Веб страница – Нарачајте веднаш

Дали ми е потребна веб страница за мојот бизнис? 10 причини зошто секогаш одговорот е да

Доколку вашиот бизнис стигнал до тука без веб страница, сигурно се прашувате: дали на мојот бизнис му е потребен веб сајт? Која е поентата на веб страницата кога мојот бизнис и без неа е доста успешен?

Да ви одговориме на кратко, никогаш не постоело подобро време од сега за да порачате модерна, брза и респонзивна веб страница. Со модерен веб сајт вашиот бизнис има огромен број на придобивки, а некои од тие добивки се зголемуваат експоненцијално од година во година.

Сеуште не сте убедени? Составивме десет најголеми придобивки кои вашиот бизнис би ги имал доколку имате модерна веб страница.

1. Веб страницата креира професионална слика за вашиот бизнис

91% од денешните потрошувачи мислат дека веб страницата го прави вашиот бизнис покредибилен заразлика од компаниите кои имаат само профили на социјалните мрежи. Вашиот веб сајт е исто така совршено место за покажување на сите сертификати, награди или позитивни коментари што ги има вашиот бизнис.

Плус, доколку имате веб страница, ќе можете да користите брендирана е-мејл адреса (ВашетоИме@ИметоНаВашатаСтраница.мк) што го зголемува нивото на професионализам низ целата комуникација на клиентот со вас. Исто така доколку сакате во иднина да користите одредени маркетинг алатки, не би можеле тоа да го направте со ваш личен мејл преку Gmail, outlook, yahoo итн..Потребно е да имате бизнис е-мејл адреса како што ја наведовме погоре.

2. Вашата веб страница ќе привлече нови клиенти преку Google

Можеби сте задоволни со моменталната големина на вашиот бизнис, но секоја компанија доживува обрт на клиентите. За да поттикнете континуиран успех, треба да привлечете нови клиенти, а еден од најдобрите начини да го направите тоа е да бидете видливи на Google. Клучот до нови клиенти е нова/модерна веб страница. Клиентите кога би барале одредена услуга на Google, услуга која вие ја нудите, вие ќе им излезете на резултатите од пребарувањето.

Потенцијалниот клиент ќе влезе на вашиот веб сајт, ќе ги разгледа услугите/производите кои ги нудите и ќе ве исконтактира. Тоа е нов клиент кој не би можеле да го фатите доколку немате веб сајт. Ова поконретно се нарекува SEO оптимизација. Ние ја оптимизираме вашата веб страница да се појавува на резултатите од пребарувањето доколку некој ја пребара вашата услуга или производ.

3. Прикажете ги вашите производи и услуги

Можете да ги прикажете вашите производи или услуги преку слики, описи, видеа итн..Клиентите секогаш сакаат детално да ги разгледаат услугите кои ги нудите, а најдобар начин за ова е да ја посетат вашата веб страница. На овој начин се чуствуваат по уверени околу услугата која сакаат да ја купат од вас. Веб страницата е совршен начин за да ги убедите вашите потенцијални клиенти да го направат вистинскиот избор и да порачаат некој од вашите производи или услуги.

4. Можете да ги прикажете вашите коментари и препораки

Прикажувањето на најдобрите критики и препораки на вашата веб страница е одличен начин да се воспостави социјален доказ. Ова може да се прикаже во форма коментари на производ, на насловна страна, да се прикажат коментарите од вашиот Google бизнис. Исто така доколку вашиот бизнис се појавил во некој весник/списание или некој популарен блог, можете да го прикажете и тоа. Погледнете ја следнава слика како пример:

5. Веб страницата ги поттикнува клиентите да ве исконтактираат

Веб страницата е одлично место за вашите клиенти да можат лесно да ве исконтактираат. Можете контакт информациите да ги вметнете најгоре на веб страницата (над менито или пак во самото мени) и клиентите да ги гледаат постојано. На тој начин ќе овозможите полесен начин за клиентите да може да ве побараат. Во контакт страницата ќе имате контакт форма преку која што клиентите ќе можат да постават одредено прашање кое на вас ќе ви пристигне на е-мејл.

