Топ 17 дизајни за пакување на храна

Top 17 dizajni za pakuvanje na hrana, Топ 17 дизајни за пакување на храна

Без оглед на тоа во која индустрија сте, Дизајнот е насекаде каде што ќе погледнете, вклучувајќи го и пакувањето на храната. Многу е важно дизајнот на пакувањето да биде привлечен и веднаш воочлив, бидејќи така се креира бренд, име, слика за одреден производ. Иновативен дизајн на пакување на храна ви овозможува точно да знаете што има внатре во теглата гледајќи ја само  етикетата. Одличен дизајн е оној кој е функционален и изгледа одлично.

Пакувањето на призводот игра многу важна улога кога станува збор за разликување на вашиот производ од останатите слични производи. Осигурајте се дека дизајнот на вашиот производ е во согласност со вашиот бренд. Бојата, големината, формата и материјалите што се користат во вашето пакување мора да бидат во согласност со идентитетот на вашата компанија.

Во прилог можете да погледнете навистина интересни и креативни пакувања на производи кои се разликуваат од останатите.

1. Картонот на млекото менува боја кога е близу до истек на датумот на употреба

На овој начин вие сте предупредени каков производ купувате. Многу пати се случува да купите производ со истечен рок бидејќи не сте го забележале во продавницата. Со ова пакување не можете да направите таква грешка. Исто така кога станува збор за дизајн за ваков тип на производи ве советуваме да користите нежни бои како што е сината, бидејќи таа симболизира мир, спокој, сигурност… Додека пак црвената и портокаловата симболизираат опасност, предупредување итн…

2. ToGo Burger

Меѓу нај креативните и нај практичните амбалажни дизајни се најде и дизајнот на “TOGO Burger”. “Seulbi Kim” минатата година беше награден во “Core77 Design Awards” за креирање на оваа иновативна амбалажа за храна. Ким го претстави пакетот “to-go” кој е навистина погоден и практичен за корисниците, бидејќи пакетот користи помалку хартија од просекот и го намалува нередот за лесно пренесување и транспорт на храната.

3. Jif Lemon Juice

Ова е еден од единствените производи кои амбалажата е направена од пластика но изгледа идентично како лимон. Површината на амбалажата е покриена со кора од лимон за да биде супер реална на допир.

4. Кесички со чај во форма на златна рипка

Чајната кесичка е исечена во форма на златна рипка. Обликот на златна рипка почнува да се формира кога чајната кесичка се става во топла вода. Овој уникатен и иновативен дизајн дизајн прави да се забавувате додека го пиете чајот. Со ваков дизајн компанијата загарантирано ќе го одвлече вашето внимание и нема лесно да остане заборавена.

5. Тестенини Никита Пакување

Дизајнерската агенција Никита креативно го употреби обликот на шпагетите за да создаде привлечна и фасцинантна серија на пакување за тестенини кои го привлекуваат вниманието на полиците во супермаркетите. Квалитетен и креативен дизајн навистина може неверојатно да влијае врз продажбата на вашиот производ.

6. “Molocow” Млеко

Интересен и забавен дизајн креиран од страна на компанијата “Imedia”, кој навистина им се допаѓа на децата. Овој интересен дизајн всушност наликува на НЛО објект кој преку зрак светлина подига и киднапира крави. Самиот триаголнест облик на стакленото шише наликува на зрак светлина.

7. Цветни кесички за чај

Компанијата за производство на чај именувана како “Samova” излезе со иновативен производ за чај. Кога ќе ставте чајна кесичка во топла вода и одкако ќе одстои одредено време, таа полека се формира во оригами цвет кој изгледа прекрасно. Интересен и иновативен дизајн кој дефинитивно заслужува пофалба.

8. Пакување на мед направен од восок од пчели

Оваа компанија за правење на мед се фокусира пакувањето да биде 100% направено од восок од пчели за подоцна да може да биде изгорено како свеќа, а тоа го прави да биде пријателски настроено кон природната средина. Оваа компанија е насочена кон оние потрошувачи кои се свесни за околината околу нив, а пак таквите потрошувачи уште повеќе го ценат овој производ поради таа причина.

