Дизајни за Канцелариски материјали – Брендирање

Dizajniranje na kancelariski materijali, Дизајнирање на канцелариски материјали

Во денешниот бизнис свет, дизајнот и брендирањето на канцелариските материјали е навистина важен сегмент и одличен детал кој не треба да се занемарува. Во денешницата заразлика од минатото, скоро и не се користат иновативни дизајни на пликоа, покани, пенкала, моливи, темплејти за договори, документи итн… Затоа во меѓувреме се зголеми значењето на квалитетниот дизајн. Доколку некоја компанија обрне внимание на овие детали, мораме да признаеме дека почнуваме да ја цениме малку повеќе, заразлика од другите компании кои ги прескокнале чекорите за брендирање и дизајнирање на канцелариски материјали.

Канцелариските елементи, како што се визит-картичките, може да изгледаат како ситни детали, но суштината на успешен бренд е конзистентността и внимавањето на овие ситни детали. Детали кои ги нарекуваме ситни, но всушност можат да придонесат за вашите потенцијални клиенти да станат реални клиенти. Листа од канцелариски материјали кои имаат потреба од квалитетен дизајн:

– Визит Картички
– Тефтери
– Флаери
– Пенкала
– Брошури
– Пликоа
– Покани
– Банери
– Рол – Банери
– Легитимации
– Календари
– Ценовници
– Сертификати
– Пофалници
– Списанија
– Инфографија
– Дизајн на книги

Квалитетниот брендинг секогаш го привлекува вниманието

Имајќи персонализирани канцелариски материјали, вели многу за статусот на вашиот бизнис. Доколку сакате вашиот бизнис да зрачи со сериозност и стабилност, тогаш дефинитивно морате да обрнете внимание на овие детали.  Доколку имате сопствено модерно лого, кое го одсликува вашиот бизнис и имате модерни визит картички, брошури, каталози, флаери, банери брендирани со вашето лого и боите на вашата компанија, тогаш верувајте ни дека вашите клиенти ќе добијат една поинаква слика за вас и вашиот бизнис која позитивно ќе се одрази.

 

Izrabotuvame se vo oblasta na Graficki dizajn, Изработуваме се во областа на Графички Дизајн

Графички дизајн – Се што изработуваме

Se sto izrabotuvame - Graficki dizajn, Се што изработуваме - Графички дизајн

Нудиме чисти, јасни и уникатни дизајни за печатење или за дигитална употреба за вашиот бизнис. Без разлика дали сте заинтересирани за изработка на професионално лого, маркетинг брошури, каталози, визит картички, дизајн на цели книги, ние ккако професионални и квалификувани Графички Дизајнери сме тука да ја искреираме вашата визија.

Погледнете ја листата и детално разгледајте што се нудиме:

Што се изработуваме?

  • Логоа
  • Дизајн на пакување
  • Брошури
  • Каталози
  • Постери
  • Флаери
  • Банери
  • Ценовници
  • Визит карти
  • Дипломи, сертификати и пофалници
  • Дизајнирање на книги
  • Пликоа
  • Мокапи
  • Репарираме оштетени слики
  • Манипулација со слики од секаков карактер
  • Ретуширање на модели и модни детали

Детален опис за некои од набројаните услуги:


Лого дизајн

Најпрепознатливиот  дел од вашиот бизнис е вашето лого. Логото кое ќе го преставува вашиот бизнис треба да биде уникатно, и треба да изгледа соодветно за вашиот бренд. Во прашање се повеќе фактори. Боите, фонтовите, темата, графичките елементи… Сите тие сегменти треба да бидат совршено усогласени за вашето лого да изгледа прекрасно и професионално.

Не грижете се, нашиот тим е способен одлично да ги разбере вашите барања и да искреира лого кое ќе го оживее вашиот бренд. Погледнете повеќе: Лого дизајн

 

Дизајн на пакување

Дизајнот на вашиот производ е од енормна важност и навистина треба да ви биде важно дали изгледа луксузно и естетски привлечно или пак изгледа секојдневно и сиромашно. Сепак сите ние мораме да признаеме дека првичните одлуки ги носиме врз основа на надворешниот изглед на некој производ. Доколку производот изгледа модерно, тренди и луксузно, тогаш верувајте дека купувачите нема да можат да му одолеат. Контактирајте не и закажете дизајн за вашето пакување.

 

Дизајнирање на Флаери

Одсекогаш флаерите биле употребувани за промоција на одредени услуги или продукти. Всушност преставуваат еден вид на информативна алатка која може значително да ја зголеми продажбата на вашата компанија. За успешно да ја зголеми продажбата на вашата компанија, флаерите мораат да бидат модерни, и внимателно и суптилно да ги убеди потрошувачите за квалитетот на вашите продукти или услуги. Нарачајте флаери во Арт Дизајн Студио преку ќе го подобриме вашиот бренд и профитот на вашиот бизнис.

 

Дизајн на Е- Брошура

Електронските брошури се исти како и обичните брошури (хард-копи), единствената разлика е тоа што не се држат во рака, тие се електронски и може да се пристапи до нив преку компјутер или мобилен телефон. Тие најчесто се во ПДФ формат. Обичните брошури се составени од текст и слики и предноста им е тоа што потрошувачите можат кога и да посакаат да ги земат во рака и да прочитаат за вашата компанија и нејзините услуги. Е-брошурите содржат текст, слики но дополнително може да содржат аудио и видео записи, плус можете да ги испратите кај вашите клиенти во некоја друга земја или град, во секое време, поради тоа што се во дигитален формат.

Доколку барате иновативен начин за продажба на вашите услуги или производи, ова е одлична идеја за вас. Всушност ние можеме да ви помогнеме тука најдобро. Нарачајте електронска брошура и изненадете се од дизајнот кој ќе го искреираме за вас.

 

Printani i Digitalni dizajni za vasiot biznis, Принтани и Дигитални дизајни за вашиот бизнис

 

Дизајн на каталог

Кога имате огромна палета со производи за рекламирање и продажба, потребна ви е ефективна маркетинг алатка. На вас всушност ви е потребен каталог кој ќе биде преставник на вашиот бренд за вашата постоечка или потенцијална публика. Каталогот потребно е да изгледа атрактивно, модерно и луксузно за да остави одличен впечаток кај вашите потрошувачи. Ние ќе се погрижиме за овој дел. Нарачајте каталог кој нема да ги остави вашите потрошувачи рамнодушни.

Дизајн на постер 

Постерите се одличен начин за визуелно да ја пренесете вашата порака. Постерите од секогаш биле во тренд кога станува збор за офлајн маркетингот. Ова е одличен начин да ги запознаете потрошувачите со вашиот бренд и да ги натерате да ги разгледаат вашите услуги и продукти. Нашите графички дизајнери се способни да искреираат плакати и постери кои ќе го одвлечат вниманието на вашите потенцијални клиенти без разлика дали се работи за ширење на вашата порака, промоција на производи и услуги или пак за најавување на некој настан. Контактирајте не и закажете тука. Плакати и постери.

 

Дизајн на банер

Банерот може да биде во дигитална форма или пак можете да го испечатите, во зависност од вашите потреби. Дигиталните банери во принцип се употребуваат за рекламирање на вашиот бизнис на некоја веб страница, а печатените банери се употребуваат со иста цел но можете да ги поставите на сталак, да ги закачите на зид итн..Арт Дизајн Студио креира секаков вид на банери, без разлика дали се дигитални или печатени. Кликнете тука и нарачајте: Изработка на банери.

 

Дизајн на визит карти

Визит картите се употребувале од далечното минато па се до денес. Доколку вашите клиенти се задоволни од вашите услуги, тие сигурно ќе сакаат да земат визит картичка од вашата компанија. Не можеме да ви опишеме колку е битно дизајнот на визит картичката да ги остави вашите клиенти импресионирани. Дозволете ни да го направиме токму тоа. Дозволете ни да ви создадеме безвременски дизајн кој ќе остави неверојатен впечаток кај вашите клиенти.

 

Дизајнирање на книги

Кога сакате вашиот текст во дигитална форма да го преточите во книга, тогаш дефинитивно ќе ви биде потребна помош од професионални графички дизајнери. Потребно е да се обрне внимание на неколку сегменти. Изгледот на корицата на книгата е премногу битен. Корицата го создава првиот впечаток кај потенцијалните купувачи. Но не е само тоа. Типографијата и распореденоста на елементите низ целата книга исто така се многу битни детали и потребно е да изгледаат одлично, за читателот да нема никакви пречки додека ја чита вашата книга. Контактирајте не и дозволете ни да ја искреираме вашата книга од соништата.

 

Манипулација на слики

Манипулација на слики подразбира едитирање, корегирање па дури и целосно менување на одредена слика. Додавање на различна позадина, одстранување на личности, додавање на личности, одстранување на било каков предмет од слика, менување на глави на слика, додавање на коса, брада итн. Буквално се што можете да замислите, ние се способни да го искреираме за вас. Контактирајте не.

 

Репарирање на оштетени фотографии

Репарирањето на фотографии е процес каде што некоја оштетена фотографија треба да ја донесеме во состојба како никогаш да не била оштетена. Обично ваквите поправки се прават на стари фотографии кои се скенираат за да ги добиеме во дигитален формат, се поправаат/репарираат и потоа пак се печатат на фото хартија. Со овој процес, фотографијата ќе биде во состојба како никогаш да не била оштетена.

 

Izrabotuvame se vo oblasta na Graficki dizajn, Изработуваме се во областа на Графички Дизајн


Најдоброто за вашиот бизнис

Можеме да го подобриме вашиот бренд на безброј начини. Контактирајте не за да одлучиме што се од горе наведената листа е потребно за го оживееме вашиот бренд. Арт Дизајн Студио е секогаш тука за вас.

