Изработка на веб страна – Дали е навистина скапа инвестиција?

Квалитетна веб страна, Kvalitetna veb strana

Без оглед на тоа каков вид на бизнис имате, во денешно време, поседувањето квалитетна веб страна е клучен дел од трговијата. Вашите клиенти се онлајн а вашите конкуренти рангираат високо на Google со нивните квалитетни веб страници. Тоа е доказ дека модерна и квалитетна веб страница е неизбежна инвестиција која треба да ја направите. Сигурни сме дека досега барем еднаш сте се заинтересирале за изработка на веб страница, па сте побарале понуда од низа компании и сте доживеале шок кога сте ги виделе цените кои ви ги испратиле. Ајде да откриеме што е тоа што ја прави изработката на веб страница релативно скапа инвестиција.

Разлика помеѓу добра и лоша веб страна

Како прво, да се даде едноставен одговор на прашањето зашто изработка на веб страница е скап процес е малку тешко. Тоа е исто како да прашате, колку чини автомобил? Има различни видови на веб страници и сите варираат во цена. Секако дека можете да најдете пријател, роднина или одредени компании кои ќе ја направат вашата веб страница за малку пари, но во 95% од случаевите вие ќе завршите со неквалитетна веб страница која ќе искреира непрофесионална слика за вашата компанија.

Можеби веб страницата ќе биде искреирана со помош на готова тема, која не нуди скоро никакви можности за костумизација, можеби веб страницата ќе се вчитува премногу долго, нема да биде респонзивна на повеќе уреди (лаптоп, мобилен, таблет..), можеби информациите и производите кои им се потребни на посетителите нема да бидат лесно достапни..Сите овие работи се клучни за посетителот кога ја остваруваат првата интеракција со вашата веб страница.

Спротивно на тоа, квалитетната веб страница ќе се вчитува брзо, ќе биде лесна за навигација, ќе има директен пристап до клучните информации, ќе биде оптимизирана добро на сите уреди, ќе биде скалабилно изградена (лесно надградлива во иднина), ќе се појавува на Google кога некој ќе пребара некоја услуга или производ кои вие ги нудите. Квалитетен веб сајт е клучен за вашиот бизнис, но тоа не значи дека треба да го претплатите. Затоа внимателно ќе ви објасниме од кои параметри зависи цената кога нарачувате веб страна.

Разбирање на трошоците за веб-страница

Навистина не можеме длабоко да навлеземе во прашањето “Зашто веб страниците се толку скапи” без да ви ги објасниме следните фактори кои се клучни за формирање на цената при изработка.

Функционалност

Всушност, најважниот фактор од сите, кога станува збор за изработка на веб страница е како таа ќе функционира. Каква ќе биде интеракцијата на веб страницата со вашите клиенти, каква ќе биде нејзината брзина, нејзиниот изглед, нејзината респонзивност, доколку продавате производи, како би функционирал системот со нарачки и наплата.. Сите овие фактори додаваат додатен слој на време и труд кои придонесуваат за зголемување на цената.

Уникатен дизајн

Ние многу често ја споредуваме изградбата на веб страна со изградба на куќа. Најпрвин треба да се започне со заеднички план, за да се одредат сите клучни работи кои веб страницата треба да ги содржи – Може веб страницата ќе биде изградена со едноставен дизајн или ќе содржи посложени визуелни елементи, со позадини, анимации, слајдери, спуштачки менија итн…

Домен и хостинг

Домејните се едноставни. Домејнот е името на вашата веб страница. Тоа е уникатна адреса која ќе ги насочува корисниците на вашата веб страница. www.google.com, Facebook.com, GraphicDesign.mk итн..Домејните чинат одприлика 800-1000 денари на годишно ниво.

Хостингот едноставно кажано е место каде што живее вашата веб страница. Тоа е место на сервер каде што вашиот веб сајт е сместен. Постојат многу хостинг компании кои нудат различни видови на сервери, технологии и навистина често избирањето на квалитетен хостинг е сложен процес. Ние, во Арт Дизајн, имаме тестирано многу различни хостинг компании. Па затоа го најдовме клучот за како да им обезбедиме на нашите клиенти брз сервер кој ќе го чува нивниот сајт на безбедно и ќе направи вашиот сајт да се отвара навистина брзо.

