Какви веб страници нудиме?

Kakvi Veb Stranici Nudime, Какви Веб Страници Нудиме

Интернетот е огромен. Во моментов постојат милиони активни веб страници и сите се натпреваруваат за одреден дел од вниманието кое онлајн корисниците го пружаат секојдневно. Кога почнувате бизнис и сакате нова веб-страница, можеби не е најпаметно да размислувате за големата слика, за огромната конкуренција на пазарот. Она што ви е најбитно е да имате подобра Веб Страница од онаа на вашата конкуренција. Веб страница која ќе генерира клиенти за вас.

Има многу различни типови на веб страници и треба навистина добро да размислите пред да ангажирате компанија која ќе ги го гради вашиот веб-сајт. Не грижете се, ние сме тука за вас.  Ви прилог ќе ви прикажеме 10 типови на веб страници, сите се уникатни и сите можат да ви донесат профит, во зависност од начинот на кој ѓи употребувате.


1. Онлајн продавница


Е-трговија или онлајн веб продавница е веб страница на која луѓето можат директно да купуваат производи од вас. Веројатно веќе сте користеле голем број на интернет продавници како што е Aliexpress, и претпоставуваме дека знаете на кој начин функционираат. Одкако ќе добиете готова веб продавница начинот  на кој функционира е следен: Поставувате производи за продажба на вашата веб страница, цена за истите, во која категорија спаѓаат, опис и толку е вашата работа. Потоа одкако некој од вашите корисници ќе купи одреден производ, во зависност каква е политиката на веб страницата, или вие ќе треба да го доставите производот, или они треба да го подигнат од некоја претходно договорена локација.

Бидејќи во Македонија немаме PayPal, начинот на кој ќе ви легнуваат средствата е малку поразличен. Првично ќе треба да имате регистрирано компанија на која ќе легнуваат средствата од продадените производи. Исто така потребно е да се направи договор со некоја од Македонските банки (Комерцијална банка, Стопанска банка итн…) Одкако ќе се направат сите потребни тестови од нивна страна со вашата веб страница и доколку е се во ред, ви даваат зелено светло за онлајн продажба.

2. Бизнис веб-страница


Бизнис веб-страница е секоја веб-страница која е наменета за претставување на одреден бизнис. Веб страницата потребно е да го има истиот визуелен идентитет како вашиот бизнис (за веќе постоечките клиенти да препознаат дека позади таа веб страница стои вашата компанија) и да се пренесат услугите или продуктите кои ги нуди вашата компанија.

Дефинитивно секој бизнис потребно е да има веб страница. Тоа го очекуваат вашите клиенти. Компанија која нема веб страница онлајн корисниците можат да претпостават дека е несериозна, а тоа е веќе изгубен потенцијален клиент. Разберете го следново: Веб страница е вашиот најдобар продавач. Веб страницата продава и кога вие сте зафатени, кога спиете, кога јадете итн.. Веб страницата е тука за вашиот бизнис 24/7 и доколку е квалитетна, и одлично оптимизирана, ќе се изненадите од приходите кои ќе ви ги донесе.

3. Забавни Веб Страници


Огромен дел од интернет корисниците преферираат интернетот да го користат за забавни цели. Посетуваат најчесто забавни веб страници како што се: Мотика, Кајгана, Точка итн…
Повеќето од овие веб-страници генерираат профит преку објавување на реклами на нивните веб страници. Рекламирање на приватни бизниси, Google Adsense банери итн…

Доколку сакате да започнете забавен веб-сајт, имате навистина голем избор на различни забавни категории. Можете да правите смешни или информативни видеа, да пишувате забавни блог статии итн… Внимавајте доколку превземате статии, видеа или слики од други веб страници, тоа да го направите стриктно со нивна дозвола и да напишете извор на крајот на вашата статија.

4. Портфолио Веб-страници

Портфолио Веб страници служат за прикажување на своите претходно изработени проекти, дела, претходни работи позиции итн…Ваквиот тип на веб страници всушност претставуваат ваше лично портфолио кое можете да го покажете на вашите клиенти, доколку сте во потрага по работа, можете да го покажете кај работодавците итн.  Овој тип на веб страници всушност најчесто се употребуваат од страна на креативни професионалци, хонорарци, фриленсери бидејќи во секое време можат да ги прикажат своите вештини и способности кај нивните клиенти.

Sekakvi tipovi na Veb Stranici, Секакви типови на Веб Страници

5. Веб страници за вести

Медиумските веб-сајтови се информативни веб страници за моменталната состојба во општеството, државата и целиот свет. Тука можете да ги пронајдете најпопуларните вести во врска со општеството, технологијата, политиката итн… Овој тип има одредени преклопувања со веб-страниците за забава, но поголемиот дел од медиумските веб-страници покрај забава имаат и многу други посериозни категории.

