Мултимедија

ШТО НУДИМЕ?

Арт Дизајн може да ви помогне околу промоција на вашиот бизнис преку најразлични типови на видеа. Имаме тим од врвни фотографери, сниматели и видео монтажери кои ќе ги разберат вашите уникатни потреби и ќе создадат фотографии и видеа кои ефективно ќе ја пренесат вашата порака. Од планирање и снимање до постпродукција и уредување со специјални ефекти, ние ќе се справиме со секој аспект од процесот на создавање видео за да се осигураме дека вашиот финален производ не е ништо помалку од исклучителен.

НАЈДОБРОТО ЗА ВАС

Има многу начини за да го претставите вашиот бизнис во најдобро светло. Во оваа доба каде што интернетот и дигиталните медиуми преобвладуваат во секојдневието на сите луѓе, видеата и професионалните фотографии се клучни за рекламирањето на вашиот бизнис. Имаме врвна и најнова опрема за снимање, фотографирање и пост-продукција која ви овозможува да имате загарантиран успех и ултра квалитетни резултати. 

Без разлика дали ви треба фотографирање, промо видео, корпоративно видео или снимање на промотивни спотови, имаме искуство и експертиза за да постигнеме врвни резултати.

Снимање

Видеата обично се користат за креирање на едно позитивно искуство со корисниците. Видеата се многу повеќе од нешто што само би го поставиле на вашата почетна страница. Арт дизајн креира секаков вид на монтирани и снимени видеа со цел конверзија на вашите посетители во клиенти и креирање на една професионална слика за вашиот бизнис.

Фотографирање

Artboard анимациите се широко користени за раскажување на вашите приказни преку едноставно видео. Без оглед на тоа што би сакале да објасните, Artboard анимациите треба да им даде на вашите потенцијални клиенти јасно разбирање за она што го правите и да иницира желба за наредни чекори и идна соработка.

Анимирани видеа

Објаснувачки (анимирани видеа) познати и како видеа за на насловна страница, или видеа за конверзија кои се дизајнирани да ја претстават вашата компанија, производ или услуга. Вашите посетители/клиенти на овој начин ќе имаат поголемо разбирање и свесност за услугите и производите кои ги нудите.

Пост продукција

Продукт/сервис видео може да се претстави како видео кое е искреирано од нула и е стриктно за потребите на вашиот бизнис . Овој тип на видеа пред се се графички модерни, интерактивни и што е најважно огромна е веројатноста да ги конвертира вашите посетители во клиенти. Поврзете се со своите посетители и дајте им причина за да ве изберат вас.

Scroll to Top