Како да ја монетизирате вашата веб страница?

Kako da napravite pari onlajn, Како да направите пари онлајк

Барате начин како да заработите пари онлајн? Се обидувате да дознаете како да го монетизирате вашиот веб сајт? Еве 11 работи што можете да ги направите за да ја монетизирате содржината на вашиот блог или веб-сајт.

Многу од луѓето кои се заинтересирани во оваа област чезнеат да дознаат како да направат “брзи пари онлајн” и често попставуваат ваков тип на прашања:

“Уморен/на сум од напорна работа. Како можам да направам веб-сајт за да можам да заработам пари без да работам толку многу?”

Јас лично секогаш се будам себеси со тие прашања. Повеќето од богатства “заработени во фотелја” се заработуваат бидејќи сопственикот на компанијата напорно работи кога повеќето од луѓето гледаат телевизија, отишле на пијачка итн.

3 Фактори кои се клучни за онлајн заработка

Постојат три основни фактори кои треба да се земат во предвид кога барате начин за монетизирање на вашата веб-страница или блог:

  • Фокусот на вашата веб страница
  • Колку се подготвени клиентите да потрошат за услугите во вашата област?
  • Големината на вашата публика

Како општо правило, колку е помала вашата публика, толку е поголема веројатноста дека ќе морате да заработите пари преку некоја форма на продажба на производи (да продавате нешто изработено од самите вас или да добиете процент за продажба на производи или услуги на друга компанија. ) Колку е поголема вашата публика, толку е поголема веројатноста дека можете да направите пари со поставување реклами на вашата веб-страница или блог. И колку повеќе вашата публика троши на производи и услуги поврзани со вашата област, толку повеќе пари ќе можете да направите од приходите од реклами и / или продажбата на производот.

Имајќи ги овие фактори на ум, прочитајте ја листата на начини за онлајн заработка подолу и одберете ги најдобрите стратегии за монетизација на вашиот сајт. Запомнете, исто така дека не треба да се ограничите на само еден начин на заработка. Најдобар план е да се развие стратегија за повеќе приливи на приходи. Очекувајте големината на приходите да порасне, паралелно со порастот на популарноста на вашата веб страница.

Најчести начини за монетизација на вашата веб страница

1. Продавајте ги своите производи онлајн

Без разлика каков вид на производи продавата, можете да ги продавате директно преку вашата веб страница, под услов веб страницата да има можност за онлајн плаќање и да имате испланирано како ќе ги доставувате производите до купувачите. Во Македонија овој тип на онлајн плаќање е возможно само доколку поседувате фирма преку која можете да отворите сметка во некоја од Македонските банки. Доколку би имало PayPal во Македонија, се би било поразлично.

2. Монетизирајте ја вашата муза

Имате роман во себе? Или веќе сте го напишале, но не можете да ја убедите издавачката куќа да го купи? Продадете го онлајн, директно на вашата веб страница. Ќе се збогатите и ќе станете познат? Можно е, но најверојатно не, бидејќи процесот е по прилично сложен. но, ќе станете објавен автор и можеби ќе направите малку пари во процесот. Потоа можете да искреирате и продадете водич за тоа како да го објавите и продадете вашиот прв роман.

3. Продавајте ги вашите услуги онлајн

Користењето на вашата веб-страница за онлајн промоција на вашите услуги или пак на вашиот бизнис е по прилично едноставно. Имајте привлечна, модерна веб страница која ќе има содржина околу промоција на вашата експертиза. Имајте во предвид дека секој напис и секоја страница на вашиот сајт треба да вклучува информации за контакт, услугите кои ги нудите, начинот на вашата работа (доколку мислите дека тоа е битно за клиентите да го знаат). Доколку продавате услуги во полето на дизајнот или пак нешто визуелно, би требало да вклучите страница со портфолио. Доколку вашите услуги не можат да се визуелизираат, вклучете страница со студии (студии спроведени врз основа на претходно изработени проекти). Не заборавајте да ставите секција за контакт на секоја страница! Ако е некој заинтересиран, тие треба да бидат во можност брзо да ја забележат контакт секцијата. Дополнителен совет: Доколку имате некој кој може да одговори на телефон за време на бизнис часовите, направете го вашиот телефонски број на страницата  “повик-на-клик” за да може да им се олесни на луѓето кои користат паметен телефон за да ве повикаат.

4. Одржувајте семинари за обука преку вебинари или телесеминари

Наплаќајте за присуство. Или пак дозволете им на посетителите да присуствуваат на настанот во живо бесплатно, но да платат сите оние кои сакаат да имаат снимена копија од настанот. Не заборавајте да имате снимена копија од сите ваши вебинари и телесеминари

5. Купете производи од магацини на големо и продавајте ги посебно.

