Зашто нашите веб страници вредат толку многу?

Veb dizajn - Veb stranici koi vredat mnogu, Веб дизајн - Веб страници кои вредат многу

Водењето бизнис може да биде навистина скапа инвестиција.

Секаде каде што ќе погледнете некој бара пари од вас – уште една месечна претплата за најновиот софтвер, маркетинг конференција за која умиравте да отидете или пак за еднодневна работилница која што едноставно не смеевте да ја пропуштите. Сите овие трошоци константно се зголемуваат.

Па, како можете да го оправдате трошењето 500-1500€ на сосема нова веб страница?

Колку наплаќаме?

Вистина е, ние наплаќаме малку повеќе од некои други компании кога станува збор за дизајнирање на вашата веб-страница. Ќе бидам искрен; не треба да платите 600 € + за нова веб-страница. Постојат компании кои ќе бидат пресреќни за 300 € да ви изработат веб страница. Па зошто би платиле повеќе? Тоа е добро прашање. Прашање на кое се надевам дека добро ќе ви одговорам во оваа статија.

Зборувавме со многу сопственици на бизниси кои “се обидоа да заштедат пари” со креирање на евтина веб-страница. Многу малку разбираат дека за неполна година ќе им треба нов веб сајт бидејќи постоечкиот нема да им донесе никаква продажба на услугите кои ги нудат.

Погледнете го мејлот кој го добивме пред некој ден.

  • “Имаме веб страница која ни ја изработи компанијата ********. Не е доволно брза како што ветија дека ќе биде, дизајнот не ни се допаѓа воопшто и што е најбитно скоро па и не добиваме никакви повици преку неа, не остваруваме никаква продажба… Дали можете да ни помогнете? “

Оваа е само една од сличните пораки кои ги добиваме барем неколку пати месечно, и тоа докажува едно…

Не се изградени сите веб страници на ист начин.

Постојат огромен број на потенцијални замки кога се креира веб страница, безброј погрешни насоки, затоа верувајте дека ви е многу битно да изберете квалитетна компанија. Постојат многу разлики помеѓу добра веб-страница и лоша веб-страница, и ако не ја ангажирате вистинската компанија, можеби ќе завршите со губење на пари наместо да направите многу повеќе.

Квалитетен наспроти неквалитетен веб-сајт

Под површината, постојат многу клучни разлики помеѓу добра наспроти лоша веб-страница. Вашата цел треба да биде да ги избегнете лошите квалитети по секоја цена.

Неквалитетни веб-страници;

  • Премногу време е потребно да се вчита веб страницата
  • Конфузна навигација
  • Визуелно не привлечна веб страница
  • Клучните информации кои ви се потребни е тешко да се пронајдат
  • Текстовите не се доволно јасни
  • Веб страницата е не респонзивна на мобилни уреди
  • Не можете да ја пронајдете на веб пребарувачи како: Гугл, Бинг итн…
  • Листата продолжува …

Добри веб-страници;

  • Брзо се вчитува
  • Естетски привлечна – Во тек со најновите трендови
  • Јасна навигација
  • Ги содржи сите потребни политики
  • Сите клучни информации се лесно достапни
  • Дизајнирана специјално за мобилни уреди
  • Видлива и лесно достапна на веб пребарувачите
  • Листата продолжува

Цената на “евтин” веб-сајт може да изгледа попривлечно за да започнете, додека не сфатите дека не ви носи никакви клиенти. Тогаш ќе треба да потрошите повеќе време и повеќе пари за редизајнирање на вашиот веб-сајт.

Зошто нашите веб страници вредат повеќе?

Со текот на годините сфатив дека нашите ПРОЦЕСИ ја прават најголемата разлика. Времето и фокусот што ги вложуваме при креирањето на вашата веб страница е она што ќе ја направи успешна.

Подолу ги разложив сите клучни моменти за да разберете зашто Art Design Studio е поинаква компанија од останатите и зашто можеме да понудиме квалитет што ретко кој може да го понуди.

Ние вложуваме време за да ги разбереме вашите потреби

Пред да започнеме со дизајнирање на вашата веб-страница сакаме целосно да го разбереме вашиот бизнис и потребите на вашите клиенти. Ние се запознаваме со вашите индустрии, конкуренти и каде се наоѓате моментално на пазарот. Тоа ни овозможува да изградиме веб-сајт кој навистина може да “разговара” со вашите клиенти за да изградите доверба со нив.

Без да вложиме време за целосно да го разбереме вашиот бизнис, како можеме да се осигуриме дека вашиот нов веб-сајт е прилагоден на вашата компанија и потребите на вашите клиенти?

Секојдневно се среќаваме со веб-страници со лоши перформанси и никогаш не успеваат да ја вратат вложената инвестиција, бидејќи го прескокнуваат овој прв чекор. Тие брзаат за директно да започнат со фазата на дизајнирање без прво да го извршат истражувањето.

