Како да замените глава во Фотошоп

Naucete kako da smenite glava vo Fotosop, Научете како да смените глава во Фотошоп

Менување на глава во Фотошоп е релативно лесна задача која повеќето од луѓето не би имале проблем да ја реализираат кога би ги имале точните чекори кои треба да ги направат. Се што треба да направите е да го исечете објектот од друга слика и да го монтирате на сликата која ја имате одбрано. Но не е до толку едноставно :).

Морате да го погодите тонот на кожата, осветлувањето околу вас и позицијата на главата која ја монтирате. Во овој видео туторијал од PiXimperfect се објаснува кои чекори треба да ги направите и кои алатки да ги употребите. Доколку го следите туторијалот внимателно, ви ветуваме дека нема да имате никаков проблем со реализирање на овој проект.

Погледнете го видео туторијалот и следете ги чекорите внимателно.

Izrabotuvame se vo oblasta na Graficki dizajn, Изработуваме се во областа на Графички Дизајн

Како да одстраните АКНИ во Фотошоп

Kako da odstranite akni vo Fotosop, Како да одстраните акни во Фотошоп

Акни и несовршености на кожата може лесно да се отстранат со помош на Фотошоп. Алатките “Spot healing brush” и “Healing brush tools”  ви овозможуваат да ја постигнете оваа задача.

Секој кој поминал низ пубертет знае дека акните можат  навистина да ве издвојат на некоја фотографија. Не дозволувајте тие мини несовршености да ја нарушат вашата самодоверба. Во овој туторијал PHILEARN ќе ви покаже како да се ослободите од акните и црвенилата на вашето лице преку Фотошоп. Клучот за отстранување на акните е да се подели процесот во два чекори; Првиот чекор е да се ослободите од црвенило, а вториот чекор е да се одстранат останатите дамки.

Да не должиме многу, погледнете го овој туторијал кој ви помага да научите како чекор по чекор да ги отстраните акните или несовршеностите на вашата кожа со помош на Фотошоп.

 

Izrabotuvame se vo oblasta na Graficki dizajn, Изработуваме се во областа на Графички Дизајн

Како да стилизирате / додадете коса во Фотошоп

Naucete kako da dodadete/rekreirate kosa vo Fotosop, Научете како да додадете/рекреирате коса во Фотошоп

Косата има премногу детали и природни варијации па затоа може да биде еден од најголемите предизвици за стилизирање и рекреирање во Photoshop. Всушност целиот процес би можел да биде навистина едноставен доколку ги одберете вистинските алатки и ги направите вистинските чекори.

Во овој одличен туторијал од “Photoshop Training Channel”, објаснети се неколку навистина едноставни техники кои ќе ви помогнат да додадете, пополните па дури и да рекреирате нова реалистична коса за неколку минути.

Пред да започнете со процесот на додавање на нова коса, важно е прво да го одредите обликот на косата кој сакате да го постигнете. Во примерот на сликата, за да додадеме сосема нова коса, сакаме добро дефинирани рабови и чист и природен изглед. Во поголем дел од случаевите за селектирање на косата можеме да ги употребиме алатките “Magic Wand и Lasso Tool” но постојат и покомплексни проекти за кои мораме да ја употребиме алатката “Pen Tool”.

Во оваа ситуација нема да ја користиме алатката Pen Tool, но доколку сакате да ја совладате оваа алатка проверете го овој туторијал од PHILEARN Master the Pen Tool.

 

Izrabotuvame se vo oblasta na Graficki dizajn, Изработуваме се во областа на Графички Дизајн

Како да замените позадина во Фотошоп

Kako da zamenite pozadina od slika so Fotosop, Како да замените позадина од слика со Фотошоп

Сигурно безброј пати ви се случило одредена слика од вас да ви се допаѓа, но позадината е ужасна па не можете да ја искористите сликата…Не грижете се, имаме решение за вас. Со оваа техника во Фотошоп, можете да ја одстраните позадината од вашата слика и да додадете нешто што ви се допаѓа…

Овој процес е составен од неколку чекори, најпрвин треба да го исечете објектот кој сакате да го зачувате/изолирате. Овој чекор се работи со алатката “Magic Wand” но, доколку проектот е покомплексен, тогаш ја препорачуваме алатката “Pen Tool” Доколку се немате запознаено со алатката “Pen Tool” погледнете го овој туторијал.

 

Izrabotuvame se vo oblasta na Graficki dizajn, Изработуваме се во областа на Графички Дизајн

Како да одстраните објект од слика со Фотошоп

Kako da odstranite objekt od slika so Fotosop, Како да одстраните објект од слика со Фотошоп

Иако може изгледа како магија, способноста да се отстрани објект во Фотошоп не е трик – тоа е вештина што секој ентузијаст може да ја научи. Во ова видео, PHILEARN ги издвојува алатките и техниките потребни за чистење на позадините и помагање на субјектите да се издвојат.

Можеби ќе биде потребно да научите повеќе околу алатките: Healing Brush Tool, Clone Stamp Tool, Patch Tool, Pen Tool бидејќи околу одстранувањето на објект од позадина највеќе се употребуваат овие алатки. Може буквално се да се одстрани,  згради, автомобили, луѓе, дрвја, сенки, рефлексии итн…

Доколку имате потреба од ваква услуга но немате време, нерви или пак ги немате потребните софтвери за работа, нашиот тим од искусни графички дизајнери може секогаш да ви излезе во пресрет.

Во оваа видео можете да ги видите чекорите за како да одстраните било што од фотографија на Фотошоп.

 

БЕСПЛАТНО

Со секое нарачување на нова Веб Страница нудиме БЕСПЛАТЕН хостинг план и домен. Промоцијата трае до крајот на јануари 2021 година.