Израбоуваме 7 видови на логоа

Izrabotuvame 7 tipovi na logoa, Изработуваме 7 типови на логоа

Логоата се дел од секојдневниот живот. Ги гледате на вашиот фрижидер кога треба да направите појадок, на вашиот автомобил кога возите накај работа, на вашиот компјутер кога ќе седнете на вашата работна маса…

Кога е нешто толку широко употребувано и го гледате секојдневно, не обрнувате многу внимание. Но логоата (и нивниот дизајн) се всушност многу покомплексни отколку што повеќето луѓе разбираат.

Постојат седум видови на логоа. Секој вид има уникатни предности, па затоа вреди да одвоите време да размислите каков вид на лого ви е потребен пред да го нарачате вашиот дизајн. Вашиот дизајн можете да го нарачате тука: Графички дизајн. Сега ќе ги погледнете сите 7 видови на логоа за да можете да одлучите кое највеќе ќе ви одговара.

1. Амблеми

Амблемите се најстарата форма на лого, кои исто така се познати како печати. Луѓето ги користеле дури и од средниот век, ако не и порано.

Амблем е вид на лого кое вклучува текст во внатрешноста на симболот. Тоа е класичен изглед кој му дава на вашето лого традиционален квалитет. Затоа честопати ќе видите како ги користат училиштата и владините агенции. На овој начин зрачат со топлина и професионалност.

Амблемите често пати имаат повеќе детали, заразлика од другите видови на логоа. Меѓутоа ова не е правило. Логото на Харли Дејвидсон е многу едноставен концепт, со едноставен издолжен фонт.

Кога треба да изберете амблем?

  • Вашиот бренд треба да пренесе чувство на традиција, долговечност и професионалност.
  • Потребно ви е лого кое ќе зрачи со стабилност.

Кога треба да избегнете амблем?

  • Понекогаш големината на вашето лого ќе треба да се намали. Амблемите не изгледаат добро кога се со мала димензија и тешко можат да се прочитаат.
2. Логотипи

Исто така познат како “Wordmark” , логотип е вид на лого кое е изградено целосно од зборот или зборовите кои го сочинуваат името на компанијата. Во овој случај, главниот фокус е типографијата, очигледно. Ваквиот стил на лого силно го поврзува визуелниот идентитет на брендот со името на компанијата.

Поради ова, внимателно треба да се избере или создаде уникатен фонт. Формата, стилот и бојата на зборовите пренесуваат речиси исто толку значење колку што и самите зборови. Ова е уште поважно доколку името на вашата компанија е некој рандом збор, како и на многу компании во денешницата – Во оваа ситуација Google е најистакнат пример.

Логото на Google е влијателно, бидејќи фонтот е едноставен и елегантен – како и нивните производи, но е составено од многу бои. Различните бои претставуваат разновидност, разиграност, позитива и пријателски влијае кон корисниците. Во оваа ситуација боите одлично се вклопуваат со пристапот на Google. Google сака нивните производи да се користат глобално и да не ги заплашат новите корисници.

Кога треба да изберете логотип?

  • Вие сте нова компанија која сака своето има и својот бренд позитивно да го пласира меѓу потрошувачите.
  • Вашата компанија има кратко име кое нема да изгледа преголемо кога ќе го употребите како ваше официјално лого.
  • Логотипите помагаат да се зајакне врската помеѓу визуелната меморија и препознавањето на името на компанијата.

Кога треба да избегнете логотип?

  • Верувајте ни дека не сакате редовно да го менувате вашето лого. Фонтовите ги следат трендовите. Хелветика може да биде тренди овие денови, но за неколку години, вашето лого може да изгледа како да е креирано во 2000 година. Дури и Гугл и Кока Кола постојано ги менуваат своите логоа, и се во постојан тек со моменталните трендови.
  • Доколку името на вашата компанија е навистина долго.
3. Монограмски логоа

Монограмските логоа повеќе не се употребуваат само за крпи и пешкири. Важно е дали од иницијалите на името на вашата компанија може да се направи интересен збор, како што е “Minnesota Mining and Manufacturing”  (попознат како 3M). Речиси секогаш може да се направи интересна комбинација од иницијалите на некоја компанија. Само е потребно графичкиот дизајнер да биде креативен, сепак тоа е она што го работи најдобро. Доколку мислите дека од името на вашата компанија може да се направи монограмско лого, тогаш не размислувајте се воопшто.

Овој вид на лого го прави името на вашата компанија да се запамети полесно. Земето го HBO за пример. Сигурно името на овие телевизиски канали преферирате да ги изговарате HBO, наместо Home Box Office. Доколку сакате да постигнете ваков ефект кај вашите клиенти тогаш монограмско лого е идеално за вас.

Повторно, типографијата и фонтот се клучни кај овој вид. Многу познати брендови имаат ваков тип на лого (Луј Витон, Шанел, Гучи) и верувајте, веднаш ќе ги препознаете овие брендови одкако ќе ги видите нивните монограмски логоа.

Кога треба да изберете монограм?

  • Сакате да искреирате врска помеѓу вашето име и визуелниот идентитет на вашата компанија, но имате навистина долго име.
  • Вие сте во индустрија каде што користење на скратено име (иницијали) е вообичаен процес.

Кога треба да избегнете монограм?