Израбоуваме 7 видови на логоа

Izrabotuvame 7 tipovi na logoa, Изработуваме 7 типови на логоа

Логоата се дел од секојдневниот живот. Ги гледате на вашиот фрижидер кога треба да направите појадок, на вашиот автомобил кога возите накај работа, на вашиот компјутер кога ќе седнете на вашата работна маса…

Кога е нешто толку широко употребувано и го гледате секојдневно, не обрнувате многу внимание. Но логоата (и нивниот дизајн) се всушност многу покомплексни отколку што повеќето луѓе разбираат.

Постојат седум видови на логоа. Секој вид има уникатни предности, па затоа вреди да одвоите време да размислите каков вид на лого ви е потребен пред да го нарачате вашиот дизајн. Вашиот дизајн можете да го нарачате тука: Графички дизајн. Сега ќе ги погледнете сите 7 видови на логоа за да можете да одлучите кое највеќе ќе ви одговара.

 

1. Амблеми

Амблемите се најстарата форма на лого, кои исто така се познати како печати. Луѓето ги користеле дури и од средниот век, ако не и порано.

Амблем е вид на лого кое вклучува текст во внатрешноста на симболот. Тоа е класичен изглед кој му дава на вашето лого традиционален квалитет. Затоа честопати ќе видите како ги користат училиштата и владините агенции. На овој начин зрачат со топлина и професионалност.

Амблемите често пати имаат повеќе детали, заразлика од другите видови на логоа. Меѓутоа ова не е правило. Логото на Харли Дејвидсон е многу едноставен концепт, со едноставен издолжен фонт.

Кога треба да изберете амблем?

  • Вашиот бренд треба да пренесе чувство на традиција, долговечност и професионалност.
  • Потребно ви е лого кое ќе зрачи со стабилност.

Кога треба да избегнете амблем?

  • Понекогаш големината на вашето лого ќе треба да се намали. Амблемите не изгледаат добро кога се со мала димензија и тешко можат да се прочитаат.

 

2. Логотипи

Исто така познат како “Wordmark” , логотип е вид на лого кое е изградено целосно од зборот или зборовите кои го сочинуваат името на компанијата. Во овој случај, главниот фокус е типографијата, очигледно. Ваквиот стил на лого силно го поврзува визуелниот идентитет на брендот со името на компанијата.

Поради ова, внимателно треба да се избере или создаде уникатен фонт. Формата, стилот и бојата на зборовите пренесуваат речиси исто толку значење колку што и самите зборови. Ова е уште поважно доколку името на вашата компанија е некој рандом збор, како и на многу компании во денешницата – Во оваа ситуација Google е најистакнат пример.

Логото на Google е влијателно, бидејќи фонтот е едноставен и елегантен – како и нивните производи, но е составено од многу бои. Различните бои претставуваат разновидност, разиграност, позитива и пријателски влијае кон корисниците. Во оваа ситуација боите одлично се вклопуваат со пристапот на Google. Google сака нивните производи да се користат глобално и да не ги заплашат новите корисници.

Кога треба да изберете логотип?

  • Вие сте нова компанија која сака своето има и својот бренд позитивно да го пласира меѓу потрошувачите.
  • Вашата компанија има кратко име кое нема да изгледа преголемо кога ќе го употребите како ваше официјално лого.
  • Логотипите помагаат да се зајакне врската помеѓу визуелната меморија и препознавањето на името на компанијата.

Кога треба да избегнете логотип?

  • Верувајте ни дека не сакате редовно да го менувате вашето лого. Фонтовите ги следат трендовите. Хелветика може да биде тренди овие денови, но за неколку години, вашето лого може да изгледа како да е креирано во 2000 година. Дури и Гугл и Кока Кола постојано ги менуваат своите логоа, и се во постојан тек со моменталните трендови.
  • Доколку името на вашата компанија е навистина долго.

 

3. Монограмски логоа

Монограмските логоа повеќе не се употребуваат само за крпи и пешкири. Важно е дали од иницијалите на името на вашата компанија може да се направи интересен збор, како што е “Minnesota Mining and Manufacturing”  (попознат како 3M). Речиси секогаш може да се направи интересна комбинација од иницијалите на некоја компанија. Само е потребно графичкиот дизајнер да биде креативен, сепак тоа е она што го работи најдобро. Доколку мислите дека од името на вашата компанија може да се направи монограмско лого, тогаш не размислувајте се воопшто.

Овој вид на лого го прави името на вашата компанија да се запамети полесно. Земето го HBO за пример. Сигурно името на овие телевизиски канали преферирате да ги изговарате HBO, наместо Home Box Office. Доколку сакате да постигнете ваков ефект кај вашите клиенти тогаш монограмско лого е идеално за вас.

Повторно, типографијата и фонтот се клучни кај овој вид. Многу познати брендови имаат ваков тип на лого (Луј Витон, Шанел, Гучи) и верувајте, веднаш ќе ги препознаете овие брендови одкако ќе ги видите нивните монограмски логоа.

Кога треба да изберете монограм?

  • Сакате да искреирате врска помеѓу вашето име и визуелниот идентитет на вашата компанија, но имате навистина долго име.
  • Вие сте во индустрија каде што користење на скратено име (иницијали) е вообичаен процес.

Кога треба да избегнете монограм?

  • Ти си нова компанија која сеуште не е многу позната на пазарот. Во овој случај сеуште можете да користите иницијали, но препорачливо е да го вклучите и вашето полно име во продолжение, се додека не стекнете одредена репутација.

 

4. Бренд лого

Ова е вид на лого во кое името на компанијата треба да е естетски искомбинирано со препознатлива слика/икона од вашата компанија. Сликата која ќе ја изберете за да биде во склоп со вашето лого, мора да биде икона/илустрација, за просечниот клиент кога ќе ја види да може да ја запамети и следниот пат да може лесно да го препознае вашиот бренд. Погледнете ги погоре ваквиот тип на логоа и искористете ги за пример според кој треба да се водите.

Размислете, логото на Старбакс најпрвин беше креирано како амблем, но сега е едноставен цртеж на сирена. За некој компании ваквиот тип на лого е предизвик и сакаат да бидат препознатливи на овој начин. Размислете внимателно дали овој вид на лого одговара на вашиот бренд и не двоумете да нарачате дизајн што ќе го подигне вашиот бренд на повисоко ниво.

Printani i Digitalni dizajni za vasiot biznis, Принтани и Дигитални дизајни за вашиот бизнис

Кога треба да изберете Бренд лого?

  • Ваквиот вид на лого е лесно впечатлив во очите на потрошувачите.
  • Сакате да создадете емоција на квалитетен бренд кој би бил лесно препознатлив и ќе го одсликува идентитетот на вашата компанија.

Кога може да избегнете Бренд лого?

  • Сакате да се изгледате како традиционална компанија со стандардно лого. Постои можност овој вид на лого несериозно да биде сватен од страна на потрошувачите, но ова не е правило.
  • Ваквиот тип на лого не одговара на било каква компанија.

 

5. Абстрактно лого

Овој тип на лого се користи кога сакате да искористите слика/фигура и не сакате да бидете ограничени околу неговото толкување. Можете да искреирате апстрактно лого кое ќе го натера корисникот да се размисли околу неговото значење. Ова може да биде тешка задача, бидејќи нема сите да го толкуваат логото на ист начин. Предноста со ваквиот тип на лого е тоа што ќе бидете уникатни.

Никој друг нема да има лого како вашето, а тоа е одлично бидејќи ќе бидете различни од сите останати. Земете го за пример логото на Најк: Тоа е брзо, динамично и дава чувство на движење и енергија. Не треба да го прочитате зборот Најк за да го препознаете брендот кој стои зад логото. И дури доколку не сте запознаени со брендот, одприлика веќе знаете дека логото зрачи со одредена динамика.

Кога треба да изберете апстрактно лого?

  • Потребно ви е модерно лого и сакате да искреирате одредена вибрација за вашиот бренд.
  • Сакате навистина уникатно лого.

Кога треба да избегнете апстрактно лого?

  • Уште немате искреирано идентитет за вашата компанија. Уште не знаете каква емоција сакате да им пренесете на вашите корисници.

 

6. Лого со маскота

Овој тип многу се разликува од другите типови на логоа и преставува илустрација на одредена личност (или, барем, антропоморфизиран карактер). Како човечки суштества, визуелно сме привлечени да гледаме друг човечки карактер (дури и ако е во прашање цртан лик). Логоата со маскота се многу флексибилни, бидејќи цртаните ликови употребени во логото можат да имаат различни изрази и репрезентации во зависност од контекстот. Ваквиот тип на логоа најчесто се користат кај спортските тимови, сервисни компании и брендови за храна, бидејќи на тој начин се зближуваат со потенцијалните поддржувачи и потрошувачи.

Кога треба да изберете лого со маскота?

  • Сакате вашиот бренд да им се допадне на семејните групи.
  • Вашиот бренд ќе биде забавен, пријателски и позитивно настроен.
  • Сакате флексибилно лого кое може да расте заедно со вашата компанија и да се користи на различни начини.

Кога треба да избегнете лого со маскота?

  • Вашето лого може да биде премногу пријателски настроено. Пријателски до тој степен што со тек на време ќе почне да емитира вибрација на несериозност.

