви типови на Веб Страници

Фонтови

Употребата на разновидни фонтови може да го подобри дизајнот на веб страницата. Повеќето веб прелистувачи можат да читаат само одреден број на фонтови, познати како “веб-безбедни фонтови”. На “Google Fonts” можат да се пронајдат сите фонтови кои се прифатени од страна на сите веб прелистувачи, меѓу кои има навистина супер фонтови кои се бесплатни и се дозволени за користење. Кликнете за фонтовите тука

Содржина

Содржината и дизајнот можат да функционираат во совршена симбиоза за да ја подобрат пораката која треба да се пренесе преку веб страницата. Текстовите треба секогаш да бидат релевантни и корисни за читателот, за да бидат разбрани одлично. Содржините треба да бидат добро оптимизирани за да можат корисниците лесно да ги пронајдат при пребарување. Содржината треба да исполнува одредени критериуми. Треба да биде одредена должина, треба да содржи одреден број на клучни зборови итн…

Навигација

Архитектурата, менијата и другите алатки за навигација во веб дизајнот треба да бидат креирани согласно со тоа како корисниците пребаруваат и прелистуваат на веб страниците. Целта е на корисниците да им се олесни целиот процес на користење и пребарување и да можат секогаш лесно да ја пронајдат содржината или услугата која ја бараат.

 

Креирање на пријателски интерфејс за корисниците

Веб страницата треба да изгледа привлечно и модерно, но секогаш треба да се размисли како тоа ќе влијае на корисниците. Секој тип на бизнис си има своја тематика која треба да се долови преку дизајнот на веб страницата.

 

Мултимедија

Релевантните видео и аудио содржини во дизајнот можат да им помогнат на корисниците полесно и побрзо да ги разберат информациите. На овој начин корисниците можат да се задржат повеќе време на веб страницата.

 

SEO оптимизација

Веб страницата треба да биде квалитетно SEO оптимизирана за на повеќе веб пребарувачи, како што се: Google, Bing, Yandex итн… На овој начин може да се зголеми бројот на посети на веб страницата. SEO оптимизација е комплексен процес кој опфаќа огромен број на чекори. Затоа е најпаметно доколку ви е потребна веб страница, а немате никакво знаење во таа област,  да ангажирате професионална компанија која навистина знае како да искреира веб страница која ќе ја зголеми вашата продажба.

 

Технологија

Напредокот во технологијата им дава на дизајнерите можност за да додадат анимации, и да изградат интерактивен дизајн кој е интересен за користење, динамичен и професионален.

 

Интерактивен дизајн

Зголемување на активното учество на корисниците, додавајќи полиња за коментирање и креирање на квизови преку кои може да се дознае мислењето на корисниците за одредена тема. Можете да ги конвертирате посетителите во клиенти преку меил форми и преку е-весници.

Naracajte veb stranica, Нарачајте веб страница

Арт Дизајн Студио е компанија која може да го подигне вашиот бизнис на наредно ниво. Креираме веб страници кои имаат неверојатен изглед, одлична брзина, респонзивни се на сите уреди, и се одлично SEO оптимизирани. Контактирајте не и нарачајте веб страница која ќе ви го промени животот.

БЕСПЛАТНО

Со секое нарачување на нова Веб Страница нудиме БЕСПЛАТЕН хостинг план и домен. Промоцијата трае до крајот на јануари 2021 година.