  • Ти си нова компанија која сеуште не е многу позната на пазарот. Во овој случај сеуште можете да користите иницијали, но препорачливо е да го вклучите и вашето полно име во продолжение, се додека не стекнете одредена репутација.
4. Бренд лого

Ова е вид на лого во кое името на компанијата треба да е естетски искомбинирано со препознатлива слика/икона од вашата компанија. Сликата која ќе ја изберете за да биде во склоп со вашето лого, мора да биде икона/илустрација, за просечниот клиент кога ќе ја види да може да ја запамети и следниот пат да може лесно да го препознае вашиот бренд. Погледнете ги погоре ваквиот тип на логоа и искористете ги за пример според кој треба да се водите.

Размислете, логото на Старбакс најпрвин беше креирано како амблем, но сега е едноставен цртеж на сирена. За некој компании ваквиот тип на лого е предизвик и сакаат да бидат препознатливи на овој начин. Размислете внимателно дали овој вид на лого одговара на вашиот бренд и не двоумете да нарачате дизајн што ќе го подигне вашиот бренд на повисоко ниво.

Кога треба да изберете Бренд лого?

  • Ваквиот вид на лого е лесно впечатлив во очите на потрошувачите.
  • Сакате да создадете емоција на квалитетен бренд кој би бил лесно препознатлив и ќе го одсликува идентитетот на вашата компанија.

Кога може да избегнете Бренд лого?

  • Сакате да се изгледате како традиционална компанија со стандардно лого. Постои можност овој вид на лого несериозно да биде сватен од страна на потрошувачите, но ова не е правило.
  • Ваквиот тип на лого не одговара на било каква компанија.
5. Апстрактно лого

Овој тип на лого се користи кога сакате да искористите слика/фигура и не сакате да бидете ограничени околу неговото толкување. Можете да искреирате апстрактно лого кое ќе го натера корисникот да се размисли околу неговото значење. Ова може да биде тешка задача, бидејќи нема сите да го толкуваат логото на ист начин. Предноста со ваквиот тип на лого е тоа што ќе бидете уникатни.

Никој друг нема да има лого како вашето, а тоа е одлично бидејќи ќе бидете различни од сите останати. Земете го за пример логото на Најк: Тоа е брзо, динамично и дава чувство на движење и енергија. Не треба да го прочитате зборот Најк за да го препознаете брендот кој стои зад логото. И дури доколку не сте запознаени со брендот, одприлика веќе знаете дека логото зрачи со одредена динамика.

Кога треба да изберете апстрактно лого?

  • Потребно ви е модерно лого и сакате да искреирате одредена вибрација за вашиот бренд.
  • Сакате навистина уникатно лого.

Кога треба да избегнете апстрактно лого?

  • Уште немате искреирано идентитет за вашата компанија. Уште не знаете каква емоција сакате да им пренесете на вашите корисници.
6. Лого со маскота

Овој тип многу се разликува од другите типови на логоа и преставува илустрација на одредена личност (или, барем, антропоморфизиран карактер). Како човечки суштества, визуелно сме привлечени да гледаме друг човечки карактер (дури и ако е во прашање цртан лик). Логоата со маскота се многу флексибилни, бидејќи цртаните ликови употребени во логото можат да имаат различни изрази и репрезентации во зависност од контекстот. Ваквиот тип на логоа најчесто се користат кај спортските тимови, сервисни компании и брендови за храна, бидејќи на тој начин се зближуваат со потенцијалните поддржувачи и потрошувачи.

Кога треба да изберете лого со маскота?

  • Сакате вашиот бренд да им се допадне на семејните групи.
  • Вашиот бренд ќе биде забавен, пријателски и позитивно настроен.
  • Сакате флексибилно лого кое може да расте заедно со вашата компанија и да се користи на различни начини.

Кога треба да избегнете лого со маскота?

  • Вашето лого може да биде премногу пријателски настроено. Пријателски до тој степен што со тек на време ќе почне да емитира вибрација на несериозност.
7. Комбинирани логоа

Не морате да изберете само еден тип на лого. Можете да направите комбинација од повеќе типови (комбинација од горенаведените типови). Можете да искомбинирате лого со маскота и монограм во кое ќе вградите и сегменти од апстрактно лого. Размислете за логото на компанијата Dove – компанијата користи бренд лого (гулаб) во комбинација со текст со прекрасен фонт (Dove). Сите производи на Dove го носат ова лого.

Дали комбинираното лого е вистинскиот избор за вашиот бренд? Доколку сакате вашето лого да содржи некоја слика или икона, но чуствувате дека сакате да имате и вметнат текст со некоја кратка фраза, тогаш одговорот е ДА! Доколку сакате флексибилно лого кое може да се прилагоди во различни ситуации, повторно одговорот е да. Ние мислиме дека комбинираните логоа се одлична опција за новите брендови.

Кога треба да изберете комбинирани логоа?

  • Сакате да направите комбинација од повеќе типови.
  • Сакате лого кое може да се прилагоди на потребите за вашиот бизнис.

Кога треба да избегнете комбинирани логоа?

  • Вашиот бренд се базира на едноставност. Комбинираните логоа понекогаш можат да бидат повеќе сложени за употреба (за имплементирање на логото на визит карти, веб страница, каталози итн…)
Имате потреба од Графички дизајн?

Нарачувањето на логото е еден од најзабавните делови за отпочнување на бизнис. Ослободете ја вашата креативност и кажете ни ја вашата желба. Нашиот тим потполно ќе ги разбере вашите потреби и ќе му даде живот на вашиот бренд! Нарачајте лого дизајн тука

Scroll to Top