Тука е потребно да се оди полека. Пред да купите големо количество на стока, бидете сигурни дека постои пазар за производот и дека имате добар начин да ги одведете клиентите до вашата веб продавница. Во оваа ситуација е многу битно да имате обезбедено начин за испраќање на продуктите. Во случај доколку некој не е во вашата област, а сепак сака да го купи вашиот производ.

6. Станете партнер за други компании

Ова е еден вид на партнерска продажба, правите пари кога некој ќе кликне на специјален линк од одреден продукт на вашата веб-страница. Тој продукт всушност вие не го поседувате, туку го препродавате. Кога клиентот кој ќе го кликне линкот на вашата веб страница тој автоматски е редиректиран на оргиналната страна со продуктите кои вие ги препродавате. Одкако клиентот ќе го купи производот одкако е редиректиран од вашата веб страница, вас ви следува процент. Со ваков тип на продажба одприлика заработувате околу 30% од вредноста на продуктот. Можете да отидете на веб-страниците на некои од овие компании кои нудат партнерски договори како: ShareASale.com, Conversant и Rakuten Affiliate Network и барате трговци кои имаат добри понуди кои знаете дека ќе ја заинтересираат публиката на вашиот веб-сајт. Ако сакате лично да ги сретнете трговците со кои сакате да соработувате,  размислете за присуството на Affiliate Summit. Успехот на вашите партнерски продажби ќе зависи од многу нешта. На кој начин всушност вие планирате да го рекламирате производот? Колку е квалитетна вашата веб страница? Дали е добро оптимизирана? Колку сообраќај може да издржи вашата веб страница? Во оваа ситуација продажбата на производите на вашата веб страница ќе зависи од начинот на кој што сакате да ги рекламирате и продавате овие производи.

7. Бидете платени за пополнување на форми

Овој тип на продажба обично вклучува да убедите некој за да пополни формулар и да обезбеди негови информации за контакт за да може трговецот (оној за кој работите) да продолжи со продажниот повик и маркетинг стратегиите. Формуларот може да биде на вашата страница или на страницата на трговецот. За да бидете платени потребно е оној кој ја пополнува формата да ги остави сите потребни информации и формата да биде целосно пополнета.

8. Направете пари преку кликање на реклами

Најпозната од овие мрежи е Google Adsense но, и други мрежи исто така може да ви донесат квалитетен приход. Вие всушност поставувате реклами на вашата веб страница, колку повеќе луѓе кликнат на рекламите, толку повеќе пари ќе земете. За да имате успешна заработка во оваа ситуација потребно е да донесете што повеќе луѓе на вашиот веб сајт.

9. Продавајте претплати на вашата веб страница

Ако имате одредена содржина која би сакале клиентите да ја плаќаат на месечно ниво за да ја имаат, тогаш овој тип на продажба е совршен за вас. За да заработите, мора да им понудите на претплатниците нешто што не можат да го добијат на друго место или пак не можат лесно да ја пронајдат на друго место. Некои примери: Форум ( Место специјализирано за одредена тематика каде што голем број луѓе би можеле да се консултираат и да разговараат меѓу себе),
Онлајн видеа, онлајн курсеви итн.. Доколку размислите сигурни сме дека ќе дојдете до многу слични идеи на нашите. Покрај месечните претплати што ги продавате, можете да продавате и дополнителни производи на вашите членови.

10. Собирајте донации

Никој не сака да моли за пари, но доколку имате лојални фанови на вашиот сајт побарајте да донираат одредена сума на пари за да можете да го одржувате веб-сајтот и понатака.

11, Дополнителни начини да заработите пари кои намерно не ги вклучивме во оваа статија

Всушност постојат неколку вида на заработка кои ние намерно не ги набројавме во оваа статија поради тоа што сметавме дека се не етички – Заработување преку давање одлична рецензија на вашата веб страница за одреден производ, наплаќање за поставување на статија на вашата веб страница која ќе биде линкувана со веб страницата на оние кои платиле. Ваквиот вид на заработка во голем број од случаевите е не етичка па дури по некогаш и не законска.

Постојат илјадници други начини за заработка и монетизација на вашата веб страница. Бидете креативни, посетете и анализирајте ги веб страниците кои имаат огромен број на дневен сообраќај. Размислете на кој начин успеале во тоа и пробајте да ги примените нивните методи на вашата веб страница.     

Scroll to Top