Генерирањето профит на овие веб страници е исто како и на забавните веб сајтови, преку поставување на реклами на самиот сајт. Ваквиот тип на веб страници се одлична прилика за да ги информирате онлајн корисниците со корисни и интересни вести, а они за возврат ќе ве наградат со нивното присуство на вашата веб страница. Доколку задржите континуитет со објавување на релевантни вести, верувајте ни дека за многу брзо време ќе имате лојална публика која редовно ќе ја посетува вашата веб страница.

6. Веб-страница Брошура


Ваквите веб страници се поедноставена форма на деловните веб-страници. Овој тип на веб страници се за бизниси кои се свесни дека дека им е потребно онлајн присуство, но не сакаат да инвестираат многу во веб страница. Ваквиот тип на веб-сајтови е сочинет од само неколку страници кои ги објаснуваат основите на она што го работите, некоја слика од вашиот продукт/услуга и контакт страница.

Ваквите веб-сајтови можеа многу често да се сретнат во минатото, но сега кога корисниците се толку широко распространети на интернетот, навистина многу поретко можеме да сретнеме вакви веб страници.

7. Непрофитна веб-страница


Без разлика дали имате потреба од профит, веб страниците се неопходна алатка без која буквално не се може во денешницата. Непрофитните организации имаат потреба од веб сајт преку кој ќе можат да ги собираат потребните донации, и каде што луѓето ќе можат да прочитаат за самата организација и да одлучат дали сакаат да ја подржат.

Доколку имате потреба или размислувате да отворите непрофитна организација, тогаш изградбата на веб-страница за вашата организација е клучен чекор во докажувањето на вашиот легитимитет и достигнувањето до повеќе луѓе. Можете да го користите за промоција на проектите кои ги изработила вашата организација, да ги поттикнуваат следбениците да преземат акција, односно да донираат доколку им се допаѓа некој проект или некоја цел за која би сакале да се заложат.

8. Едукативна веб-страница


Веб-страниците на образовните институции и оние кои нудат онлајн курсеви спаѓаат во категорија на образовни веб-страници. Овие веб-страници имаат примарна цел да обезбедат едукативни материјали за посетителите. Некои од начините за генерирање профит преку ваква веб страница е поставувањето на реклами како и кај забавните и медиумските веб страници. Доколку решите да имате курсеви на вашата едукативна веб страница можете да ги продавате или пак да продавате месечна/годишна претплата за премиум пристап до материјалите.

9. Лична веб-страница

Не се сите веб страници направени за да генерираат профит. Многу од луѓето наоѓаат вредност во создавањето на лични веб-страници за да ги споделат своите креации, дела, песни, текстови со останатиот дел од светот. Во оваа категорија спаѓаат личните блогови, веб страници со мотивациони видеа, веб страници со фотографии итн… Понекогаш се случува овие веб-страници да се испопуларизираат до степен каде што би можеле да почнат да заработуваат солидно, секако доколку сопственикот на веб страницата се согласи на оваа промена.

Навистина важно за овие веб страници е да имаат примамлив изглед, естетски да изгледаат убаво и да имаат интеграција со социјални медиуми. На овој начин веб страницата може да ја дознаат многу повеќе луѓе. Доколку веб страницата е одлично оптимизирана (SEO) посетеноста може да се зголеми многу повеќе.

10. Веб портал

Веб порталите се често веб-страници дизајнирани за одредени внатрешни цели во бизнисот, организацијата или институцијата. Тие собираат информации во различни формати од различни извори на едно место за да ги направат сите релевантни информации повеќе пристапни за луѓето на кои им се потребни. На овие веб сајтови често пати се вградува систем за логирање на корисници каде што ќе можат да внесат одредени информации или свои лични ставови.

Веб порталите генерално се покомплексни веб страници за креирање и потребни се искусни веб дизајнери за да направат ваков веб сајт без грешки при функционирањето.

Naracajte veb stranica, Нарачајте веб страница

Каква веб страница ви е потребна?

Првиот чекор кој ќе треба да го направите е да дефинирате каква веб страница ви е потребна. Потоа можеме заедно да решиме како сакате да изгледа, бои, текст, елементи, функционалности кои би сакале да ги има вградено итн…Закажете изградба на Веб Страница, а ние ќе се погрижиме да добиете веб страница која ќе изгледа модерно, ќе биде ултра брза, одлично SEO оптимизирана, целосно респонзивна и што е најважно, ќе генерира профит. Можете да не контактирате тука: Креирање на веб страници.

Scroll to Top