Професионална и модерна, SEO оптимизирана веб-страница е докажано дека ќе ја зголеми вашата заработувачка.
Вашиот веб-сајт е веројатно вашата најважна маркетинг алатка која загарантирано ќе го зајакне вашиот бизнис и ќе го подигне на едно наредно ниво. Размислете на овој начин:
- 93% од онлајн соработките започнуваат преку пребарување.
- 63% од клиентите првенствено ја пребаруваат веб-страницата на вашата компанија, пред да започнат да соработуваат со вас на било кој начин.
- 48% од луѓето велат дека дизајнот и брзината на веб-страница се број еден фактор кога станува збор за кредибилитетот на одреден бизнис.
Во денешниот, современ и деловен свет, секоја компанија има потреба од квалитетна Веб Страница – таа всушност претставува ваш виртуелен продажен претставник кој работи 24 часа на ден, седум дена во неделата. Доколку вашата веб-страница не е респонзивна за на мобилни уреди, изгледа застарено, не ги претвора посетителите во клиенти, или едноставно не ви се допаѓа, потребен ви е професионален Веб-Сајт кој ќе ги претвори сите ваши посетители во клиенти.
Креираме Веб страници за сечиј вкус
Ние Веб страниците ги градиме од нула. Не користиме готови темплејти или теми. Ги креираме целосно според вашиот вкус. Имаме решение за сите типови на бизнис, од микро бизниси па се до огромни компании. Начинот на кој се гради една веб страница е многу важен за нејзината стабилност, безбедност и за едноставноста при користењето во иднина. Ние ги работиме веб страниците квалитетно. Не даваме екстра кратки рокови за изработка на веб страница бидејќи за да се изгради квалитетна хиерархија, структура, лесен систем за менаџирање на веб страницата, стабилна и безбедна основа потребно е малку повеќе време. Ви гарантираме дека при користењето на веб страницата која е искреирана од наша страна нема никогаш да пронајдете никакви багови, проблеми, грешки итн…Веб страниците ги креираме за да бидат стабилни и лесно надградливи/скалабилни и во иднина. Веб страницата ќе биде респонзивна на сите уреди (десктоп, таблет, мобилен). Со изградба на ваков тип на веб страница вие сте апсолутни сопственици на истата и вашиот бизнис ќе биде обезбеден со стабилно решение кое нема рок и е подготвено да ги конвертира вашите посетители во клиенти.
Мобилни респонзивни Веб страници
Околу 90% од корисниците на интернет, пребаруваат на мобилен уред. Дали вашата веб страница е респонзивна на мобилни уреди, таблети итн? Ние дизајнираме Веб страници кои се целосно респонзивни за на мобилни уреди и вашите клиенти ќе бидат задоволни бидејќи од каде и да ја прегледаат вашата веб страница, таа ќе изгледа одлично.
Нема скриени трошоци или пак клаузули за сопственост
Некои компании од оваа област всушност ве залажуваат да подпишете договор за одржување на вашата Веб страница. Доколку после некое време, сакате да престанат со одржување на веб страницата, според договорот или можат да ја задржат вашата веб страница, или ќе ви побараат дополнителни средства за да си ја одкупите вашата веб страница. Кај нас, вашата веб страница е во 100% ваша сопственост.
SEO оптимизација – Бидете пред вашите конкуренти
Вашиот веб-сајт треба да биде видлив – Кога ќе кажеме видлив, мислиме за веб пребарувачите како Google. Над 90% од онлајн соработките започнуваат преку пребарување, така што вашата веб-страница треба да биде SEO оптимизирана според најновите тактики и стратегии.
Кога корисниците ќе пребараат некој клучен збор кој го содржи вашата веб страница, вие ќе се појавите во првите 3 места на резултатите од пребарувањето. Кога станува збор за SEO оптимзација, морате да разберете дека ова е една од клучните работи преку кој вашиот бизнис ќе генерира клиенти, постојано и постојано.
Безбедна Веб Страница
Вашата веб-страница мора да биде безбедна. Доколку на вашата веб страница треба да се внесат лични и осетливи податоци, тогаш вашата веб страница мора да поседува валиден SSL сертификат и дополнителни безбедносни заштити. Доколку вашата веб страница е правилно заштитена, тогаш Google ќе го забележи тоа и ќе ви помогне подобро да се рангирате на резултатите од пребарувањето.
Брзина
Вашата Веб Страница потребно е да биде брза – Вашите посетители имаат трпение да чекаат одприлика 4 секунди за да се вчита страницата. Доколку чекањето трае повеќе од тоа, 40% од нив ќе си заминат и ќе отидат на друга веб-страница. Нашите веб страници се одлично оптимизирани и ги складираме на “Lite Speed” сервери кои се неверојатно брзи.
Зошто компаниите се презадоволни од нашите Веб Дизајн услуги?
На пазарот има навистина многу компании кога станува збор за Веб Дизајн, па зошто би не одбрале нас? Ние ја разбираме суштинската потреба од квалитетна Веб Страница. Ние знаеме успешно да искомбинираме повеќе работи и на тој начин ние всушност нудиме целосен пакет.
Една успешна веб страница потребно е да има неверојатен модерен изглед, одлична брзина, супер SEO оптимизација, респонзивен дизајн и различни функционалности кои ќе работат беспрекорно. Нашата компанија всушност нуди и дополнителни услуги кои го дополнуваат пакетот:
– Компатибилност на Веб Страницата со сите типови на веб пребарувачи
– Интеграција со социјални мрежи
– Целосен пакет за SEO оптимизација
– Графички дизајн услуги (Погледнете целосна листа со сите услуги)
– Мултимедија (Креирање на секакви промотивни видеа)
– Поврзување на Веб страницата со Google Analytics и Google Search Console
– Одржување на Веб страници
И повеќе!
Добивате Веб страница која ќе биде 100% во ваша сопственост – за разлика од многу други компании кои го држат вашиот веб-сајт како заложник. Ќе бидете изненадени доколку дознаете колку компании во оваа област имаат скриени клаузули во нивните договори.
Кажете ни за вашите бизнис цели, заедно ќе смислиме каква Веб страница најдобро ќе му одговара на вашиот бизнис. Заедно ќе одлучиме за нејзиниот изглед, кои функционалности треба да ги содржи итн… Јавете се на нашиот телефонски број и договорете средба која буквално ќе го промени вашиот бизнис.