4 причини зошто добра веб-страница е од огромно значење за вашиот бизнис

Kvalitetna veb stranica za sekoj biznis, Квалитетна веб страница за секој бизнис

Луѓето се онлајн

Како професионален графички дизајнер, веб дизајнер и мултимедија специјалист, доста често клиентите ме прашуваат  дали навистина веб страницата е неопходна за генерирање на поголем профит и повеќе клиенти? Дали ми помогнала на мене и на мојата компанија? Мојот одговор е секогаш ист … ДА ! Ако сте сопственик на бизнис, дефинитивно треба да имате интернет страница. Еве зошто:

  • Статистичките податоци покажаа дека околу 3,5 милијарди луѓе го користеле Интернетот во 2019 година – скоро една третина од населението на Земјата.
  • Повеќе од 862 милијарди долари беа потрошени од интернет-купувачи во 2021 година.
  • Тековните тенденции за купување покажуваат дека луѓето купуваат сè, од книги, накит, возила до живи акции и недвижен имот.
  • Бројот на луѓе кои секојдневно го користат интернетот е во пораст. Ова значи дека околу 70% од населението на земјата има пристап до него.
  • Онлајн шопинг стана нормална активност за многу интернет корисници. Се покажа дека е полесно и поефтино за нив.

Како што можете да видите, да се биде мала компанија не е воопшто важно кога станува збор за потенцијални бенефиции од постоење на веб просторот.

Подобрете го вашиот кредибилитет

Бидејќи мнозинството од населението на земјата го користат интернетот, веб-страницата е најдобриот начин да му раскажете на светот за вас и за вашата компанија. Ова е исто така одлична можност да им објасните зошто ја заслужувате нивната доверба. Всушност, корисниците на интернет денес очекуваат сите сериозни сопственици на бизнис да имаат веб страница која ќе биде брза за пристапување, модерна и оптимизирана за на мобилен уред.

Оптимизација за на веб пребарувачи (SEO)

Дали кога ќе ги пребарате вашите конкуренти на интернет се појавуваат во резултатите пред вас?
Доколку е така тогаш дефинитивно треба да промените нешто околу тоа, бидејќи од огромна важност е кога потенцијалниот клиент ќе пребара одредена услуга на интернет, да се појавите меѓу првите резултати.

24/7 Изложеност

Нели би сакале секое утро кога ќе се разбудите од спиење и кога ќе ја проверите вашата сметка да видите одлична сума на пари? Нема никаква магија, само реалност за многу претприемачи. Разберете го ова на ваков начин, поседувајќи веб продавница која е брза, доверлива, модерна и оптимизирана за на сите екрани клиентите ќе ја обожуваат. Веб продавницата е подготвена да генерира приход во секое време, утро, навечер, 24 часа во денот… Ваше е само да бидете подготвени и да ги земете работите во ваши раце.

Доколку по читањето на оваа статија, се решивте за изградба на квалитетна веб страница или пак размислувате околу тоа,
посетете го најдоброто веб дизајн студио во Македонија – Art Design Studio

Scroll to Top