 

7. Комбинирани логоа

Не морате да изберете само еден тип на лого. Можете да направите комбинација од повеќе типови (комбинација од горенаведените типови). Можете да искомбинирате лого со маскота и монограм во кое ќе вградите и сегменти од апстрактно лого. Размислете за логото на компанијата Dove – компанијата користи бренд лого (гулаб) во комбинација со текст со прекрасен фонт (Dove). Сите производи на Dove го носат ова лого.

Дали комбинираното лого е вистинскиот избор за вашиот бренд? Доколку сакате вашето лого да содржи некоја слика или икона, но чуствувате дека сакате да имате и вметнат текст со некоја кратка фраза, тогаш одговорот е ДА! Доколку сакате флексибилно лого кое може да се прилагоди во различни ситуации, повторно одговорот е да. Ние мислиме дека комбинираните логоа се одлична опција за новите брендови.

Кога треба да изберете комбинирани логоа?

    • Сакате да направите комбинација од повеќе типови.
    • Сакате лого кое може да се прилагоди на потребите за вашиот бизнис.

Кога треба да избегнете комбинирани логоа?

    • Вашиот бренд се базира на едноставност. Комбинираните логоа понекогаш можат да бидат повеќе сложени за употреба (за имплементирање на логото на визит карти, веб страница, каталози итн…)

Izrabotuvame se vo oblasta na Graficki dizajn, Изработуваме се во областа на Графички Дизајн

Имате потреба од Графички дизајн?

Нарачувањето на логото е еден од најзабавните делови за отпочнување на бизнис. Ослободете ја вашата креативност и кажете ни ја вашата желба. Нашиот тим потполно ќе ги разбере вашите потреби и ќе му даде живот на вашиот бренд! Нарачајте лого дизајн тука

 

 

Што е графички дизајн?

Sto e Graficki dizajn? Што е Графички Дизајн?

Што значи графички дизајн?

Повеќето од луѓето мислат дека знаат што преставува графичкиот дизајн. Билборди, логоа, списанија, видео игри, векторска графика итн… Но што преставува навистина? Тоа е професија, да, но ако копате малку подлабоко тогаш ќе сватите дека е навистина уметност – израз на естетика – за многумина. За оние кои преферираат да ја знаат точната дефиниција за графичкиот дизајн:

Дефиниција за графички дизајн

Графичкиот дизајн е уметност или професија на визуелна комуникација која ги комбинира сликите, зборовите и идеите за пренесување на информации до публиката, особено за да произведе одреден посакуван ефект. Со други зборови, графичкиот дизајн е комуникациски дизајн; Тоа е начин на пренесување идеи преку визуелизација и дизајн.

Но верувајте ни, графичкиот дизајн не е црно-бел концепт. За целосно разбирање на концептот на графички дизајн, важно е да имате солидно разбирање на елементите и принципите кои го сочинуваат дизајнот.

 

Елементи на графички дизајн

Дизајнерските елементи се основните единици на секој визуелен дизајн кои ја формираат структурата на дизајнот и ги пренесуваат своите визуелни пораки. Елементите на графичкиот дизајн се:

Линија – Најосновниот елемент на дизајнот. Линиите можат да бидат искривени, прави, дебели, тенки, дводимензионални, тридимензионални. – без оглед на тоа! Линијата е  елемент на дизајнот кој е дефиниран како точка што се движи низ просторот.

Форма – Обликот е дводимензионално дефинирана област создадена од линии. Различни видови на форми вклучуваат геометриски, апстрактни и органски форми и сите се основни елементи на дизајнот.

Боја – Бојата е еден елемент кој е особено важен за привлекување на внимание, бидејќи постои психологија која вели дека сите бои будат различни чувства и емоции. Постојат три главни карактеристики на бојата: нијанса (семејство на бојата), вредност (колку е светла или пак темна бојата), и сатурација (чистината на бојата).

Типографија – Типографијата е уметност на уредување на деловите кои што содржат текст. Ова е навистина важно бидејќи може многу да влијае на пораката на дизајнот. Различни фонтови, во комбинација со разновидна големина, бои и растојание, можат да додадат енергија на концептот преку која дизајнерот ќе успее да искомуницира.

Текстура – Текстурата во дизајнот се однесува на тоа работите да изгледаат како да можете да ги почуствувате кога би ги допреле на екранот.  На пример, текстурата може да биде груба, мазна, сјајна, мека, тврда, итн. Текстурата е уште еден елемент кој се користи за привлекување на внимание. Може да се додаде на други елементи како што се облици, бои, слики, итн.

Големина – Големината во дизајнот е едноставна. Големината во принцип се користи како показател на важност, а исто така може да се создаде визуелен интерес преку користење на спротивни големини.

Простор – Просторот се однесува на областите на дизајнот кои се оставени празни. Овие области вклучуваат било какво растојание помеѓу, околу, под, или над другите елементи на дизајнот. Дизајнерите намерно оставаат  простори во дизајнот за да нагласат одреден сегмент.

 

Принципи на графичкиот дизајн

Принципите на графичкиот дизајн сугерираат како дизајнерот треба најдобро да ги организира различните визуелни сегменти на дизајнот за да се осигура дека сите елементи се поврзани еден со друг. Принципите на дизајнот се составени од повеќе сегменти:

Баланс – Постигнување на визуелен баланс во графичкиот дизајн се постигнува со употреба на симетрија и асиметрија. Ова се постигнува со балансирање на дизајнот преку форми, линии и други елементи кои се распределуваат рамномерно. Па дури и ако двете страни на дизајнот не се исти, тие имаат слични елементи. Балансот е многу важен бидејќи обезбедува структурна стабилност на дизајнот.

Усогласување – Усогласувањето се користи за поврзување на целокупниот дизајн. Сите аспекти на дизајнот треба да бидат усогласени со врвот, дното и центарот на дизајнот за да се создаде визуелна врска помеѓу елементите.

Близината – Близината создава визуелна врска помеѓу елементите на дизајнот. Тоа го минимизира нередот, го прави дизајнот повеќе разбирлив и обезбедува фокусна точка за гледачите. Не мора да значи дека сличните елементи треба да се постават веднаш едни до други, но треба да бидат визуелно поврзани.

Повторување – Откако ќе изберете како ќе ги користите вашите елементи, повторете ги тие елементи и понатаму во проектот, за да воспоставите конзистентност во текот на целокупниот дизајн. Ова повторување ги поврзува индивидуалните елементи и го зајакнува дизајнот, притоа создава чувство на организирано движење.

Контраст – Употребувањето на контраст се користи за да се нагласат одредени аспекти на дизајнот. Контрастот ви овозможува да ги нагласите разликите помеѓу елементите и да ги потенцирате клучните елементи во вашиот дизајн кои сакате да ги издвоите.

 

Графички дизајн алатки

Графичкиот дизајн постојано еволуира со масовната дигитализација во светот во кој што живееме. Само поради тоа што овие процеси се менуваа со текот на годините, не значи дека дизајнерите сè уште не се служат со традиционални начини за работа, како што се моливот и хартијата.

Повеќето графички дизајнери користат хибриден процес кој ги вклучува традиционалните и дигиталните технологии. Обично дизајнерите го започнуваат процесот на дизајнирање со скицирање на одредени концепти со молив и лист хартија, па потоа кога ќе дојдат до одреден степен, се префрлуваат на компјутер, таблет или лаптоп и го прецртуваат веќе изработениот дизајн на напредни софтвери (Фотошоп, Илустратор, Корел, Скеч, итн).

Многу дизајнери започнуваат со дизајнирање директно на компјутер со нивниот омилен софтвер кој го користат. Овие дигитални алатки го зајакнаа креативниот процес на дизајнерите со тоа што им овозможија да истражат нови идеи и начини и значително го намалија потребното време за создавање на еден одличен дизајн.

 

Видови на графички дизајн

Со текот на времето, графичкиот дизајн стана прилично повеќеслоен. Севкупниот концепт е составен од различни сегменти во зависност од областа во која се употребува. Еве некои од најчестите типови на графички дизајн:

Корпоративен дизајн – Kорпоративниот дизајн има директна врска со визуелниот идентитет на една компанија. Сите визуелни елементи кои го сочинуваат идентитетот на брендот, како што се логото, одредени бои и сегменти и тие можат да се поврзат со корпоративниот дизајн. Овој тип на графички дизајн се користи во маркетингот за да се пренесат информации за брендот преку слики, форми и бои.

Printani i Digitalni dizajni za vasiot biznis, Принтани и Дигитални дизајни за вашиот бизнис

Маркетинг и рекламен дизајн – Најверојатно еден од најпознатите видови на графички дизајн. Кога повеќето луѓе мислат на графички дизајн, тие најверојатно размислуваат за маркетинг дизајн. Графика за на социјални медиуми, е-списанија, рекламни банери, билборди, брошури, каталози,  е-меил маркетинг темплејти, графика за маркетинг содржина, итн. – Сите овие примери премногу се употребуваат во маркетингот секојдневно.

Дизајн на публикации – Дизајн на публикации традиционално се однесува на печатени медиуми, но како што напоменавме, со постојана дигитализација на нашата генерација полека медиумите се сведоа на дигитално издаваштво. Дизајнерите на ваквиот тип на медиуми треба да бидат во тесна соработка со уредниците и издавачите за да обезбедат распоред, типографија и илустрации. Притоа се треба да биде усогласено со идентитетот на медиумот, за како краен резултат да се постигне одличен впечаток кај читателите. Примери за ваков вид на графички дизајн: книги, весници, е-билтени, списанија, магазини, брошури, итн.