Различни типови на веб страни

Цената на веб страницата многу варира кај различни видови на веб страници. Колку повеќе функционалности интегрирате, толку повеќе цената оди нагоре. Постојат многу видови на веб страници – Информативи веб страници со МАЛКУ секции, информативни страници со МНОГУ секции, веб продавница со онлајн плаќање, веб продавница БЕЗ онлајн плаќање, веб страници за собирање на информации од корисниците, блогови итн..Најважно од се е кога нарачувате веб страница да знаете точно што ви е потребно. Да ја размислите структурата на менито, кои секции би ви биле потребни, на колку јазици би сакале да биде, како би ги претставиле вашите производи и услуги, дали би имале додатна функционалност која би сакале да биде интегрирана..Доколку мислите дека ви е потребна помош околу одлучување за тоа каква веб страна ви е потребна, слободно исконтактирајте не.

Добро, тогаш кои се овие различни типови на веб-страници?

Супер, стигнавме до тука. Сега ќе ви кажеме што да очекувате кога нарачувате веб страница. Забележувате дека цените варираат во зависност од вашите потреби, во зависност од каков тип на веб страница сакате. Прочитајте за различните видови на веб страници

Landing/лендинг страна

Ова е во суштина страница која се креира на постоечки веб сајт. Понекогаш некои компании имаат потреба од нова страница/секција на нивната веб страна за да прикажат некоја нова промоција, да спроведат маркетинг кампања итн.. Исто така се употребува доколку имаат нарачано изградба на нова веб страница па новата лендинг страница да се стави како насловна страница додека целата веб страница не е изработена.

Компаниски веб сајт

Поголемиот дел од веб страниците се компаниски веб страници. Тоа значи дека веб сајтот генерално е сочинет од 5-10 страници (може и повеќе), претставени се сите компаниски услуги, галерии, податоци итн..Целта на ваквиот тип на веб страници е посетителите да ја разгледаат палетата на услуги и производи што компанијата ги нуди и да може да прочитаат повеќе за самата компанија.

Веб продавница / Интернет продавница

Интернет продавниците се всушност мини форма на веб апликација. Самата веб страна крие голем систем на позадински функционалности. Клиентите треба да бидат во можност да ги разгледаат вашите производи и категории, да можат да ги филтрираат, да можат да разгледаат спецификации за истите, да можат да ги внесат во кошничка и да ги купат. Дополнително може да се вметнат и огромен дел на други функционалности, во зависност од потребите на клиентите. Генерално, ваквиот вид на веб страници чинат најмногу пари споредбено со сите видови.

Блог – Веб страна за споделување на вести

Блогот е тип на веб страница која располага со систем за споделување на различни видови на вести. На веб страницата има насловна страна која функционира како архива за вести, а самите вести се поделени по различни категории. Вестите може да се споделуваат на социјални медиуми, а позадински на веб страницата може да се брои колку пати биле посетени/прочитани, споделени итн… Примери за ваков вид на веб страници се:

Мотика
Кајгана
Точка
Инфомакс

Завршен дел

Добро сме запознаени со моменталниот пазар и знаеме на кој начин функционираат и работат македонските компании. Знаеме дека се обидуваат на месечно / годишно ниво да ви наплатат за ВАШАТА веб страница, знаеме колку се недостапни кога ви е потребен совет или помош и знаеме колку се скапи нивните услуги. Ние работиме рамо до рамо со вас кога нарачувате веб страница. Се обидуваме да ви го олесниме целиот процес при изградба на веб страна. Знаеме дека целиот процес често знае да биде збунувачки, но ние сме тука постојано. И како што напоменавме, ќе ви помогнеме и ќе ви одговориме на сите прашања и нејаснотии кои ги имате.

Одржување

Одкако веб страницата ќе биде изработена, поставена и целосно средена, истата треба да се одржува. Разберете ја веб страницата како ваше милениче и воедно ваш најдобар продавач. Таа треба да се чува на одреден начин. Ние одкако завршуваме одредена веб страна, секогаш снимаме серија видеа каде што ви објаснуваме како најдобро да се грижите за веб страницата и што точно треба да правите. Во тие видеа ви е објаснето се што треба да правите со вашата веб страница. Секако, доколку сеуште имате нејаснотии или прашања, во секое време можете да не исконтактирате.

Заклучок

Живееме во доба каде што дигиталниот напредок е огромен, а вашиот бизнис треба да е присутен на интернет просторот повеќе од било кога. Клиентите најпрвин ја пребаруваат услугата која им е потребна на интернет, па потоа ја порачуваат. Ова значи дека доколку вие не сте на интернет со квалитетна веб страница, вашите конкуренти ќе ја имаат првата импресија со интернет корисниците.
Постојат безброј платформи и начини за како да порачате веб страница во денешно време. Доколку не сте сигурни како да започнете, исконтактирајте не на следниот линк, а ние вниматлено ќе ве водиме низ целиот процес.

Scroll to Top