Ќе ве советуваме по патот кој го одите

По фазата истражување, започнуваме да го креираме вашиот веб-сајт со вашата крајна цел на ум – без разлика дали е тоа зголемување на продажбата, собирање е-мејл адреси или рекламирање на брендот. Ние креираме веб-страници кои го прават она што вам ви е потребно. И за да успееме во тоа, ќе бидеме максимално искрени со вас во целиот процес.

Почнуваме со креирање или пак употребување на вашата постоечка бизнис фраза која ќе биде лесно воочлива на почетната страница. Фраза која ќе може да го долови она што вие го работите и правите најдобро.

Ќе бидеме искрени и ќе ви кажеме кога мислиме дека нешто нема да функционира, врз основа на нашето долгогодишно искуство околу градење на веб-страници кои конверитраат посети во заработка. На крајот одлуката е ваша, но сметаме дека нашите клиенти го ценат нашиот искрен став и заедничките напори кои ги во вложуваме за постигнување на нивните цели.

Ние исто така постојано ќе ве советуваме како да добиете најмногу од вашиот сајт. Веб-страницата не треба да ја чувате под стаклено ѕвоно! Треба да расте органски. Затоа сме ние тука, за да ве советуваме и да креираме “СЕО подготвена” веб страница.

Исто така ќе имате многу прашања во текот на целиот процес и ќе сакате некој да ве советува. Еве некои вообичаени прашања кои ни ги поставуваат секојдневно.

  • Како можам да соберам пораки на мојата веб-страница?
  • Треба ли да ангажирам експерт за да ми ги прегледа и корегира сите текстови?
  • Како можам да гарантирам дека онлајн сообраќајот до мојот веб сајт нема да се намали кога ќе ја лансираме новата веб страница?
  • Дали ми е потребно интегриран онлајн чат на мојата веб страница?
  • Треба ли да ангажираме професионален фотограф за да ја исполниме нашата тимска страница

Како што реков претходно, додека трае процесот на изработка ние практично сме ви партнери. Па затоа ние сме тука за да го извадиме максимумот од секоја дадена ситуација. Некои веб-дизајнери бледо ќе ја”искреираат” вашата веб-страница. Значи најверојатно земаат нејасна идеја и ја претворат во ваша онлајн брошура. И тоа е тоа, они се убедени дека завршиле со нивната работа.

Ова може да биде поевтина опција, но ќе бидете заглавени со веб-страница која не изгледа добро и најверојатно никогаш нема да ви ја врати вложената инвестиција. Нашата помош и совети им овозможи на нашите претходни клиенти да видат драматично зголемување на сообраќајот и приходите.

Пофални зборови од компанијата Kinetic Group – “Сообраќајот ни се зголеми за 566%

Го сменивме нашиот веб-сајт пред 6 месеци и прејдовме на WordPress платформа. Ги ангажиравме Арт Дизајн Студио. Соработката помина безпрекорно…Се што ветија, исполнија. За 6 месеци нашиот сообраќај е зголемен за 566%, со што сум презадоволен

Пред 6 месеци бевме 184. место на Google. Сега нашиот веб-сајт е рангиран на 5-то место на првата страница на Google. До денес имаме објавено 140 постови, 96% од нив се на првата страница на Google.

~ Kinetic Group ~

Секоја веб-страница што ја креираме всушност ја градиме од нула

Верувале или не, многу веб “дизајнери” всушност не дизајнираат ништо. Тие користат претходно изработени темплејти или теми за да го креираат вашиот веб-сајт. Тие едноставно ќе купат готова тема од Themeforest за околу 30 евра и потоа ќе ја инсталираат на WordPress.

Ова не е воопшто лоша алтернатива доколку го правите тоа сами, но ако плаќате веб-дизајнер а тие употребуваат готови темплејти и теми, што всушност добивате за парите кои ги имате вложено?

Лично, никогаш не ми се допаѓале готови темплејти и теми, бидејќи тие сами по себе се многу рестриктивни. Плус носат непотребен товар со себе, товар кој ја успорува веб страница.

Ние ги градиме сите наши веб-сајтови сосема од нула. Секој наш клиент добива уникатен веб-сајт кој е специјално дизајниран за нивниот бизнис. Нивната веб страница е прилагодена на начин кој директно зборува со целната публика.

Вашата нова веб страница ќе продава за вас.

Вашата веб страница има зададена задача. Супер е кога веб страницата изгледа одлично, но нејзина задача е да генерира продажби. Ние ќе ја дизајнираме вашата веб-страница со посебна намена. Намената на вашата веб страница како што спомнавме претходно, е да генерира клиенти. Наша работа е да ги поттикнеме клиентите преку вашата веб страница да купат одредена услуга или во најмала рака да ве исконтактираат за повеќе детали.

Ова е најдобар начин да се претворат повеќе од вашите посетители во пребарувања и продажба.

Други веб-дизајнери можеби немаат време да изградат веб-страница фокусирана на генерирање продажби. Тие може целосно да го прескокнат овој чекор и најверојатно ќе пропуштите продажби.