Дизајн на животната средина – Овој тип на графички дизајн во најголем дел од случаевите се занемарува, барем во Македонија. Еко-графички дизајн е мудро употребување на визуелни елементи во околната средина за поврзување и подобрување на искуството на луѓето со тие места. Без разлика дали тоа ќе ги информира минувачите или пак ќе биде од естетски карактер. Архитектурата, патните знаци, графити (културни цртежи на одредени места, со претходна дозвола),  ѕидни мурали итн, се примери за дизајн на животната средина.

Дизајн на пакувањето – Кога ќе купите нов производ, најверојатно има некоја форма на пакување или визуелен елемент како етикета, налепница или пакување кое се користи за подготовка на производот за дистрибуција или продажба. Најбитно е дека овие дизајнери треба да ги знаат сите актуелните трендови на пазарот за да обезбедат креативен дизајн кој ќе ја зголеми продажбата.

Движечки дизајн – Значењето на овој вид на дизајн можете да го разберете по неговото име. Ова вклучува анимации, видео игри, некои апликации, гифови, анимации на веб страници итн. Ова е сè уште релативно нова област во графичкиот дизајн, бидејќи новите технолошки достигнувања им овозможија на дизајнерите да истражат нови правци.

Веб дизајн – Не може да се каже дека Веб дизајнот е еден вид на графички дизајн, но затоа може да се каже дека графичкиот дизајн е еден елемент на веб-дизајнот, па затоа вреди да се напомене. Веб-дизајнерите мораат да размислат како да искомбинираат различни елементи на дизајнот – како распоред, слики, типографија, облици и секаков вид на графика – Доколку сакаат да создадат модерна и современа веб страница. Но веб дизајнот и графичкиот дизајн се две сосема различни области.

Доколку имате потреба од помош во било која од овие области, секогаш сме тука за вас. Можете да не контактирате тука.

Пред неколку години, кога ќе се споменеше дизајн веднаш се знаеше на што асоцира – графички дизајн. Но со огромниот технолошки прогрес и забрзаната дигитализација оваа идеја малку се промени. Се воведоа различни видови на дизајн кои можат да бидат збунувачки за оние кои се надвор од дизајнерската индустрија. Да зборуваме за два вида на дизајн за кој веројатно имате слушнато, но не знаете со сигурност што значат: UX и UI дизајн.

 

UX дизајн

Што точно означува UX? UX дизајн (User Experience)  познат како кориснички дизајн, се заснова на подобрувањето на корисничкото искуство со одредени производи, предмети, апликации или пак одредени веб страници. Овој специфичен вид на дизајн се фокусира на структурата и логиката на елементите со кои корисниците комуницираат. UX дизајнерите постојано работат на подобрување на употребливоста на одреден производ, пристапноста и интеракцијата на корисниците со производот, со цел максимизирање на задоволството на корисниците. Ова се прави со вршење на темелни анализи на употребливоста одкако производот ќе излезе во јавност.

 

 UI дизајн

Што точно означува UI? UI дизајн (User Interface) Дизајн на кориснички изглед, или кориснички интерфејс, се однесува на интерактивните елементи на дизајнот. Овој вид на дизајн бара одлично разбирање на потребите на корисниците, бидејќи се фокусира на предвидување на тоа што корисниците би требало да направат на одредена апликација или пак веб страница, за тие опции да бидат современо имплементирани. Овие елементи вклучуваат работи како менија кои се спуштаат, копчиња, известувања, модерни графички елементи, итн. Во основа UI дизајнот ја проширува дефиницијата на графичкиот дизајн. Дизајните кои имаат било каква интерактивност спаѓаат под UI дизајн, дури и ако се тука вклучени статични слики.

Сега кога ги разјаснивме различните видови на графички дизајн, да разјасниме уште едно навистина важно прашање:

 

Што е графички дизајнер?

Да поедноставиме, графичките дизајнери се визуелни комуникатори и решавачи на проблеми.

Оваа дефиниција можеме да кажеме дека важи за сите видови на графички дизајн, бидејќи како што напоменавме, постојат огромен број на правци во графичкиот дизајн. Преку оваа дефиниција можеме да разбереме дека графичките дизајнери всушност треба да ја разберат психологијата на нивните целни клиенти, а одкако ќе го направат тоа, тогаш треба да го приспособат нивниот дизајн кон таа целна група. Тогаш можеме да кажеме дека дизајнот ќе успее да го одвлече нивното внимание или пак да искомуницира со нив.

Но да ги поедноставиме работите, доколку изберете да работите како графички дизајнер, вашите работни позиции би биле:

  • Работа во одредени индустрии како консултантски дизајнер
  • Брендирање на компании и агенции
  • Работна позиција како графички дизајнер во било која компанија
  • Работење од дома (Фриленсер графички дизајнер)

 

Агенциски графички дизајнер

Многу компании ангажираат агенции за графички дизајн за да се справат со нивните потреби. Значи доколку работите како агенциски графички дизајнер, ќе добивате креативен извештај од компаниите за одредени проекти за многу различни брендови. Ваквиот тип на графички дизајнер се очекува да биде вистински експерт за дизајн и да знае да ги преземе сите потребни работи во свои раце. Значи навистина треба да имате искуство и талент за да можете успешно да водите ваков вид на проекти. Често пати, ваквиот вид на графички дизајнери се специјализирани само во одредени области во графичкиот дизајн.

 

Внатрешен графички дизајнер

Во оваа ситуација вие сте вработен како графички дизајнер во одредена компанија и ваша цел е промоција и брендирање на истата Дали тоа ќе бидат нејзини производи, услуги не е важно. Во оваа ситуација, може да се каже дека сте генералист. Работите буквално се што и е потребно на компанијата. Верувам дека ќе бидете способни да ги задоволите сите креативни работи кои и се потребни на компанијата.

 

Фриленсер (Слободен) Графички дизајнер

Работењето како слободен графички дизајнер е најверојатно најтешката опција од сите досега набројани. Не само што треба да се справи со сите барања на клиентите, туку исто така они се директно одговорни за пронаоѓањето на нови клиенти, постојано и постојано. Буквално за да успеете на овој начин потребно е да бидете – “One Man Army”. Потребно е да имате солидни познавања и во дигиталниот маркетинг за пронаоѓање на нови клиенти или пак да бидете човек со огромен број на контакти.

Izrabotuvame se vo oblasta na Graficki dizajn, Изработуваме се во областа на Графички Дизајн

Имате потреба од Графички дизајн?

Изработуваме буквално се во областа на графичкиот дизајн. Доколку ви е потребен било каков дигитален дизајн, скица, мокап или пак дизајн за печатење, секогаш сме тука за вас. Погледнете што се изработуваме: Графички дизајн.

 

 

Графички дизајн – 15 најдобри алатки

Еволуцијата на технологијата го допре речиси секој аспект од животот на луѓето. Тоа го смени начинот на кој работиме на буквално секоја задача што ја имаме. И Графичкиот дизајн не е исклучок. Делата на уметниците кои се направени со перо, молив, мастило, четки и бои сега може идентично да се реплицираат со помош на овие 15 алатки кои ќе ги наброиме во продолжение.

Во прашање се навистина моќни алатки кои во основа се користат за креирање, уредување и управување со компјутерската графика.

Многу од овие алатки можат да се употребат во графичкиот дизајн, некои од нив можат да се користат во индустрискиот дизајн како софтвери за 3D моделирање и компјутерска графика, некои наоѓаат примена и во архитектура и инженеринг, во креирање на анимирана графика, која може да се употребува во филмови, цртани филмови, реклами итн…

15 најдобри софтвери во Графичкиот дизајн

 

1. Adobe Photoshop CC

Софтвер за уредување, едитирање и креирање на професионални фотографии и слики во областа на Графичкиот дизајн. Adobe Photoshop CC е насочен кон професионалните графички дизајнери, уметници и фотографи. Тој им овозможува на професионалците да дизајнираат цели веб-страници, постери, каталози, брошури, банери, икони, мобилни апликации и многу други работи користејќи вградени алатки кои се лесни за употреба. Навистина ќе се зачудите кога ќе дознаете што се може да се направи со овој софтвер. За фотографите, Фотошоп има алатки кои помагаат околу корегирање, подобрување и ретуширање на сликите, правејќи буквално извонредни уметнички дела од фотографиите.

Користејќи го софтверот, можете да креирате и подобрувате илустрации, 3D уметнички дела и слики. Другите клучни функции на овој софтвер се креирање на реалистични сенки, светслосни ефекти, корегирање и додавање на ефекти на одредени фотографии, ретуширање на професионални фотографии,  итн…Доколку навистина знаете како да го користите Adobe Photoshop CC, верувајте ни дека немате граница за она што би можеле да направите со него.

Adobe Photoshop CC е дел од повеќе планови, но најевтино можете да го купите за цена од 29,90 $ / месечно.

 

2. Adobe Illustrator CC

Ова е совршено решение кога станува збор за векторска графика. Adobe Illustrator CC е совршен за професионални графички дизајнери и уметници. Тој има широк спектар на алатки кои можат да помогнат при креирање на неверојатни карактери и фигури, професионални логоа, каталози, брошури, визит карти, банери, флаери, постери и се останато што е наменето за печатење. Ова е софтвер кој користи напредни математички функции и алгоритми при креирање на векторска графика, овозможувајќи им на корисниците да искреираат професионални дизајни, топографија, скици и илустрации кои се целосно подготвени за печатење и за секаква употреба.

Овој софтвер овозможува брзо креирање на различни дизајни, со помош на вградените алатки кои се релативно лесни за користење. Неговата интеграција со “Adobe Creative Cloud” го прави споделувањето на проектите помеѓу поединци навистина лесно. Кога станува збор за Илустратор, имајте во обзир дека ова е навистина професионален софтвер кој го користат илјадници дизајнери ширум светот.

