Како да стилизирате / додадете коса во Фотошоп

Naucete kako da dodadete/rekreirate kosa vo Fotosop, Научете како да додадете/рекреирате коса во Фотошоп

Косата има премногу детали и природни варијации па затоа може да биде еден од најголемите предизвици за стилизирање и рекреирање во Photoshop. Всушност целиот процес би можел да биде навистина едноставен доколку ги одберете вистинските алатки и ги направите вистинските чекори.

Во овој одличен туторијал од “Photoshop Training Channel”, објаснети се неколку навистина едноставни техники кои ќе ви помогнат да додадете, пополните па дури и да рекреирате нова реалистична коса за неколку минути.

Пред да започнете со процесот на додавање на нова коса, важно е прво да го одредите обликот на косата кој сакате да го постигнете. Во примерот на сликата, за да додадеме сосема нова коса, сакаме добро дефинирани рабови и чист и природен изглед. Во поголем дел од случаевите за селектирање на косата можеме да ги употребиме алатките “Magic Wand и Lasso Tool” но постојат и покомплексни проекти за кои мораме да ја употребиме алатката “Pen Tool”.

Во оваа ситуација нема да ја користиме алатката Pen Tool, но доколку сакате да ја совладате оваа алатка проверете го овој туторијал од PHILEARN Master the Pen Tool.

Scroll to Top