Креираме ултра квалитетни Веб Страници

Ultra kvalitetni Veb Stranici, Ултра квалитетни Веб Страници

Како да добиете ултра квалитетна веб-страница која ќе генерира профит за вашиот бизнис? Кои карактеристики треба вашата веб страница да ги исполни? Всушност постојат 9 главни карактеристики кои треба вашата веб страница да ги содржи.


1. Бидете чекор пред вашата конкуренција

Многу компании нудат веб страници изработени на брз начин (3-7 дена), но всушност 90% од веб страниците кои ги нудат генерално делат ист код. Всушност сите веб страници кои ги продаваат на клиентите се исти меѓусебно, со минимални измени. Различни логоа, слики, бои, содржина и по некој различен графички елемент.  Таквите веб страници бидејќи ги има премногу и не се воопшто квалитетни, верувајте ни дека нема да ви ги испорачаат посакуваните резултати.

Верувајте дека е најдобро да имате веб страница која значително ќе се разликува од онаа на вашите конкуренти. Која ќе биде подобра, побрза, ќе има уникатен изглед и ќе биде одлично оптимизирана.  Вашите конкуренти нема да можат да се натпреваруваат со вас.

2. Веб страница за вашиот бизнис

Најдобро решение е да имате веб страница која ќе биде изработена буквално од нула и ќе биде внимателно изработена само за вашата компанија или бизнис. Тогаш ќе имате персонализиран веб-сајт токму за вашите потреби. Потребна ви е веб страница која ќе има неверојатен изглед кој ќе кореспондира со вашиот бренд, а верувајте ни дека клиентите тоа навистина знаат да го ценат. Најдобрата платформа за повеќето веб страници е Ворпрес. Има неверојатно лесен CMS (контролна табла) за користење и одржување на веб страницата.

3. Едноставна навигација

Високо квалитетните веб страници можеби ви звучат комплексно, но тие се наједноставни за користење. Тие всушност имаат многу едноставна навигација преку која секој ќе може да се снајде на веб страницата. Тоа е суштината на една веб страница. Да ги понуди сите услуги на правилен начин, но сепак да може лесно да се пристапи до истите. Веб страница која има прекрасен изглед, квалитетна содржина, одлична брзина и едноставна навигација може да се каже дека е осудена на успех.

4. Веб страница со силна архитектура

Архитектурата на вашата веб-страница е многу битна. Квалитетна веб страница нема непотребни количини на код кои ја успоруваат и водат понекогаш до непотребни грешки. Веб страница која има минимизиран и среден код овозможува беспрекорно користење и неверојатна брзина која е клучна за зголемување на посетеноста на веб страницата.

5. Многу простор за вашата содржина

Веројатно ја имате слушнато фразата “Содржината е Крал на SEO”. Тоа се однесува на содржина на веб страница. Тука се вклучени блог постови, статии, слики, видеа и графики. Од суштинско значење е да имате доволно простор за сите содржини што ви се потребни на вашата веб-страница. Ова не значи поголем број на страници на вашиот веб-сајт, туку повеќе простор за содржини на самите страници. Она што е најбитно е веб страницата да биде во совршена комбинација помеѓу функционалностите (навигација, среден код, архитектура, простор за содржина) и графиката. Од огромна важност е веб страницата да биде визуелно привлечна и модерна, бидејќи првиот впечаток кај вашиот посетител е најважен.

6. Функционалност по желба

Вашиот бизнис е уникатен, а тоа значи дека и вашиот веб-сајт треба да биде уникатен. Доколку ви е потребно вашата веб страница да има одредена специфична функционалност (контакт форми, калкулатори, форми за закажување на посети, регистрирање на корисници итн…) ние без никаков проблем ќе ги искреираме. Ваше е само да бидете концизни и да ни кажете точно што сакате, а за останатото не грижете се.

7. SEO подготвена Веб страница


Професионалните компании за Веб Дизајн знаат дека SEO оптимизацијата е еден од најважните сегменти кога се гради една веб страница. Ова значи дека при креирање постојано треба да се внимава секој елемент да биде правилно оптимизиран. Токму од ова зависи колкав ќе биде бројот на вашите органски посети на веб страницата. Ова всушност значи дека вашата веб страница ќе има значително поголеми шанси да биде пронајдена на Гугл одкако некој корисник ќе пребара некој клучен збој кој го содржи вашата веб страница. На кратко кажано, вашата веб страница ќе генерира значително повеќе клиенти за вас. А од квалитетот на веб страницата зависи дали тие клиенти ќе се решат да купат некоја услуга или производ од вас.

8. Респонзивен дизајн

Еден од главните проблеми со повеќето веб страници во денешницата е не-компатибилноста со различните уреди (таблети, телефони, лаптопи) , па дури и паметни часовници. Дозволете да ви искреираме веб-страница која ќе изгледа одлично буквално на сите уреди, бидејќи не сакаме корисниците да си заминат од вашата веб страница поради не доволно голема прегледност или пак да не можат да се снајдат барајќи некоја услуга.

9. Колку е важен дизајнот?

Убедливо еден од најважните сегменти кај една веб страница е дизајнот. Да почнеме од вас, дали ќе имате исто мислење за една компанија кога ќе дојдете на нивната веб страница и таа изгледа ужасно, старомодно и е нефункционална или пак компанија која има одлична и модерна веб страница со прекрасен распоред, убави бои и целосно функционална? Дефинитивно нема да ги ставите тие 2 компании на исто скалило и доколку би морале да бирате, би ја избрале компанијата со подобра веб страница. Така функционира психологијата на најголемиот дел од интернет корисниците. Затоа не квалитетна веб страница може да биде убиец на вашиот бизнис.

Scroll to Top