Adobe Illustrator CC е дел од повеќе планови, но најевтино можете да го купите за цена од 29,99 $ / месечно.

 

3. Adobe InDesign CC

Совршено решение за креирање на списанија, брошури, каталози, книги, весници итн…Adobe InDesign CC се користи претежно во создавање и објавување на документи и за печатените и за дигиталните медиуми. Тоа е десктоп софтвер за издавање кој може да се користи за дизајнирање постери, брошури, канцелариски материјали, флаери, годишни извештаи и списанија, како и за многу други проекти кои ги немаме набројано. Можете исто така да креирате книги, интерактивни PDF-документи и дигитални списанија користејќи го овој софтвер.

Adobe InDesign CC има опции кои можат да ви помогнат околу соработка со писатели и уредници, а на овој начин можете да ги креирате проектите значително побрзо и попрофесионално. Има можност за споделување текст, бои, графики, форми итн, преку библиотеките на Adobe Creative Cloud.

Можете да гo купите Adobe InDesign CC како една апликација или дел од Adobe Creative Cloud. Неговата основна цена е 29,99 $ / месечно.

 

4. CorelDraw

Популарна платформа на графичките дизајнери. CorelDraw е богат софтвер кој ви помага да искреирате прекрасни слики, дизајни, графика од секаков вид, графички елементи за веб страници итн… Има огромен број на функционалности кои можат да ви помогнат да произлезете со прекрасно изработени слики и графики.

CorelDraw Graphic Suite 2018 е наменет за зајакнување на креативноста со користењето на сите алатки кои се наоѓаат во овој пакет. Овој пакет вклучува: CorelDraw 2018, Corel Font Manager 2018, CorelCONNECT 2018, CorelPHOTO PAINT 2018, Corel Website Creator, Corel PowerTrace 2018 и Corel CAPTURE 2018. Како што прочитавте, CorelDraw Graphic Suite нуди навистина голем број на алатки, но ќе бидеме искрени со вас, доколку се решите да ја купите било која алатка од овој пакет, или пак да го купите цел пакет, навистина би било паметно да ги споредите пакетите и алатките на Corel Draw и Adobe Creative Cloud. Ние како компанија секогаш ја завземаме страната на Adobe, но тоа не значи дека алатките на Corel нема да ги исполнат вашите очекувања.

Целосната верзија на CorelDraw чини $499.00 со гаранција за поврат на средства во рок од 30 дена доколку се предомислите. Годишниот план наменет за компании чини 16,50 $ месечно.

 

5. Adobe Dreamweaver

Adobe Dreamweaver е комплетно решение за визуелен развој на софтвер за веб страници и мобилни апликации. Оваа алатка е една од нашите фаворити на оваа листа. Ви овозможува да креирате, објавувате и управувате со веб-страниците, содржината и веб апликациите преку една контролна табла. Dreamweaver има широк спектар на функции кои можете да ги користите за да направите привлечни и респонзивни веб-страници. Овие веб-страници може да се гледаат од кој било уред и преку кој било прелистувач.

Користејќи ја оваа алатка, дизајнерите на веб-страниците можат лесно и веднаш да ги претстават своите искреирани дела или пак графички елементи на интернет, бидејќи апликацијата доаѓа со веќе припремени темплејти. Покрај тоа, може да им помогне на програмерите за брзо уредување и надградби.

Софтверот е достапен во неколку планови, почетната цена е 19,99 $ месечно.

 

6. GIMP

Ова е софтвер кој служи за креирање, уредување и едитирање на фотографии и слики. Овој софтвер е целосно бесплатен и е со отворен код. GIMP има огромен број на функции кои можат да направат навистина уметнички дела од обични фотографии. Се што треба да направите е да го научите овој софтвер и да ја ослободите вашата имагинација за креирање на неверојатни дела. Некои од неговите најдобри функции се, намалување на шум на сликата, алатки за зајакнување на сликата, огромен избор на различни четки итн…

Printani i Digitalni dizajni za vasiot biznis, Принтани и Дигитални дизајни за вашиот бизнис

Платформата подржува инсталирање на дополнителни плагини и оваа можност е навистина корисна. Нејзиниот кориснички интерфејс е многу едноставен и е лесен за користење, при што нема потреба од никаква претходна обука. Овој софтвер има огромен спектар на опции и функционалности и навистина можете да направите прекрасни дела со него, но сепак не очекувајте премногу… Сепак ова е бесплатен софтвер и не можете да го споредите со алатка како што е Adobe Photoshop.

 

7. Blender

Блендер е бесплатен 3Д-графички софтвер кој се користи за создавање на анимирани филмови, фигури, 3Д фигури за печатење, визуелни ефекти и видео игри. Блендер има “Path-tracer engine” кој им овозможува на корисниците навистина одлични и реалистични резултати од рендерирање на проектите. Овој софтвер е развиен со помош на научници, студенти, уметници, аниматори, гејмери и други заинтересирани поединци кој се на некој начин поврзани со графиката.

Blender доаѓа со одлични алатки за моделирање, кои можат да се користат за брзо креирање, уредување и трансформирање на модели и фигури. Доколку сте заинтересирани за 3Д графика, ова е софтвер кој навистина треба да го разгледате бидејќи е доста квалитетен и е целосно бесплатен.

 

8. Inkscape

Ова е графички софтвер кој има огромен број на опции и е со отворен код. Inkscape е познат по својата способност за лесно креирање на векторска графика. Има широк спектар на различни  алатки за уредување и креирање на векторски дизајни кои се многу корисни за графичките дизајнери. Овие алатки можат да се користат за едитирање и креирање на различни графички елементи, како што се форми, патеки, фигури, облици, текстови, градиент ефекти итн… Буквално можете да создавате уметнички дела со овој софтвер.

Ова графичко решение е навистина моќно и убедливо може да им парира на другите софтвери во оваа област. Проектите може да се зачуваат во SVG, EPS, JPG, BMP, PNG, PostScript или TIP формати, кои можат да се експортираат во векторски базирани формати.

Inkspace е бесплатен софтвер, така што не морате да се грижите околу плаќањето.

 

9. Affinity Photo

Може ли овој софтвер кој е алтернатива на Фотошоп да го собори Adobe од тронот?

Affinity Photo” започна со бранување кај дизајнери уште во истиот момент кога беше лансиран и е најверојатно најсериозниот конкурент на Фотошоп што сме го сретнале досега. Affinity е целосно компатибилен со форматите на Фотошоп.

Овој софтвер целосно ги исполнува барањата на сите графички дизајнери и има буквално еден тон функционалности и алатки со кои можете да креирате уметнички дела. Креаторите на овој софтвер гаранатираат поголема брзина при работа, заразлика од Фотошоп, помалку грешки и рестартирања на програмот и бесконечен број на чекори за враќање при работа. Вистината е дека перформансите кои ги ветуваат се директно поврзани со јачината на компјутерот кој го користите.

Можете да го користите на Windows и Mac. Affinity заразлика од Photoshop се плаќа еднократно и ќе ве чини 49.99 $, а тоа го прави значитело поефтин.

 

10. Krita

Бесплатно графичко решение со отворен код, Krita е дизајниран за да ги задоволи корисниците од сите области, без разлика дали тие се професионални или аматерски графички дизајнери. Платформата за скицирање и сликање може да се спореди со најпопуларните софтвери од ваков вид. Ова е непроценлива алатка за разни дизајнери кои креираат текстури, илустрации, визуелни ефекти за различни индистрии, па дури и за уметници кои креираат ефекти во филмската индустрија.

Некои од алатките вклучуваат огледало ефекти, мазнење, четки со различен притисок, вклопување и мешање на бои. Може и да се манипулира со слики со висок динамички опсег, што резултира со визуелно зачудувачки фотографии. Krita има огромен број на четки кои можете да ги користите во вашите проекти. Или пак доколку и ова не ги задоволува вашите потреби, можете сами да си искреирате сопствени четки и да си ги зачувате за некои наредни ваши проекти.

Бидејќи ова е софтвер со отворен код, доаѓа бесплатно. Се што треба да направите е да се регистрирате и веднаш ќе можете да го користите овој софтвер.

 

11. PaintShop Pro

Ова е софтвер за уредување на слики кој е лесен за употреба и има огромен број на функции кои вклучуваат цртање на слики, уредување и корекција. Ова е релативно евтин софтвер во споредба со можностите кои ги нуди. Има навистина голем број на алатки кои можете професионално да ги употребувате.

Одличниот интерфејс и брзите перформанси ви ветуваат одлична продуктивност. Алатките и опциите на платформата се прилагодливи според вашите потреби, овозможувајќи да искреирате средина која најдобро ќе ви одговара при работа.

Софтверот е достапен со почетна цена од 63,99 $.

 

12. PhotoImpact

Ова е популарен софтвер за уредување на фотографии. PhotoImpact е софтвер кој е наменет за аматери и професионалци и е навистина опремен со најсовремени алатки кои се навистина лесни за употреба и нудат огромни можности. Некои од алатките кои се издвојуваат се, ExpressFix со еден клик и напредно сечење на дадени елементи.

PhotoImpact има широк спектар на функции кои ви овозможуваат да искреирате одлична графика за секаков вид на видеа и многу повеќе. Алатките за сликање и цртање се неверојатни и ви даваат можност да ја истражите вашата креативност за да искреирате одлична графика за видео материјали.

PhotoImpact е достапен за цена од 29,99 $.

