Зошто е важно да се има модерна веб-страница?

Дали сте на брод што тоне?

Ако вашата компанија не бележи зголемување на бројот клиентите и се борите да ги исполните вашите цели, можеби ќе сакате да ја анализирате вашата најважна маркетинг алатка: вашата веб страница. Можеби самите сте ја создале вашата веб-страница и мислите дека изгледа добро… но дали?. Можеби сте работеле со веб дизајнер… пред десет години. Можеби вашата веб-страница привлекува голема публика… но погрешна.

Содржината и дизајнот на веб-страниците се многу променети во текот на последната деценија. Да се има модерна веб-страница е клучно за бизнис успехот, а нејзината важност често се потценува. Многу сопственици на мали бизниси се на ист брод. Тој брод можеби тоне, но вие не сте сами.

Вашата веб-страница може да биде спас за вашиот бизнис

Размислете за ова: што прават повеќето луѓе кога бараат решение или се заинтересирани да купат? Тие одат на Интернет и пребаруваат. Вашата веб-страница е најверојатно првото искуство што потенцијалните клиенти го имаат со вашата организација/компанија. Преку вашата веб страница клиентите учат за вашите производи или услуги, тие комуницираат со вас и одлучуваат дали да го купат вашиот производ/услуга.

Дали знаете? Потребни се само 2 секунди за посетителите да направат проценка за вашиот бизнис базирана од вашата веб страница. 40% од потенцијалните клиентите ќе ја напуштат вашата веб страница доколку е вчитувањето трае повеќе од 3 секунди.

Клиентите носат одлуки дури 60% базирани на изгледот на компаниската веб страница. Врз основа впечатокот од веб страницата, тие решаваат дали ќе стапат во подетален контакт со компанијата и дали ќе нарачаат производи/услуги од истата.

Веб страницата е огледало на вашиот бизнис

Вашите потенцијални клиенти бараат онлајн решенија за нивните проблеми и бараат корисна содржина. Тие очекуваат брзина, читливост, респонзивност и естетски убаво претставени услуги. На кратко, очекуваат квалитет.

Откако ќе пристапат на вашата страница, на потенцијалните клиенти им е потребно само 2-3 секунди за да одлучат дали би ги употребиле вашите услуги/производи. И тоа е ако воопшто успеат да ја пронајдат вашата вашата веб страница на интернет.

Модерен и респонзивен дизајн.

Во денешно време, веб страниците може да се гледаат од многу различни видови на уреди, вклучувајќи десктоп компјутери, лаптопи, таблети и мобилни телефони. Затоа е важно да го оптимизирате искуството што го имаат луѓето при прегледување и интеракција со вашата страница. Текстот мора да биде лесен за читање, содржината треба да биде едноставна за навигација, а скролањето треба да биде брзо и ефикасно. Покажете дека се грижите за штедење на времето и енергијата на вашите клиенти.

SEO оптимизација

Истражувањето на клучни зборови е критичен дел од оптимизацијата за пребарувачите. Кога луѓето имаат одредени потреби, тие не пребаруваат на интернет според типот на бизнис што може да им даде решение, туку тие го пребаруваат самиот проблем. Истражувањето на клучни зборови ви помага да одредите кои зборови, фрази и реченици купувачите ги користат за да го пронајдат решението за нивниот проблем. Со овие информации, можете да ја оптимизирате вашата содржина за да можат вашите клиенти со задоволство повторно да се вратат на вашата веб страница.

Веб страница развиена специјално за потребите на клиентите

Да бидеме искрени, само затоа што се грижите за историјата, зад вашите производи, услуги или вашиот бренд не значи дека вашите клиенти се грижат за овие работи. Пред да ја редизајнирате вашата веб-страница, од клучно значење е да дознаете за што се грижат вашите клиенти. Не не разбирајте погрешно, многу често историјата на вашата компанија е од исклучителна важност за клиентите. На овој начин ќе дознаат од кога постои вашата компанија, потекло на вашите производи и слично. Затоа потребно е да најдете златна средина кога се работи за претставување на вашиот бизнис. По оваа анализа може да искреирате веб страница која прецизно им го нуди она што им е потребно на вашите клиенти.

Искреирана на платформа со квалитетен CMS (WordPress)
CMS платформа е апликација која ви овозможува да уредувате, организирате, дизајнирате и објавувате содржина на вашиот веб сајт. Денес е речиси невозможно да се управува со функционална веб страница без квалитетен CMS. Постојат многу CMS платформи, но наша топла препорака секогаш е WordPress.

SEO оптимизација

Го кажавме ова и претходно, и ќе го повториме: за секоја успешна маркетинг стратегија, содржината е најважна. Содржината е мамка што привлекува квалитетни купувачи на вашата веб страница. Со тоа што ќе им понудите на вашите посетители нешто вредно, ќе ги задржите ангажирани за да можете успешно да ги конвертирате во клиенти. Затоа, вашата веб страница мора да вклучува блог, кој постојано ќе го освежувате со нови содржини.

Доколку го причитавте сето ова и не знаете од каде да започнете, слободно исконтактирајте не, а ние ќе ве советуваме како да порачате кај нас веб страница.

Scroll to Top