Нарачајте интернет продавница

Naracajte internet prodavnica, Нарачајте интернет продавница

Со рапидниот раст на популарноста на интернетот и технолошкиот напредок, значително е олеснето купувањето на вашиот омилен производ или услуга онлајн, бидејќи тоа можете да го направите преку вашиот компјутер или мобилен телефон. Онлајн кориснниците преку своите лап-топ компјутери, таблети, па дури и мобилни телефони можат да направат повеќе работи, вклучувајќи и купување па дури и продажба на производи преку Интернет. Сумирано, луѓето во денешно време навистина лесно можат да водат сопствен бизнис преку својот лаптоп, мобилен телефон итн…

8 причини зошто треба да имате веб-продавница

Со брзиот раст на онлајн пазарот, тука го поставуваме прашањето, зашто вие да немате сопствена онлајн продавница преку која ќе генерирате профит? Погледнете ги овие 8 причини зашто треба да имате сопствена веб продавница.

1. Огромен пазар


Веб-продавницата ќе ви даде можност да допрете и да ги понудите вашите производи и услуги на најразлични клиенти ширум светот, без оглед на растојанието и временската зона. Вашата веб страница работи 24 часа на ден, 7 дена во неделата и доколку дозволите ние да ја искреираме, ќе добиете квалитетна веб страница, SEO оптимизирана, респонзивна, ултра брза и со преубав изглед. Таа ќе ви биде највредниот продавач.

2. Проширете го својот бренд

Можете да ја диверзифицирате вашата палета на производи за да ја зголемите продажбата на нематеријални/виртуелни производи како Е-книги, албуми, песни, филмови итн, кои можат да се продаваат во вашата онлајн продавница како виртуелни производи.

3. Повисока стапка на конверзија

Веб продавница води до повисока стапка на конверзија. Што значи ова? Поголема е веројатноста потенцијалните купувачи да купат производ или услуга онлајн каде што веднаш ќе можат да ја направат својата нарачка одколку да чекаат ред или отварање на некоја продавница.

4. SEO Оптимизација на вашата веб страница

Со добра SEO оптимизација, вашата веб-страница ќе се појавува меѓу првите резултати на пребарувачите како Google кога некој ќе пребара клучен збој кој го содржи вашата веб – продавница. Исто така препорачливо е да ги користите социјалните мрежи како што се Фејсбук и Твитер за градење на доверба меѓу вашите клиенти преку критики, рејтинзи, коментари итн… Исто така потребно е постојано да ги информирате вашите клиенти преку редовни објави за вашите производи, понуди, попусти итн…Преку овие начини можете значително да ја зголемите бројката на посети на вашата веб-продавница.

5. Конфор зона

Се повеќе и повеќе интернет корисниците ја ценат удобноста на онлајн шопингот, наместо да трошат часови и часови во потрага по физички продавници, луѓето сега купуваат преку интернет додека се дома или во движење. Не секогаш временските услови ни дозволуваат да излеземе и да прошетаме до некоја продавница бидејќи некогаш врне дожд, снег, некогаш е жешко, ладно итн…Едноставно ваквиот тип на купување ни овозможува кога и да посакаме и од каде и да посакаме да купиме некој продукт или услуга кои ни се допаѓаат.

6. Помалку тековни трошоци


Без сомнение, многу поевтино и полесно можете да ги продавате вашите производи и услуги онлајн на вашата веб страница заразлика од тоа да имате физичка продавница за која ќе треба да плаќате сметки, кирија, вработени итн…На овој начин можете да си дозволите да имате пониски цени заразлика од вашата конкуренција, а тоа е огромен плус.

7. Помалку ризик

Онлајн продавница ви овозможува да генерирате профит но со значително помал ризик заразлика од физичката продавница. Онлајн продавницата има значително помалку трошоци од физичка продавница, полесна е за менаџирање и не сносува никаков ризик околу крадење или оштетување на роба.

8. Првиот впечаток е најважен

Вашите потенцијални купувачи моментално донесуваат одлука дали ќе купат нешто на вашата страница или не. Доколку им се допаѓа естетски како изгледа вашата страница, доколку им изгледа безбедна, доколку има квалитетен опис на производите кои ги продавате и доколку имате наведено која е вашата политика во врска со испораката на производите, тогаш верувајте дека потенцијалните купувачи постои огромна шанса да се претворат во ваши редовни купувачи. Од огромна важност е да употребувате квалитетни слики за преставување на вашите производи, бидејќи секогаш првиот впечаток е најважен.

Ние нудиме модерни, утлра брзи, SEO оптимизирани, безбедни и респонзивни Веб-Продавници кои се во состојба да ви донесат огромен профит. Контактирајте не на следниот линк. Веб страници.

Scroll to Top