 

13. Autodesk 3ds Max

Autodesk 3ds Max е феноменална алатка која заразлика од останатите, може да се каже дека воопшто не е лесна за употреба. Овој софтвер е комплексен и зачудувачки се неговите можности. Ова е софтвер наменет за 3Д моделирање, рендерирање и анимација на ликови, објекти, карактери, средини, фигури итн, кои можат да се вметнат во секаков вид на дизајн. Можат да се вметнат во филмови, анимирани филмови, реклами, апликации, игри, архитектура итн…

Тој е дел од колекцијата на алатки за дизајнирање на Autodesk. Овој софтвер е многу популарен меѓу уметниците и професионалците кои креираат филмски и телевизиски визуелни ефекти, најразлични реалистични игри, итн…Како што напомнавме овој софтвер може да се најде во градежништвото и производствениот сектор каде што можете да креирате 3Д средини, скици, планови, реконструкции, објекти, итн…  Она што е неверојатно, е неговата способност за 3Д рендерирање  што вклучува симулација на поставување на вистинска камера.

Цената на овој софтвер е повисока од останатите на оваа листа и е достапен во различни пакети, почнувајќи од 185 $ месечно.

 

14. PaintTool SAI

PaintTool SAI е платформа за сликање и за креирање на илустрирани ликови како што се во аниме цртаните филмови. Алатките и функциите се навистина солидни и можат да им парираат на другите софтвери од оваа област. PaintTool SAI има далеку полесен и подобар интерфејс за употреба заразлика од другите. Овој софтвер може да се користи на таблет, мобилен уред и на десктоп компјутер.

Алатките за цртање на платформата ги минимизира дисторзиите на сликата дури и кога се користат слики со ниска резолуција. Има различни современи и напредни алатки кои ви овозможуваат напредно контролирање и користење на обични и напредни палети со боја, промена на нивоата на сатурација на бојата, во зависност од тоа каква сакате да биде крајната слика, напредно одстранување и репарирање на делови од дадена слика и комбинирање на повеќе слики во една.

Systemax PaintTool SAI може да се купи по цена од 47.57$ за единечна лиценца. По купувањето ви пристигнува лиценцата во форма на дигитален сертификат.

 

15. Fotor

Моќен онлајн едитор на слики, Fotor е наменет за професионални и рекреативни фотографи. Овој софтвер овозможува лесно користење на филтри, ефекти и нуди напредно уредување на слики. Фотор ви овозможува да ја максимизирате вашата креативност и да постигнете одлични резултати без да имате потреба од напредно знаење или пак од вештини во областа на графичкиот дизајн.

Со Fotor, лесно можете да ги подобрите вашите слики со корегирање на осветленоста, контрастот и сатурацијата. Исто така можете да ги сечете вашите слики, да ги изострите, ротирате, замаглите, додадете текст или да ги одстраните црвените дамки од очите од некои слики. Корисниците велат дека софтверот е прилично лесен за употреба.

Основната верзија на овој онлајн софтвер доаѓа бесплатно, додека Fotor Pro доаѓа за 8,99 $ месечно или годишна претплата по цена од 3,33 $ месечно.

Izrabotuvame se vo oblasta na Graficki dizajn, Изработуваме се во областа на Графички Дизајн

Да резимираме

Ова се 15 најдобри алатки кои дизајнерите ширум светот секојдневно ги употребуваат. Не можеме да ви кажеме кои се најдобрите на оваа листа, но можеме да ви кажеме дека наши фаворити се алатките од колекцијата Adobe Creative Cloud. Се надеваме дека ви се допадна оваа листа. Меѓу овие напредни софтвери ќе најдете некои кои нема да ви се допаѓаат, но сигурни сме и дека ќе ги пронајдете алатките кои нема да сакате да ги промените до крај на вашиот живот. 

 

Модерно МЕНИ за вашиот локал

Naracajte moderni menija za vasiot lokal, Нарачајте модерни менија за вашиот локал

Уникатен и модерен дизајн на менијата со исхрана и со пијалоци се одличен начин да го задржите вниманието на вашите клиенти.

Ресторани, пабови и други слични типови на локали се одлично место за луѓето да го поминуваат своето време со семејството и пријателите. Уникатен дизајн на менијата за исхрана и за пијалоци се одличен начин да го задржите вниманието на потрошувачите.

Една од главните компоненти на локалите се менијата. Добриот или лошиот дизајн на мени ќе го остави првиот впечаток кај клиентите, а сите знаеме дека првиот впечаток е навистина важен. Затоа треба да се потрудиме да имаме впечатлив дизајн кој ќе го задржи вниманието на клиентите и ќе зрачи со ексклузивност, префинетост и сериозност. Со помош на креативен дизајн локалот може да примами повеќе клиенти во блиска иднина.

Треба да се обрне внимание на повеќе детали при креирањето на менито. Дизајнот треба да биде уникатен и да биде составен од убаво искомпонирани бои и правилна распореденост на елементи. Освен тоа, дизајнот треба да биде во согласност со тематиката на локалот.

Еве неколку совети за создавање на уникатен дизајн на менија


1. Запознајте
ја вашата конкуренција

Пред да се одлучите да искреирате дизајн за вашето мени, запознајте се со конкуренцијата околу вас и со сето она што тие го нудат. Треба да ги споредите нивните менија и да дознаете кои уникатни карактеристики тие ги имаат. Главната цел е да се создаде дизајн кој ќе изгледа различно од оној на вашите конкуренти.

Немојте да се обидувате да ги имитирате дизајните на менијата на вашите конкуренти. Ова ќе остави лош впечаток кај посетителите кои можеби тоа ќе го приметат.

 

2. Ставете го вашето лого смело на врвот

Логото на вашиот ресторан мора да се појави веднаш на врвот на вашето мени. Идеално би било да биде позиционирано на средина или во горниот лев ќош. Логото е симбол кој визуелно ја претставува сериозноста на вашиот локал. Професионално лого кое е модерно зборува позитивно за вашиот бизнис и услугите на вашиот локал, а визуелно не привлечно лого посетителите можат да го поистоветат со сиромашен дизајн и може сериозно да му наштети на вашиот бизнис. Затоа е навистина важно да имате привлечно и модерно лого кое ќе го зграпчи вниманието на посетителите.

Доколку ви е потребен дизајн на лого кој ќе остане запаметен од страна на посетителите, контактирајте не тука: Лого дизајн)

 

3. Искреирајте импресивен распоред

Откако добро ги запознавте вашите конкуренти, сега е време да направите подобар дизајн на мени од нивното. Секако тоа не би можеле сами и би ви било потребно помош од страна на графички дизајнер околу техничкиот дел, но корисно е да ги знаете сите овие информации кога се работи за ваква клучна работа бидејќи не се сите дизајнери квалитетни, па можеби ќе треба малку поконктретно и подетално да им објасните што всушност ви е потребно.

Изгледот на менито треба јасно да им каже на клиентите за услугите и специјалитетите кои ги нуди ресторанот. Дизајнот може да биде едноставен, но доколку е се на право место и изгледа привлечно тогаш ќе се изненадите од реакциите на вашите потрошувачи.

 

4. Внимателно избирајте бои и фонтови

Голем дел од успехот на дизајнот на вашето мени зависи од тоа кои бои и фонтови ќе ги употребите. Овие два елементи треба да ја одразуваат главната тема на вашиот локал. На пример, ресторан со мексикански теми обично има живописни бои како што се виолетова, црвена и зелена боја. Значи, користете бои кои ја дефинираат тематиката на вашиот локал.

Слично на тоа, фонтовите исто така ја рефлектираат типот на услугата што ја нудите. Спортски бар може да има фонт кој одразува лабава средина. Значи, грижете се за вашите бои и фонтови, а тоа ќе им се допадне на вашите клиенти.

Ако водите локал со специфична тематика, тогаш користете бои кои се веќе имплементирани во вашиот бренд, лого, идентитет. Кога луѓето ќе влезат во вашиот локал и ќе погледнат во менито, веднаш да можат да се поврзат со темата.

 

5. Поделете ги менијата во уредни секции

Треба да напоменеме дека прехранбените производи треба да бидат претставени на пријателски, јасен и топол начин. Ова значи дека клиентот веднаш треба да знае каде се наоѓа делот за главно јадење, делот за салати, за чорби итн…Доколку клиентот има потешкотии да го пронајде она што му е важно во менито, тогаш доста големи се шансите следен пат да не се врати повторно.  Користете секции, задебелени наслови и граници за да ги нагласите вашите специјалитети и услуги. Можете да употребувате и трикови… Побарајте од графичкиот дизајнер кој ќе ви ги изработува менијата да стави ѕвездички до некои јадења, како препорака од готвачот.

Printani i Digitalni dizajni za vasiot biznis, Принтани и Дигитални дизајни за вашиот бизнис

Не заборавајте, доколку ви е потребна помош, совет или пак имате некое конкретно прашање, секогаш сме тука за вас.

Избегнувајте додавање на повеќе од две колони во менијата. Со додавање на повеќе колони, менито може да ви изгледа како мини-весник. Не додавајте премногу слики во позадина, бидејќи ќе го затрупаат ограничениот простор и ќе ги направат менијата тешки за читање.

 

6. Обрнете внимание на описите

Напишете убаво срочен пасус кој го објаснува јадењето. Можете дури и да елаборирате кога ги опишувате главните карактеристики и вкусот на одредено јадење. Дајте му етничко име доколку јадењето го има. На пример, опишете го вашето пилешко месо како пилешко прелиено со прекрасен прелив од зачинети домати. Ваков тип на опис носи возбудлива помисла во умот на клиентите.

