Како да сетирате и употребувате “Wacom” таблет за цртање

Graficki tablet za fotografi i graficki dizajneri, Графички таблет за фотографи и графички дизајнери

Таблет за цртање Wacom е тип на влезен уред за компјутер кој е исклучително корисен за сите фотографи и графички дизајнери. Додека најчестиот начин за употребување на компјутер е со глушец и тастатура, ова не е секогаш најкорисно. Уредувањето или ретуширање на фотографии кај графичките дизајнери со глувчето може да одземе многу време.

Многу е поприродно за сите уметници, фотографи или пак графички дизајнери да користат пенкало или четка за креирање, ретуширање и корегирање на своите фотографии. Таблетите за цртање на Wacom ви го овозможуваат токму ова.

Бренд

Wacom е многу познат бренд кој ги произведува овие графички таблети ултра сензитивни на допир. Постојат и други поевтини брендови на пазарот но, повеќето фотографи и дизајнери ќе се одлучат за брендот Wacom.

Екран

Некои од професионалните и скапи модели на Wacom таблетите всушност се монитори со екран на допир. Ова им овозможува на фотографите уште поголема флексибилност, бидејќи така можат да видат што точно уредуваат или корегираат.

Мулти-допир

Додека сите современи лап-топи имаат мулти-допир, оваа опција е уште подобра на Wacom таблетот. Мулти-допирот го олеснува зумирањето на фотографиите и понатамошните опции и задачи се значително олеснети.

Сигурен

Една од најдобрите причини за купување Wacom таблет е затоа што тие се екстремно сигурни. Овие таблети работат многу добро и вистински професионалци можат да се потпрат на нив.

Scroll to Top