Веб страна – Нарачајте, но овие работи земете ги во предвид

Нарачајте веб страна но причитајте ги следниве работи

Колку често сте слушнале некој да каже дека му е потребна веб страна? Идејата звучи одлично, но изградбата на веб страница од нула не е лесна задача. Има многу параметри кои треба да се запазат при самата изградба. Сепак, услугите на Арт Дизајн се секогаш достапни за да им помогнат на сите оние на кои им е потребна професионална веб страна изградена по сите стандарди.

Изградбата на веб страна е сложен процес. Доколку компанијата што ви ја изработува веб страницата нема доволно знаење или не сака да потроши многу време, тогаш вашата веб страница може да биде неорганизирана, хаотичина, спора, не респонзивна, со багови и грешки. Прочитајте 5 клучни работи кои треба да ги запазите кога нарачувате веб страница:

1 – Сервис за хостирање

Секогаш првиот чекор пред да се започне со изградба на веб страница е наоѓање на квалитетна хостинг компанија. Доколку не изберете квалитетен хостинг, вашата веб страна може да биде спора и често да биде падната/неактивна. Ние во Арт Дизајн секогаш ги користиме хостинг услугите на Gohost.mk. Хостингот е екстремно брз, поддршката од нивните агенти е одлична, а цените се и повеќе од прифатливи.

2 – Елементи на дизајн

Откако ќе избереме хостинг компанија, треба заедно да одлучиме каков вид на веб страна сакате да искреираме. Може да биде информативна веб страна, интернет продавница, блог за споделување на вести, веб страница која сте ја виделе некаде и сакате иста таква.. Треба да размислите за распоредот и бројот на секции кои сакате да бидат имплементирани во мени (насловна, за нас, контакт..) Исто така треба да се размисли и за типот на дизајн кој треба да биде искреиран, дали сакате чист, минималистички дизајн со фокус на содржината или сакате интересен обоен дизајн зачинет со анимации и интересни графички елементи.

3 – Функционалност

Кога ќе почнете да размислувате за функционалности кои сакате да се имплементираат на вашата веб страница, треба да размислите каква ќе биде интеракцијата на корисниците со вашата веб страна. Под функционалности ги рачунаме сите оние работи кои вршат одредена функција на веб страницата (онлајн калкулатор, онлајн плаќање, гледање на видеа, пребарување по клучни зборови на самата веб страница итн..)

4 – WordPress

Сигурно се прашувате што е WordPress и зашто е толку широко употребуван.. Ова е систем / платформа која дозволува креирање од брзи и лесни веб страници до екстремно комплексни веб решенија. Самиот систем дозволува употребување на плагини и теми кои овозможуваат креирање на секаков вид на веб страници.

5 – SEO – Оптимизација за на интернет пребарувачи

Оптимизацијата за на интернет пребарувачи (SEO) се однесува на техники кои се користат за да се подобри видливоста на вашата веб страна на интернет пребарувачите. Треба вешто да се оптимизира вашата веб страна со клучни зборови, за кога одреден клиент ќе пребара некоја услуга или производ што вие го нудите, да излезете меѓу првите на резултатите на Google.

Што значи добра веб страна?

Тоа значи сајтот да биде лесен за навигација и разбирање. Добриот дизајн треба да биде доволно интуитивен за секој да може да го користи без да има потреба од инструкции. Тоа не значи дека морате да го објаснувате или означите секој елемент на вашата страница. Корисниците не треба да се мачат за да пронајдат одредени работи на вашата веб страница. Наместо тоа, тие треба лесно да го лоцираат она што им е потребно.

Употребливост

Тоа значи сајтот да биде лесен за навигација и разбирање. Добриот дизајн треба да биде доволно интуитивен за секој да може да го користи без да има потреба од инструкции. Тоа не значи дека морате да го објаснувате или означите секој елемент на вашата страница. Корисниците не треба да се мачат за да најдат одредени работи на вашата страница. наместо тоа, тие треба лесно да го лоцираат она што им е потребно.

Респонзивност на сите уреди

Стотици милиони луѓе ги користат Фејсбук, Google и други слични платформи како нив за пронајдат корисни информации и услуги. Замислете дека вашиот потенцијален клиент пронаоѓа линк до вашата веб страна. Што доколку сите ваши страници не се целосно оптимизирани за на сите уреди? Најверојатно ќе изгубите потенцијален клиент. Факт е дека корисниците се навикнати на практични фонтови, менија и банери кои лесно може да се контролираат со помош на мобилен телефон или таблет. Нарачајте респонзивна веб страница на сите уреди и не дозволувајте да загубите ниеден потенцијален клиент.

Веб страна која ќе ви донесе повеќе корисници

Осигурајте се дека вашата страница изгледа одлично. Првиот чекор за добивање поголем сообраќај е да се осигурате дека вашата страница изгледа професионално. Доколку вашиот сајт изгледа неуредно или е преполн со информации, корисниците најверојатно веднаш ќе ја напуштат вашата страница.

Кроз целата веб страница потребно е да има копчиња за контакт на повеќе локации (call to action – CTA). Целта на овие копчиња е суптилно да ги натерате вашите посетители да преземат акција односно да нарачаат производ / услуга или пак да ве исконтактираат.

Бидејќи ваша одговорност е содржината / текстот што треба да го обезбедите за да се вметне на веб страницата, вклучете клучни зборови во вашата содржина. Клучни зборови се имињата на вашите производи или услуги. Пример, клучни зборови на Арт Дизајн се: Веб дизајн, веб страна, графички дизајн итн.. Клучните зборови се од суштинско значење за оптимизација на интернет пребарувачите. Тие му помагаат на Google да одреди кои секции на вашата веб страна се релевантни за одредени пребарувања.

Исто така визуелните елементи се многу важен сегмент за една веб страна. Иако текстот е неопходен и сликите служат како моќен начин за комуникација со корисниците. Истражувањата покажуваат дека визуелната содржина е често пати поефикасна и од пишаната содржина.

Заклучок

Нарачајте веб страна која ќе биде респонзивна, модерна, со сите функционалности кои ви се потребни и гледајте како вашите посетители се конвертираат во ваши верни клиенти. Сите сегменти кои ги напоменавме погоре ќе ги имплементираме и на тој начин ќе добиете екстра веб страница која значитечно ќе го подобри вашиот бизнис. Контактирајте не на следниов линк за повеќе информации, а ние ќе ве водиме низ целиот процес.

Scroll to Top