Ќе ве поддржиме

Ние сме секогаш тука за да ви помогнеме доколку заглавите. Дури и по изградбата на веб страницата ние ќе бидеме тука за вас и би биле пресреќни да ви помогнеме со одредени проблеми кои ги имате.

Може да направите грешка или случајно да избришете нешто на вашата веб-страница. Но, не грижете се. Слободно можете да ни пратите е-мејл или пак да ни се јавите, секогаш сме тука за да ви помогнеме.

Доколку сакате редовна поддршка од нас, тогаш исто така можеме да креираме и месечен пакет за поддршка врз основа на вашите барања.

За жал, некои компании не работат на овој начин. Најверојатно нема да ве обучат како да ја менаџирате веб страницата и ќе се обидат да ви наплаќаат огромни суми за секоја мала промена. Особено ако сте платиле само мал износ при креирање на веб-страницата. Тие имаат тенденција да продаваат многу евтини веб-страници без никаква обука за користење на самиот веб-сајт за подоцна константно да ви земаат пари за правење на посакуваните промени.

Има шанси да заглавите со веб-страница која нема да можете да ја ажурирате и нема да има постојана поддршка.

Ве учиме како да ја користите вашата веб-страница

Доколку вашата веб-страница биде успешна, ќе треба да имате целосен пристап за додавање, уредување и бришење на податоци во било кој момент. Откако ќе ја изградиме вашата нова веб-страница, ќе ве научиме како сами да менувате/додавате податоци. Ќе имате целосен пристап до контролната табла на вашиот веб-сајт, така што ќе можете да направите ажурирања секогаш кога ќе имате потреба.

Други компании за веб дизајн не ви даваат пристап до вашиот веб-сајт. Тие може да претпочитаат да ја задржат целосната контрола врз вашата страница и да ви наплаќаат да направите одредени  промени. Ова го гледам постојано, а во некои случаи тоа може да чини стотици фунти за да направат мали промени. Дури на крајот и доколку ви даде пристап вие нема да знаете како да го користите веб-сајтот.

Ние ви ги даваме најдобрите алатки за работа

Ние ви ги обезбедуваме сите најдобри плагини за да го направиме вашиот веб-сајт совршен за вашите бизнис потреби.

Вашата веб-страница ќе биде целосно опремена со сите најдобри функции како што се: интерактивна галерија на слики, одлична видео галерија, софтвер за лесно уредување и управување, можности за споделување на социјалните медиуми и многу повеќе. Ги купуваме сите релевантни плагини и ги сетираме, за вие да не морате да се мачите.

Некои други компании ќе ви го дадат минимумот. Тие ќе ви инсталираат бесплатни плагини кои доаѓаат со ограничена функционалност. Овие плагини може да ја забават вашата веб-страница и да предизвикаат проблеми подоцна во функционирањето на веб-сајтот.

Ние го креираме вашиот сајт да биде подготвен и оптимизиран за на веб пребарувачи

Доколку сакате да бидете онлајн, веб страницата мора квалитетно да се оптимизира (SEO) ,а ние ќе треба да бидеме многу внималтени при имплементирање на новите трендови и алгоритми кои ги бараат веб пребарувачите.

Пред да се најавите на Google за резултатите од пребарувањето, тие ќе сакаат да видат дека вашиот веб-сајт одговара на одредени критериуми. Пред да се појавите на Гугл ќе треба да имате исполнето листа на критериуми за да бидете согласни со нивните стандарди.

Некои други агенции нема да ги разгледаат барањата на пребарувачот при изградбата на вашата веб-страница, а со тоа дефинитивно не би се рангирале меѓу првите резултати на Гугл.

Ние константно ви го покажуваме напредокот додека ја креираме вашата веб страна

Во текот на креирање на вашата веб страница, ние ви испраќаме редовни извештаи за постојано да бидете во тек со креирањето на веб-сајтот.

Некои компании ќе ве известат само еднаш или двапати во текот на целиот процес, (обично мора да ги “молите” за да ви дадат увид во она што го сработиле). Ова може да го отежне следењето на процесот, а да не зборуваме доколку не ви се допадне нешто откако ќе го завршат проектот, тогаш речиси е невозможно да ги убедите да ги направат корекциите кои ги сакате.

Да резимираме за крај

Сигурен сум дека откако го прочитавте овој пост разбирате зашто ги наплаќаме цените кои ги напомнавме погоре. Досега имаме докажано дека процесите кои ги употребуваме за креирање на веб страница функционираат одлично! Ваков тип на веб страница можеби чини повеќе од некои компании, но затоа успехот е речиси загарантиран.

Без разлика во која индустрија сте, ние ќе треба да поминеме низ истите чекори за да креираме веб-страница што работи за вас, а не против вас. За повеќе детали околу веб страниците кои ги нудиме погледнете на следниот линк: Одберете веб-сајт

Scroll to Top