Можете дури и да додадете некои детали за потеклото на јадењето и локалната историја. Но, имајте во предвид дека описот не смее да биде предолг. Само настојувајте да ја зголемите љубопитноста на вашите клиенти за јадењата кои ги нудите.

 

7. Направете ги главните јадења и услуги видливи

Дизајнот на вашето мени треба да ги потенцира вашите главни јадења и услуги на посебен начин. Ова е вашиот сопствен начин да ги промовирате вашите најпродавани јадења. Најдобар начин да ги убедите луѓето за да го посетат вашиот ресторан е преку промоција на јадењата и услугите кои ги нудите.

Потенцирајте ги вашите најбарани и најпродавани јадења во менито во посебен дел, кој ќе биде лесно читлив. Секоја категорија од вашето мени треба да има потенцирани производи, така што клиентите ќе можат веднаш да ги забележат.

 

8. Употребувајте симболи

Досега се покажа дека употребата на симболи како графички додаток е добра идеа кога станува збор за привлекување на вниманието на посетителите. Доколку симболите паметно се употребуваат, можат да ја зголемат естетската вредност на менијата. На пример, можете да оцените некое јадење од менито според квалитет и популарност со користење на ѕвездички. можете да користите симболи за да им помогнете на клиентите да разберат дали некое јадење е вегетеријанско или не е.  Ова е креативен и интересен начин да се дизајнира мени.

 

9. Не ги потенцирајте цените

Избегнувајте да ги потенцирате цените на јадењето. Целта на менито е да се истакне она што вие го нудите, а не по која цена. Не пишувајте дека јадењата се евтини. Би било добро доколку го намалите фонтот на цените на производите. Цените во менито треба да бидат или иста големина со описот или пак уште помали.

 

10. Користете квалитетни слики

Менијата треба да бидат составени исклучиво од квалитетни и избрани слики. Посетителите креираат мислење за производот врз основа на сликите кои ќе ги употребите. Ангажирајте професионален фотограф и напрајте ексклузивни слики од вашите јадења. Не превзимајте слики од туѓи јадења на интернет, ваквите слики се клише и верувајте не креираат добра слика кај посетителите, поготово доколку посетителите ги препознаат сликите кои ги имате преземено од интернет.

Менијата треба да имаат различни слики. Зголемете и потенцирајте ги најдобрите слики. Можете да ги распоредите сликите по секции за да изгледаат уште подобро. Најдобро би било секое јадење да има свој опис и своја сликичка, а на тој начин посетителите би виделе што нарачуваат.

 

11. Разбијте монотонија

Немојте да го направите вашето мени монотоно. Не сакате клиентот да биде рамнодушен од она што го гледа. Запаметете, квалитетниот дизајн ПРОДАВА. На пример, доколку имате три едноставни колони, тоа не е естетски привлечно. Пресечете ги колоните на половина или пак направете разигран распоред на елементите. Потенцирајте одредени секции преку различни бои, форми, слики итн… Вметнете цртани фигури, симболи кои ќе изгледаат убаво и ќе им помогнат на клиентите да се снајдат подобро. Користете различни бои, различна големина на фонтотови итн…

Izrabotuvame se vo oblasta na Graficki dizajn, Изработуваме се во областа на Графички Дизајн

 

Овие совети сигурно ќе ви помогнат за да искреирате импресивен дизајн на мени кој загарантирано ќе ви ја зголеми продажбата. Доколку се грижите околку пронаоѓање на графички дизајнери кои знаат да наплаќаат премногу, а и не можете да бидете сигурни во нивниот квалитет, не очајувајте, тука сме ние. Арт Дизајн Студио ќе се погрижи за вашите потреби и ќе ги искреира вашите идеи онака како што ги имате замислено.

McDonald’s лого – Како е создадено

Istorijat i sozdavanje na logoto na McDonald's, Историјат и создавање на логото на Мекдоналдс

Логото на Мекдоналдс помина низ многу промени во текот на својата историја. Логото беше само едноставна скица на готвач во црно бела варијанта во 1940 година. Сега е трансформирано во едно од најпрепознатливите логоа во светот.

Мекдоналдс е врвен глобален бренд и постојано е рангиран високо заедно со некои од најпопуларните светски синџири за брза исхрана, со неколку франшизи кои успешно работат во речиси секоја земја, секако освен во нашата 🙂 . Логото на Мекдоналс претставува синоним за љубовта на Америка кон хамбургерите, помфритот и сладоледите.

Приказната за сегашниот дизајн на логото на Мекдоналдс е навистина интересна и со многу истражување околу историјатот на создавањето на логото, денес ви ја претставуваме оваа статија каде што ќе ги видите сите претходни верзии..

 

Намигнување на дебелиот готвач

Мекдоналдс е создадено од браќата Ричард и Морис Мекдоналдс во Сан Бернардина, Калифорнија во 1940 година. Во тоа време, скара и хамбургери биле единствените специјалитети на Мекдоналдс.

 

Во релативно краток временски период од осум години, тие ја совладале уметноста за служење на вкусни деликатеси за кратко време. Тие успешно го популаризираат нивниот “Speeder Service System”

 

Познатите Златни лакови

Во 1952 година, браќата МекДоналдс го ангажирале дизјанерот Џорџ Декстер, за да се вклучат во дизајнот на логото два огромни златни (жолти) лакови од двете страни на зградата. Кога се гледа од агол, овие жолти лакови/сводови личат на буквата “М”. Сепак, овие “златни лакови” конечно беа додадени во корпоративното лого на Мекдоналдс кога Реј Кроч ја купи компанијата во 1961 година.

Џим Шиндлер, шеф на одделот на инжинери во “Мекдоналдс”, ја додаде линијата која се протега низ лаковите во логото “М”, во обид да го симболизира покривот на продавницата. Ова е одкако Мекдоналдс го доби своето ново лого “Златен Арх”.

 

Измени во “Златните лакови”

До 70-тите, “Златните лакови” станаа препознатливи и помогнаа на компанијата да стане еден од најбараните и најпознатите брендови. Од тогаш па се до 2010 година дизајнот на логото  беше подложен на неколку редизајнирања.

Помеѓу 1975 и 2006 година, популарниот дизајн на логото беше врамен со цврст црвен правоаголник, а помеѓу 1992 и 2009 година “Златните лакови” добија посветла боја. Во меѓувреме во овој период се појави и верзија на “Златните Арки” со сенка, која исто така беше дел од брендот на компанијата одреден период.

 

Верзија на логото ‘I’m Lovin’ It’

Популарната девиза на Мекдоналдс ‘I’m Lovin’ It’  настапи по рекламната кампања на Мекдоналдс, создадена од Heye & Partner GmbH во 2003 година и се покажа феноменална во Германија, Велика Британија, Австралија и САД.

Оваа рекламна кампања беше толку многу успешна што направи корпорацијата “Мекдоналдс” да ги прегрне “Златните лакови” заедно со девизата ‘I’m Lovin’ It’  како свое официјално корпоративно лого. Оттогаш, логото на компанијата стана една од најпознатите иконите во историјата на сите логоа на Мекдоналдс.

Со ваков моќен лого дизајн, McDonald’s сигурно ќе го одбележи својот понатамошен раст многу наредни децении. Доколку барате дизајн на лого кој ќе ја направи вашата компанија да остане запаметена, контактирајте не тука.

 

Еве некои главни карактеристики на едно лого кое ќе им помогне на бизнисите на повеќе начини

 

1. Се работи за едноставен дизајн

Клучна карактеристика на светските лого дизајни е едноставноста. Земете го за пример логото на Мекдоналдс. Компанијата ги елиминираше сите непотребни елементи во дизајнот на логото во текот на годините. Логото беше гломазен црно-бел дизајн на почетокот на создавањето на компанијата, но постепено се усовршуваше. Дури и трите арки беа малку невкусно пренатрупани, а сега се поедноставени со едноставен жолт лак.

Printani i Digitalni dizajni za vasiot biznis, Принтани и Дигитални дизајни за вашиот бизнис

Значи, осигурајте се дека дизајнот на вашето лого нема непотребно и нерамномерно распоредено линии, форми, бои и букви. Логото на Nike е уште еден инспиративен и едноставен дизајн.

 

2. Употреба на една или две бои

Повеќето моќни логоа на пазарот содржат само една до две бои. Целта на боите во логото е да ги поттикне правилните чувства на гледачите, кои ни се целни клиенти. Овие чувства потоа се трансформираат во порака на компанијата. Затоа, проверете го вашето лого од колку бои е составено и дали ги исполнува критериумите кои ги набројавме во оваа статија. На овој начин, вашата порака ќе биде јасна на гледачите.

 

3. Употребување на еден фонт

Друга важна карактеристика на едно препознатливо лого е тоа што е направено од еден тип на фонт. На пример, Мекдоналдс користи еден тип на фонт во нивното лого. Тоа го прави логото препознатливо и пријатно. Запомнете дека треба да изберете фонт во зависност од карактерот на компанијата.

Фонтот sans-serif  треба да се користи кога компанијата сака да искреира пријателски и неформален имиџ. А “serif” фонтот треба да се употребува кога сликата на брендот треба да биде професионална и формална за одредена работа или услуга. На пример, логото на адвокатска фирма може да биде креирано со “serif” фонтови за да ја изрази формалната  средина компанијата.

 

4. Пренесете порака

Познатите логоа јасно пренесуваат одредена порака. Кога луѓето го гледаат таквото лого, веднаш се привлечени од страна на неговиот дизајн. Ова значи дека ја добиле пораката. На логото “Nike” дизајнот емитира порака дека компанијата прави неверојатни чевли за спортистите. Лаковите на логото на Мекдоналд емитираат порака дека компанијата прави квалитетна брза храна.