Исто така можеме да интегрираме чат преку кој што клиентите би можеле да ве контактираат 24/7. Чатот може да се интегрира заедно со Facebook, со мобилна апликација, со десктоп апликација итн..Сите можности кои ги нудиме го олеснуваат значително начинот за клиентите да можат да стапат во контакт со вас.

6. Приказ на вашиот бизнис на Google Maps

Можете да го прикажете вашиот бизнис на Google Maps директно на вашата веб страница. На овој начин клиентите ќе можат лесно да ја откријат вашата локација за да можат да ве посетат. Можете да видите пример на следниот линк: Art Design локација

7. Бидете пред вашата конкуренција

Од 2021 година, 74% од малите бизниси имаат веб страници. 81% од интернет корисниците ги истражуваат работите кои планираат да ги купат преку интернет. Со други зборови, доколку вашите конкуренти се онлајн и имаат модерна веб страница, а вие не сте или пак имате застарена веб страница, тие ја добиваат првата интеракција со клиентите, наместо вас.

Имањето на веб страница ви дава простор да го претставите вашиот бизнис во најдобро светло, да ја воспоставите вашата улога во индустријата и да се поврзете со клиентите на кои им требаат вашите услуги.

8. Олеснет процес при порачување на веб страница

Порано порачувањето на веб страница беше сложена процедура, а сега ние значително ви го олеснуваме целиот процес. Стартно ви поставуваме еден краток прашалник кој што потребно е да го одговорите. Потоа ви креираме прецизна понуда со се вклучено (што ќе содржи веб сајтот, која технологија ќе биде употребена, начин на креирање, рок на изработка, цена итн..) Пред да започнеме со креирање на веб страницата внимателно дознаваме како сакате да изгледа, кои функционалности сакате да ги содржи итн..Изгледот на веб сајтот го дефинираме заедно.

Доколку имате забелешки, секогаш постои можност за корекции. Се што ќе постои на веб страницата ќе може да се менува и корегира (текстови, бои, слики, менија, позадини, анимации, сенки, слајдери, категории, страници, и огромен број на елементи). Ви гарантираме дека дизајнот и архитектурата на веб сајтот ќе бидат модерни и современи. Буквално се ќе биде искреирано според најнови стандарди и правила кои важат во веб дизајнот.

9. Веб страницата го обезбедува вашиот успех на подолг рок

Во 2021 година, речиси 4,66 милијарди луѓе (59,5% од светската популација) активно го користат интернетот. Во многу земји тој број е многу поголем. Во САД, на пример, над 90% од луѓето се онлајн. Во Р.Македонија, во 2021 година интернетот го користат одприлика 62% од популацијата. Без веб страница, вашиот бизнис практично е невидлив за овие луѓе. Како што напредуваме понатаму во дигиталната ера, вашиот бизнис ќе стане невидлив за сите, освен доколку не инвестирате на време во современ веб сајт.

10. Нарачајте веб страница без да потрошите цело богатство

Пред 5-10 години изградбата на веб страница чинеше многу повеќе пари споредбено со денес. Арт Дизајн е тука за да ве воведе во целиот процес при нарачување на веб страница и се трудиме внимателно да ги дознаеме вашите потреби. Ние не наплаќаме на месечно или годишно ниво. Веб страницата ја плаќате еднократно и вие сте нејзин апсолутен сопственик. Секогаш сме тука за вас, односно било каков проблем и да имате, секогаш можете да не исконтактирате за да ви помогнеме да го решиме проблемот

ЗАКЛУЧОК, дали мојот бизнис има потреба од веб страница?

Се надеваме дека до сега разбравте дека прашањето не е “дали мојот бизнис има потреба од веб страница” туку “дали мојот бизнис може да си дозволи да НЕМА веб страница во оваа дигитална ера”. Доколку сакате да продолжите да напредувате на подолг рок и да бидете пред вашите конкуренти, тогаш морате да имате веб страница. Запаметете, вашите конкуренти се оналјн, а вие не сте. Или сте, но со застарена веб страница која не зрачи со професионалност и кредибилитет.

Доколку имате било какви прашања, слободно исконтактирајте не, а ние ќе се обидеме се да ви разјасниме.

Scroll to Top