9. Пакување за пржени компирчина со џебче за кечап

Пакување за помфрит со мало џебче за кечап од предната страна креирано од “Dong Jiang-uestc, Zhongshan”, институтот е победник во категоријата дизајн на пакување, 2016-2017 година. Малото џебче на предната страна служи за да го исцедите пакетчето со кечап во него, наместо на нехигиенската хартиена подлога. Луѓето секогаш сакаат да го истискаат пакувањето со кечап а потоа да си земаат од него директно со нивниот помфрит. Ова идејно решение заслужува пофалби.

10. Пакување на јајца изработено од сено

Одржливо пакување за јајца изработено од сено кое со помош на топлина се ообликува во класично пакување за јајца. Овој тип на пакување овозможува меко лежиште на јајцето, па дури и значително го намалува ризикот за кршење на јајцата при пад и удар. Притоа пакувањето е направено од природни материјали и не ја загадува природната средина.

11. Пакување на чипс кое се претвора во чинија

Блум Чипс е интересно пакување кое при отварање се шири и создава своја чинија. Концептот “Блум чипс” освои награда “Црвена точка” за нејзината забележлива уметност и беше дизајниран од дизајнерот Дојхук Квон. Дизјанерот уживал во пакување на чипс Pringles, кога забележал дека при крајот на пакувањето нивото на чипсот опаднало до ниво каде што не можел да го дофати со своите прсти. Па затоа се решил да направи подобрено пакување каде што потрошувачите не би имале таков проблем.  Идејата е толку зачудувачка и прекрасна што навистина заслужува да биде наградена.

12. Пакување кое може да се јаде

“KFC” во моментов експериментира со една идеја каде што ви служат пијалок во чаша која што по завршувањето можете да ја изедете. Чашата е направена од состојки кои се јадат, како на пример: шекерни подлоги, бело чоколадо…Овој тип на дизајн ќе биде одличен за сите оние кои се залагаат за почиста природна средина.

13. 6 порции Италијански шпагети

Овој атрактивен и визуелно привлечен дизајн на шпагети е креиран од дизајнерот Нил Флечер. Постојат многу начини за мерење на количина на шпагети, но никогаш не би можеле да ја измерите како што би била измерена при самото пакување. Овој дизајн содржи 6 еднакви порции во него. Пакувањето е пријателски настроено кон животната средина и наместо да го фрлите би можеле и понатаму да го употребувате за мерка во вашата кујна.

14. Пакување на пуканки

Визуелно прекрасен дизајн кој навистина ве примамува да го купите. Оваа компанија ја раскажува нивната приказна, како и на кој начин успеале да го создадат прекрасниот вкус на пуканките на самото пакување, а со тоа и креираат близина со нивните потрошувачи.

15. Чоколади во форма на боја за цртање

Дизајнот на пакувањето е креиран од страна на графичкиот дизајнер “Nendo” за компанијата “Seibu” во Јапонија. Навистина изгледа како колекција на маслени бои, Но, овие “бои” се навистина прекрасни за јадење и ви даваат детско чувство на возбуда при отворање ново пакување со бои. Пакувањето содржи чоколади во форма на туби со боја, навистина е тешко за препознавање дека навистина се работи за чоколадо.

16. Шишиња за маслиново масло “Callegari”

Тоа е Шпански производ дизајниран од страна на фирмата “Pereira and O’Dell”. Овој дизајн е прекрасен и луксузен и навистина прилега на самиот производот. Тимот создаде неколку пакувања со шпански мотив, вклучувајќи шише што наликува на капка масло. Пакувањето дава вибрација на екстремно луксузен и елегантен производ, а не само на обично шише со маслиново масло.

17. Кутии за храна Briaura Artisan Foods

Пакувањето вклучува микс од смеса за правење на различни јадења кое не содржи никакви ГМО состојки. Дизајнот е топол, пријатен и дава емоција на традиционална Италианска кујна.

Заклучок

Ние сме сигурни дека после оваа статија ќе имате инспирација и покреативни идеи за да искреирате подобар дизајн за вашите производи. Можете секогаш да искреирате дизајн и да се консултирате со професионални Графички дизајнери во нашата компанија или пак слободно можете да дојдете во Арт Дизајн студио па заедно да најдеме идејно решение за вашиот производ.

Scroll to Top