Искусен Графички Дизајнер вметнува квалитетни фонтови и одбрани бои за да достави одредена бренд порака. Прво запознајте ја вашата порака, потоа изберете вистински начин како да го изградите брендот преку вашето лого.

Ова се клучните фактори кои треба да ги запазите кога го дизајнирате вашето лого. Осигурајте се дека логото е уникатно. Искреирајте инспиративен дизајн за да осигурате траен впечаток кај гледачите.

 

Лого за вашиот бизнис

Доколку ви е потребен незаборавен Лого дизајн за вашиот бизнис, Арт Дизајн Студио е вистинската компанија за вас. Ќе добиете неколку креативни лого концепти за прифатлива цена. Контактирајте не.

Izrabotuvame se vo oblasta na Graficki dizajn, Изработуваме се во областа на Графички Дизајн

Топ 17 дизајни за пакување на храна

Top 17 dizajni za pakuvanje na hrana, Топ 17 дизајни за пакување на храна

Без оглед на тоа во која индустрија сте, Дизајнот е насекаде каде што ќе погледнете, вклучувајќи го и пакувањето на храната. Многу е важно дизајнот на пакувањето да биде привлечен и веднаш воочлив, бидејќи така се креира бренд, име, слика за одреден производ. Иновативен дизајн на пакување на храна ви овозможува точно да знаете што има внатре во теглата гледајќи ја само  етикетата. Одличен дизајн е оној кој е функционален и изгледа одлично.

Пакувањето на призводот игра многу важна улога кога станува збор за разликување на вашиот производ од останатите слични производи. Осигурајте се дека дизајнот на вашиот производ е во согласност со вашиот бренд. Бојата, големината, формата и материјалите што се користат во вашето пакување мора да бидат во согласност со идентитетот на вашата компанија.

Во прилог можете да погледнете навистина интересни и креативни пакувања на производи кои се разликуваат од останатите.

 

1. Картонот на млекото менува боја кога е близу до истек на датумот на употреба

На овој начин вие сте предупредени каков производ купувате. Многу пати се случува да купите производ со истечен рок бидејќи не сте го забележале во продавницата. Со ова пакување не можете да направите таква грешка. Исто така кога станува збор за дизајн за ваков тип на производи ве советуваме да користите нежни бои како што е сината, бидејќи таа симболизира мир, спокој, сигурност… Додека пак црвената и портокаловата симболизираат опасност, предупредување итн…

 

2. ToGo Burger

Меѓу нај креативните и нај практичните амбалажни дизајни се најде и дизајнот на “TOGO Burger”. “Seulbi Kim” минатата година беше награден во “Core77 Design Awards” за креирање на оваа иновативна амбалажа за храна. Ким го претстави пакетот “to-go” кој е навистина погоден и практичен за корисниците, бидејќи пакетот користи помалку хартија од просекот и го намалува нередот за лесно пренесување и транспорт на храната.

3. Jif Lemon Juice

Ова е еден од единствените производи кои амбалажата е направена од пластика но изгледа идентично како лимон. Површината на амбалажата е покриена со кора од лимон за да биде супер реална на допир.

 

4. Кесички со чај во форма на златна рипка

Чајната кесичка е исечена во форма на златна рипка. Обликот на златна рипка почнува да се формира кога чајната кесичка се става во топла вода. Овој уникатен и иновативен дизајн дизајн прави да се забавувате додека го пиете чајот. Со ваков дизајн компанијата загарантирано ќе го одвлече вашето внимание и нема лесно да остане заборавена.

 

5. Тестенини Никита Пакување

Дизајнерската агенција Никита креативно го употреби обликот на шпагетите за да создаде привлечна и фасцинантна серија на пакување за тестенини кои го привлекуваат вниманието на полиците во супермаркетите. Квалитетен и креативен дизајн навистина може неверојатно да влијае врз продажбата на вашиот производ.

 

6. “Molocow” Млеко

Интересен и забавен дизајн креиран од страна на компанијата “Imedia”, кој навистина им се допаѓа на децата. Овој интересен дизајн всушност наликува на НЛО објект кој преку зрак светлина подига и киднапира крави. Самиот триаголнест облик на стакленото шише наликува на зрак светлина.

 

7. Цветни кесички за чај

Компанијата за производство на чај именувана како “Samova” излезе со иновативен производ за чај. Кога ќе ставте чајна кесичка во топла вода и одкако ќе одстои одредено време, таа полека се формира во оригами цвет кој изгледа прекрасно. Интересен и иновативен дизајн кој дефинитивно заслужува пофалба.

 

8. Пакување на мед направен од восок од пчели

Оваа компанија за правење на мед се фокусира пакувањето да биде 100% направено од восок од пчели за подоцна да може да биде изгорено како свеќа, а тоа го прави да биде пријателски настроено кон природната средина. Оваа компанија е насочена кон оние потрошувачи кои се свесни за околината околу нив, а пак таквите потрошувачи уште повеќе го ценат овој производ поради таа причина.

Printani i Digitalni dizajni za vasiot biznis, Принтани и Дигитални дизајни за вашиот бизнис

9. Пакување за пржени компирчина со џебче за кечап

Пакување за помфрит со мало џебче за кечап од предната страна креирано од “Dong Jiang-uestc, Zhongshan”, институтот е победник во категоријата дизајн на пакување, 2016-2017 година. Малото џебче на предната страна служи за да го исцедите пакетчето со кечап во него, наместо на нехигиенската хартиена подлога. Луѓето секогаш сакаат да го истискаат пакувањето со кечап а потоа да си земаат од него директно со нивниот помфрит. Ова идејно решение заслужува пофалби.

 

10. Пакување на јајца изработено од сено

Одржливо пакување за јајца изработено од сено кое со помош на топлина се ообликува во класично пакување за јајца. Овој тип на пакување овозможува меко лежиште на јајцето, па дури и значително го намалува ризикот за кршење на јајцата при пад и удар. Притоа пакувањето е направено од природни материјали и не ја загадува природната средина.

 

11. Пакување на чипс кое се претвора во чинија

Блум Чипс е интересно пакување кое при отварање се шири и создава своја чинија. Концептот “Блум чипс” освои награда “Црвена точка” за нејзината забележлива уметност и беше дизајниран од дизајнерот Дојхук Квон. Дизјанерот уживал во пакување на чипс Pringles, кога забележал дека при крајот на пакувањето нивото на чипсот опаднало до ниво каде што не можел да го дофати со своите прсти. Па затоа се решил да направи подобрено пакување каде што потрошувачите не би имале таков проблем.  Идејата е толку зачудувачка и прекрасна што навистина заслужува да биде наградена.

 

12. Пакување кое може да се јаде

“KFC” во моментов експериментира со една идеја каде што ви служат пијалок во чаша која што по завршувањето можете да ја изедете. Чашата е направена од состојки кои се јадат, како на пример: шекерни подлоги, бело чоколадо…Овој тип на дизајн ќе биде одличен за сите оние кои се залагаат за почиста природна средина.

 

13. 6 порции Италијански шпагети

Овој атрактивен и визуелно привлечен дизајн на шпагети е креиран од дизајнерот Нил Флечер. Постојат многу начини за мерење на количина на шпагети, но никогаш не би можеле да ја измерите како што би била измерена при самото пакување. Овој дизајн содржи 6 еднакви порции во него. Пакувањето е пријателски настроено кон животната средина и наместо да го фрлите би можеле и понатаму да го употребувате за мерка во вашата кујна.

 

14. Пакување на пуканки

Визуелно прекрасен дизајн кој навистина ве примамува да го купите. Оваа компанија ја раскажува нивната приказна, како и на кој начин успеале да го создадат прекрасниот вкус на пуканките на самото пакување, а со тоа и креираат близина со нивните потрошувачи.

 

15. Чоколади во форма на боја за цртање

Дизајнот на пакувањето е креиран од страна на графичкиот дизајнер “Nendo” за компанијата “Seibu” во Јапонија. Навистина изгледа како колекција на маслени бои, Но, овие “бои” се навистина прекрасни за јадење и ви даваат детско чувство на возбуда при отворање ново пакување со бои. Пакувањето содржи чоколади во форма на туби со боја, навистина е тешко за препознавање дека навистина се работи за чоколадо.

 

16. Шишиња за маслиново масло “Callegari”

Тоа е Шпански производ дизајниран од страна на фирмата “Pereira and O’Dell”. Овој дизајн е прекрасен и луксузен и навистина прилега на самиот производот. Тимот создаде неколку пакувања со шпански мотив, вклучувајќи шише што наликува на капка масло. Пакувањето дава вибрација на екстремно луксузен и елегантен производ, а не само на обично шише со маслиново масло.

 

17. Кутии за храна Briaura Artisan Foods

Пакувањето вклучува микс од смеса за правење на различни јадења кое не содржи никакви ГМО состојки. Дизајнот е топол, пријатен и дава емоција на традиционална Италианска кујна.

Заклучок

Ние сме сигурни дека после оваа статија ќе имате инспирација и покреативни идеи за да искреирате подобар дизајн за вашите производи. Можете секогаш да искреирате дизајн и да се консултирате со професионални Графички дизајнери во нашата компанија или пак слободно можете да дојдете во Арт Дизајн студио па заедно да најдеме идејно решение за вашиот производ.

Izrabotuvame se vo oblasta na Graficki dizajn, Изработуваме се во областа на Графички Дизајн

 

БЕСПЛАТНО

Со секое нарачување на нова Веб Страница нудиме БЕСПЛАТЕН хостинг план и домен. Промоцијата трае до крајот на јануари 2021 година.